Аман бе луѓе,зашто одма мислите дека некој бара внимание ако каже свое мислење? Па нели е затоа форумот.Btw не гледам никаква зла намера или навреда,едноставно тоа е нејзин став
Се извинувам не сакам да се мешам многу, но нејзиниот пост беше со малку омаловажувачки "тон", во кој не ни посочи зошто смета дека се недостојни да бидат модератори. Сепак треба да им веруваме на админите, сигурно имаат причина зошто ги поставиле дотичните за модератори. Дали од причина - поголема посветеност на форумот, квалитетни постови..не е битно. Важно е секој од нас да проба да придонесе што е можно повеќе за форумот, без посочување на прстот кон другите. Поздрав.
Апсолутно се сложувам со ова. Само што,пак ќе кажам,постот на девојката не го сфатив како омаловажување и посочување кон никого,туку едноставно како искажано сопствено мислење.Нормално дека админите ги избрале модераторите според одредени критетриуми,но секогаш ќе има луѓе на кои тоа им се допаѓа и луѓе накои не им се допаѓа,како впрочем и за било која друга работа во животот.
да но мислам дека кога веќе даниела вели дека не и се допаѓа тоа нека кажи зошто да знаеме сите, инаку според мене постот беше омаложувачки, иако сметам дека не треба багуфче и вајлд да се замараат со тоа
Се согласувам! Коментарите што ги упати Даниела се гледа дека беа провокација, само не ми е јасно со која цел ги постави. Можеше и да се воздржи, и да не се меша кои се поставени за модератори кога и самата изјави дека форумов и е релаксација, а не обврска. За таа цел, ќе ве замолам темата да не се полни со провокаторски мислења кои, што и зошто. Затоа што се пријавиле и ги избрале. И чим Билката мисли дека ќе бидат во ред, треба да и се верува. Во спротивно на кој не му одговара, ниту сам не се погрижил да му биде убаво. Пријатно.
Па добро Оффспринг,тие на кои форумот им е релаксација значи дека не треба да имаат свои мислења,а? И каде видовте провокација??Ти се согласуваш ли со се што ќе се напише на форумот и со мислењата на секоја членка?
Не реков дека оние на кои форумот им е релаксација не треба да имаат свое мислење. Незнам ти како си ме сфатила, ама нема зошто да се буни и да провоцира. Мене ми личи на провокација, веднаш штом го прочитав мислењето заклучив. Имам невиден талент за читање меѓу редови и знам дека провокациите на Даниела се базираат врз основа на нарушени форумски односи. Како и да е, можела да се воздржи. Модераторите се избрани, и таа неможе да превземе ништо во врска со тоа. Тие сами ќе одлучат кога и дали ќе престанат да модерираат, или евентуално Билката. Мислам дека нема повеќе простор за дискусија на оваа тема.
Апсолутно да,многу јасно дека се знае како се избрани модераторите и нема кој што да презема во врска со тоа. Само мислам дека штом веќе списокот е поставен како тема,може и да се коментира
Избраните модератори се пријавија и ги избраа. Нема некој друг посебен критериум за бирање на модератор, незнам зошто така го кажа тоа. Како и да е, на некој му се допаѓа на некој не, а мене исто ми се фаќа дали на некој му сметам.
Само ке кажам дека немам нарушени односи со никој...овој пат погрешно си прочитала меѓу редови!И толку!
И што се закачивте на темава? Никој да не прокоментираше никому ништо. Па не може секој да има позитивно мислење. Нормално ќе се најде некој што не се согласува. Само да се премолчеше, ама баш ништо немаше да биде. Една членка прокоментирала нешто, па голема работа. Многу е важно дали на неа и се свиѓале или не модераторите. Си го искажала своето мислење и немаше потреба од таква дискусија. Од мравка слон. Еееех жени... Ајт.
Нејм, има посебна тема за тоа. Во оваа категорија е, разбуричкај малку. Edit: Ја нема темата, изгледа дека веќе нема потреба од нови модератори.
Браво за новите модератори, сите го заслужија тоа без исклучоци. Сите мислења и коментари им се на место! Браво девојки! Честитки од мене и така да продолжите!
?????? ?? ???????????? ?? ????????? I've noticed bunch of useful stuff here . I like it here I am eager to become the member this forum .
Гледам Angelche е во категоријата Храна и рецепти и ми ја избриша темата Што јадевте/пиевте последно? А баш беше интересна, имаше 6 страни напишани и ќе си пишувавме уште. Не требаше.
^Поради тоа што Реинбоу е нашата најредовна, најактивна и највредна модераторка(Не дека другите не се вредни, да се разбереме ), таа се здоби со функцијата на глобален модератор! Честитки драга!