Јас и верувам на цреша јагода дека не се платени модераторите но се согласувам со кул дека глобалниот модератор зема некој процент (мислам).
Па целата драма ќе ја препуштиме доколку би имало повеќе модератори. Овака топ е за пуканки. Фаќаш сеир, си дел од сеирот и така во круг. Супер си се модераторите, некогаш се срцки, некогаш бог да чува, некогаш ти се преку глава, некогаш ти си им преку глава ... За овој народ, одлични се. Единствено што најмногу ми смета на форумот е тоа што има само опција ми се допаѓа. Па си во ситуација да читаш нешто тажно а да треба да стиснеш ми се допаѓа. Редно е веќе ова да го сменат, ама тоа во друга тема.
Е ај не можете да ме банирате засекогаш. Ќе ми завршите голема работа за да не доаѓам тука. Банирај ме директно, а не со известувања, демек само јас пишувам оф-топик (а не беше). Или па забранете целосно машки да ви доаѓаат и готово.