И јас сум релативно нов член, па до сега никогаш не сум била засегната во таква ситуација да имам впечаток дека некој има повеќе привилегии од мене. Ваквите искази многу ме потсеќаат на ситуации во основно кога некои мислеа дека наставниците ги мразат баш нив.
Ако те потсеќаат на такви ситуации би требало повторно да се вратиш во прво одделение мислам,АМА по новата програма. Јас убаво напишав и очекувам да ми врати одговор некој покомпетентен од вас. Мојот личен став е дека форумот го замислувате како да е е ваша сопственост и тука ги вбројувам речиси сите постари корисници. А засегнатоста ми е што со самите ваши одговори се пронаоѓате во моето прашање. Па нели гледате колку сте дрски?
Види, не може цел форум да не чини а само ти да си арна. Очигледно проблемот не е во форумот. И да има некој што си замислува дека е негова сопственост, едноставно кажи му кај му е местото и готово, колку што тој има право да биде овде толку имаш и ти. Не знам што толку се замарате како прво за форумов, а после и за секој што ќе ви се спротивстави на мислењето.
Не можам да се изначудам како можете да се замарате толку. Па добро бре Бејби-стар, па како и во реалниот живот, така и на форумот, не може сите да не‘ сакаат! Што к*р те боли тебе дали на некој му се допаѓа она што ти го пишуваш, или не? Можеш да се уклучуваш на форумот кога сакаш, да коментираш на која тема сакаш, колку пати сакаш, да искажуваш какви сакаш ставови. Тоа никој не може да ти го забрани. Дали тоа ти личи на форум кој е под нечија сопственост? Едит: охооооооо од ноември дискусијава. Ептен не сум во тек
Ќе речев дека е некоја 1 априлска шега, дека си тераат шеги со одреден дел од модераторите и дека после ќе не вратат пак на "функција", ама пораката со благодарност и изјавата на билката ме предомислија и уверија дека сепак не се работи за шега, па не знам зошто сеуште првото мислење не е редактирано.
Бидејќи Lilit не е веќе модератор, кој е сега задолжен за категоријата Тело, за да знам кај кого да се обратам?
Работат ли нешто модераторите во подфорумот за Серии и емисии? Неколку пати пријавив мислење и кажав да се реагира, овие ко мува да не ги лази.
Јас на црно работам . Прво треба да ми дадеш фацебук со некоја рандом девојка Спојлер NOT A WHORE ! и да има симпатични слики за разгледување После ми пишеш Јипи ова и ова мислење ми смета , или таа феминка е права Bitch бриши ја , и јас за 5 мин ја бришам .... исто ко да не напишала Плус сите ќе ја обвинат Rainbow дека им ги брише мислењата ама уствари јас сум МУХАХАХАХАХАХАХАХХААХ
^моментално неколкуте модераторки од последната постава што останаа, и глобалните модератори ги работат сите категории, додека не се избере новата постава на модераторски тим.
Па дали тоа само 4ца активни модератори имате? Назначете повеќе, на Кајгана глава не можеш да кренеш од модератори Спојлер не дека работат нешто повеќето, ама пак Овде многу малку, а толку теми
^така е, моментално неколкуте модераторки од последната постава што останаа, и глобалните модератори ги работат сите категории, додека не се избере новата постава на модераторски тим,кога ке биде и новата платформа Тимот на фемина знае дека имаат потреба...затоа и имаше конкурс
А што има врска тоа со платформа, ако има потреба може веднаш да се назначат, после ако не му оди работата некому, нека го сменат. Малку се вака, не оди. А и тие што се тука, нели имаат само по една категорија, така пишува во воведниот пост.
^бидејќи процесот на работа на модераторот на новата платформа и на сегашнава е различен. За да не се учат сега на оваа, па потоа на другата,вака со самото стартување ќе бидат и тие назначени. Тоа беше планирано некаде за Март,но излегле ситници кои ги кочат, и сега се чека.