Споделување на облека и опрема за бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од girl1985, 17 септември 2012.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.113
    Оваа тема ја посветувам на споделувањето на облека и опрема за бебе. Дали споделувате вие? Дали за вашето бебе искористивте облека од бебе на некоја ваша блиска личност или пак можеби користевте на услуга нечија количка, релаксатор и слично? За моето бебе добив многу скоро нови работи на користење од моја прва братучедка чие детенце е малку постаро од моето. Мене лично нејзините работи ми беа баш добредојдени. Немам ништо против да користам алишта или опрема која таа ќе ми ја даде бидејќи сме многу блиски и немам никакви предрасуди. Бебињата многу брзо растат а облеката скоро преку ноќ ја односуваат. Нормално како прво бебе, сепак многу работи и ние купивме иако знаев дека нема да се износи... меракот си е мерак. Но, немав ништо против да носиме облека од мојата внука, баш напротив супер се си износуваме. Имам и летна количка која ни е позајмена, стојалка која исто така ни е позајмена. Другото повеќето си го купивме. Сега пак во скоро време моја блиска пријателка ќе се породи и доста облека од моето бебе и позајмив бидејќи знам дека многу ќе и се најде а и знам дека дали по два три пати ќе се облечат работите и пак нема да се износени и ќе бидат во одлична состојба и за моето второ дете здравје. Исто така здравје планирам и некои работи од опремата да и ги дадам ако дотогаш веќе не ги користиме. Секако кога ќе позајмам, давам на некој од доверба и сметам дека облеката ќе ја чува и откако ќе ја искористи ќе ми биде вратена за да можам јас пак да си ја користам. Што мислите вие на оваа тема? Какви се вашите искуства?
     
    На gorda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.620
    И земав, и давам, и пак да имам бебе, пак ќе земам и пак ќе дадам
    (разликата во парите и` е на штедна книшка :)).
     
    На DeMelo, Nati.P и girl1985 им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    Колку само се чукав во гради кога бев бремена, како јас нема ништо да позајмувам, па прво дете ми е, срам да ми е ако не можам основното да го купам... |(
    И вистина не позајмив и сега гледам дека немало потреба од толку перчење, голем дел од работите дали месец-два ги користевме па ете ги стојат на страна а сме дале многу пари за нив...И затоа сега постојано нудам на оние што ми се блиски а се во очекување на бебе-количка, дубан, релаксатор, играчки, облека...Само ретко која мајка прифаќа, разбирам мерак им е да купат ново, веројатно и незгодно им е да позајмат но вистина многу пари се даваат за многу тракатанци кои не се користат долго, и не паѓа круна од глава ако се позајми нешто, секако не зборувам за позајмување од било кој туку од најблиските...
     
    На girl1985 и Moira им се допаѓа ова.
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    286
    Јас мислам дека нема ништо срамно во споделување, нормално не од било кого да земаш било што.
    Јас си планирам скоро се да си земам од сестра ми, внук ми сега наполни една година и имаат работи што не стигнале ниту да ги облечат и искористат, а знам дека е се квалитетно купено, нема потреба зошто да купувам по вторпат.
    Се што можам да земам,ќе земам, тогаш ќе ми биде и полесно да си ги дозволам работите за ќеиф.
    Од други не би барала и земала работи, освен ако некоја од другарките сама не ми понуди нешто што би ми требало.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    59.927
    Јас се што можам - позајмувам.

    Уште првата количка ми беше позајмена од брат ми. Таа јас им ја купив, ама отидоа во странство и ми ја оставија. Значи во неа се изгледани едно на брат ми, две мои, едно на пријатели, и сега едно бебе на другарка. Количката е во одлична состојба, и има уште доста деца да се возат во неа :D

    Дури и креветчето што моите деца го користеа до пред неколку месеци беше старото, од брат ми и мене, ама не гледав причина да купам ново, кога ова беше во добра состојба, и моделот беше многу функционален, а сега го нема. Исто така и столче за хранење - едно добиено на подарок, едно позајмено и дубак.

    Многу малку имам купувано за децата, и потребштини, и играчки, и облека. Имаме купено само една количка, бидејќи оваа претходно споменатат беше комплицирана за ставање во багажник, ептен требаше да ја подесиш во милиметар за да влезе, па овој мојов се нанервира, и купи нова. Ама тоа беше кога второто дете имаше 6 месеци. Играчките за бебиња сите ги земав со брат ми, а тие имаа многу, па со овие што ние ги добивавме можете да замислите колку се собраа после некое време. Сега ми е мило што имам блиски другарки со бебиња, па имам кому да ги дадам.

    Облеката главно им е добиена на подарок - што од роднините во странство, што од родендени, повојници и слично. Имам и една другарка со која обавезно се менуваме - јас женските и ги давам за ќерка и, таа мене машките ми ги дава за син ми, бидејќи јас имам женско па машко, а таа обратно. Кога малиот мој ќе ги смали машките, ги давам на една друга другарка, која има помало машко. Облеката и не ја барам назад, и онака не планирам да имам други деца, нека се износи, па што е здраво, нека го дадат на некој друг.

    За ќерка ми немав од каде да позајмувам, најстара е во друштво, ама неа па сите и купуваа еден тон облека, како прво дете. Кога им е роденден, за нова година, или други празници, кога поблиските ќе ме прашаат што да им купат, им кажувам што точно им треба, и добиваме. Главно тоа се сезонски обувки, јакни, парчиња облека што им недостасува, итн. Е сега децата малку ми се лутат што на сите им викам облека, а тие сакале играчки, ама играчки полна ни беше куќава до скоро кога голем дел симнав во подрум. На крај, нас ни остануваат многу малку работи да докупиме.

    Според мене нема пореба да се троши за нешто за кое можеш да се снајдеш. Јас облека не позајмувам, ама бебињата или децата се друго, и многу малку ја носат, ништо не им е износено. Ќе се најде друга примена на парите, дали за нешто дома, или како заштеда за нив.

    Единствено нешто кое редовно им го купувам се книги, сложувалки, боенки, едукативни игри... вакви нешта слабо добиваат, ама секако мене ми се пасија, па најсреќна сум кога јас им ги купувам. И има ли поголема среќа од тоа детето да седне и да прочита некоја книга, или да нареди тешка сложувалка? :D
     
    На captivating, DeMelo и NoellePage им се допаѓа ова.
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш до сега не сум зимала облека за децава од некого.Искрено многу ми е шубе.Дури се случувало и нова облека која некои пријателки ќе и ја донеле на мајка ми за внучињата да не им ја облечам. Затоа за децава секогаш купувам многу малку облека и таа ја носат една-две сезони и потоа ја давам .Не претерувам ни со марки и обично им купувам или на попуст или имам луда среќа па начекувам ефтини, убави и квалитетни парчиња.Од син ми чувам само вреќички за спиење,скафандери и јакни,кои најверојатно ќе и ги облекувам на ќеркичката. И за едното и за другото дете сум купувала по 7 бодија и 7 шпилхозни и тоа ако е новороденче 3 бодија за 3 месеци ,а другите за 6.Подоцна имаат по 4-5 маички ,2-3 блузони и 3 пара фармерки/пантолони.Кога се ближат родендени на роднините и пријателите им кажувам од каде и што да ми купат ,а и јас секој месец(дека 2 деца :D ) купувам по една маичка и така некако се снаоѓам ;)
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.024
    Додека бев дете имавме прилика од две места , блиски пријатели, секогаш да ни даваат облека која нивните деца ја надраснале. Мајка ми никогаш не се противеше и секогаш зимаше, знаеше дека нема да остане така и дека ќе се најде. Така и беше, а мене ни ден денес не ми е срам да кажам дека поголем дел од гардеробата која ја носев ни беше дадена , т.е. веќе користена. Не дека сме немале да ми купат, но зошто да купуваат, кога ем здраво, ем квалитетно било тоа што ни го давале, а дете како дете во секое време може лом да се направи па треба да се промени.
    Сега за бебушот што го чекаме, добив премногу гардероба од две блиски пријателки, снабдена сум за првите 6 месеци сигурно. Незнам искрено дали би земала од било кој, но на нив гледам како на сестри, ги знам дека си водат ред и хигиена па воопшто не ми беше нешто гадливо, грозно, шубе да прифатам што ми даваат, напротив премногу ми помогнаа. Иако меракот е голем па купив уште доста облека... нема да се износи , јасно ми е , но тоа е :$
    Имаме и летна количка од децата на девер ми, зимна сакам да си земеме наша, зошто мислам дека повеќе ќе ја користиме. Креветче земав од братучедка ми , а душечето сакав ново да е, па си купивме наше.
    Се на се, сметам дека е многу практично да се позајми гардеробата и стварите околу бебето, зошто реално се се користи премногу краток период.
    Здравје Боже и јас знам дека би ги позајмила (или дала ) алиштата од бебето.
    Од секогаш ми било мерак некому да дадам гардероба која неможам да ја носам и користам.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Јас израснав во облека на мојата братучетка која е 5 год постара од мене. Воопшто не ми е никаков проблем да дадам или земам облека или опрема за бебе/дете. Моето немаше од кого да носи т.е позајмува освен што позајмив седиште за во кола од сестра на јатрва ми :) а за друго немав потреба. Дубак не го ни користеше и покрај тоа што го доби на подарок, стол за јадење дали 5 пати има седнато и тоа подарок, количката само за на одмор ни служеше и онака чат пат за шетање а онаа за седење ја позајмивме еден период од јатрва ми. Релаксатор и остали тракатанци не се ни потресував да ги имам затоа што го израснав со наместено кебе на подот и куп играчки околу него а додека беше бебе бог да чува ако не сум му на видик и така имаше почесно место на креветот.

    Облека немав од кого. Кога се роди второ машко дете во фамилијата на втората јатрва и предложив да и дадам нешто. Лелеее партал ме направи дека бидна 3-то па машко и као таа ако била толку неспособна да исчува трето дете тогаш не би го ни раѓала. Јас останав запрепастена со спуштање на муабет ок, можеби мавате документи за издршка за трето дете што нуди Владата.
    Јас не го сметам тоа за навреда. Ако нешто може да се исористи зошто да не а сигурно и јас не би останала со празни раце и да не купам ништо за тие деца ако им нешто треба во момент. Една другарка сама си побара и и дадов што мислам дека и треба и ќе и се најде иако е 3 год помало нејзиното, али со драге воље.

    Сега и облеката нема и некој си голем квалитет. После една сезона го убиеш од перење и веќе е излитено со некои си исклучоци. Додека пак опремата ако ја чуваш ќе ја имаш.
    Единствено не сакам и не давам (освен ако воопшто не се облечени а имав и такви) обувки, затоа што на секое дете различно му се оформува стапалото и има различен стисок. Ако се веќе носени и има некој си пад на влошката од обувката (па и Цицибан нека е) кога ќе ја носи друго дете нокчето ќе му биде на таков терен кој е веќе оформен од друго дете. Незнам, можеби грешам по питање на овој ѓон :) ама така мислам и многу пазам на правилен развој.
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    59.927
    ^ Да, за обувките во право си. Ни јас не давам и не земам, ама затоа секогаш им нарачувам на најблиските за роденден, нова година, велигден, или не знам што :$
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.031
    Допаѓања:
    135.123
    Пол:
    Женски
    Моево е најмало од најблиските, па имам доста облека од золва ми и од снаа ми, иако и двете имаат девојчиња. Доста работи ми донесоа и моите, ние нешто купивме, ама во глобала, сите алишта што ги носи малиов ми се од некого донесени, дали нови (за повојница, подарок без повод, роденден), дали стари. Знам дека децата, особено во првата година не ги износуваат алиштата, па не ми е шубе да земам од поблискиве, сепак, скоро нови се сите алишта. Само долни алишта (читај боди, долни маици и гаќички) и чевли не земам, тие сама ги купувам. Имам уште многу облека за малиот што ја донеле роднини и пријатели на подарок, па дел и' дадов на золвата, оти имаа тежок и мачен финансиски период, на девојчето нивно повеќе му одговараа и му требаа, па на драго срце помогнав (ми се нашла и таа мене кога требало).

    Единствено, туѓи, носени чевли не сакам да носи син ми, како што кажа Славица, ногата се оформува индивидуално, а секое дете е различно, па нема смисла син ми да носи туѓи веќе разгазени чевли кои ќе влијаат на развојот на неговото стапало.

    Количка - зимска, ја позајмивме од брат ми, скоро нова беше, од второто дете им е. Дубакот исто го позајмивме од роднини, а релаксаторот и столчето за хранење ги добивме на подарок. Сеедно ми беше дали ќе имаме релаксатор и дубак, мислам дека можевме и без нив да поминеме, и онака малиот не ги сакаше многу.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.455
    Допаѓања:
    186.326
    Пол:
    Женски
    Јас вчера коментирав дека некоја идна мајка да ми побара опрема или облека за бебенце за користење ќе немам што да и понудам :lol: Шала на страна но поголемиот дел од алиштата а и останатите потрепштини за бебе како релаксатор, транспортер, кадичка, сталак, кенгури, торби итн итн ми ги дадоа на користење моја другарка со неколку години постара ќерка и пријателка на мајка ми со две внуки. Не сум размислувала дали ако и некој друг би ми понудел нешто ќе сум прифатела но на овие две сум им многу благодарна.
    Јас најчесто и купувам играчки тоа никој не ни дал или подарил :lol: , се трудев околу цуцли и шишиња но безуспешно а сега е на ред да купиме кондури/патики нив не би ги позајмувала.
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    74.572
    Пол:
    Женски
    И јас сум за споделување на опрема и облека за бебе , зашто да не. И ниту би одбила од некој друг ако сака да ми `помогне` :D До сега не се случило нешто некој да ми понуди од опрема бидејки се си имавме купено , само облека ми сподели една блиска комшика од нејзината ќерка , 3 месеца е поголема од ќерка ми , и секако прифатив , 3-4 месеца немораше ништо ново да купувам.
    За обувки се согласувам со вас , ни јас не би прифатила носени обувки зашто секоја нога различно се развива :)
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Леле бе па мајки само јас ли излегов пуфла :o Кај нас веројатно и ситуацијата беше таква ,син ми е прво внуче,а ќерка ми второ и во двете фамилии и ко што иде редот нели едните количка купија,а другите плакарче за преповивање,а јас и мм креветче,но во ниеден момент не дозволив тоа да биде некое големо луксузирање и да се купи најскапото ,туку да биде практично,издржливо и со нормална цена.Подоцна кога видовме потреба купивме и транспортер ,а релаксатор добивме на подарок,а и уште еден транспортер.И кај мене и кај него после подолго време се роди внуче(поширока фамилија) па и да сакав немаше од кого што да земам,а богами и да имаше навистина не би зела алишта стоени 10тина години :x Сега кога ја имам и ќеркичката и тие неколку работи кои ги имам од синот тешко дека ќе ги носи од просто што син ми е летно,а таа зимско дете и се разминуваат во броевите .Но затоа играчките од бато како и се погодија :x
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    ^
    Ај па ти, што се правдаш ко да веќе нема да те викаме у друштво :D
    Нема ништо лошо во тоа да не сакаш да користиш туѓи работи, уживај, не си пуфла :D
     
    На Annath и AIT им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.584
    Допаѓања:
    21.660
    Пол:
    Женски
    Ние се си купувме буквално се
    Никој пред нас што ни е близок немаше бебе , а и дека во друга земја сум и некој да сакаше да ни даде немаше како :)
    Сега од моето бебе многу алиштенца се смалени , па ги исправ и складирав па здравје за второто ке ми се најдат пак :)
    Релаксаторот исто така веке и го помина меракот ке треба и него да го приберам , :?:
    Мене не би ми било проблем да споделувам облека и други работи со блиски кои веке имаат бебенца
    Детските работи и така многу малце се користат а ке стојат неизносени
    Па греотка е :)
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    1.154
    Добив мнооогу алишта на поклон ама повекето се сини од момченце.
    Сега добив една идеја да купам од зара еден комплет капче, ракавици и лигавче розеви и да ги комбинирам со сини шпикозни. Исто и со панталони и блузи да си правам комбинации, да купам еден розев комплет и да ги мешам двете бои. Некако не ми се купуваат многу алишта кога се носат краток период а скапи се. :tmi: Зборувам главно за облека од 0 до 3 месеци
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Сум за споделување на облека и опрема за бебе, барем од блиски луѓе. за мене мајка ми немала шанса да зема од други зошто имав само постар братучед ама затоа моите братучетки добивале облека од мене. Како и сестра ми што зимала од некои братучетки. И за опрема исто....само што многу е лошо што во денешно време некои луѓе незнаат да ја чуваат опремата. Јас си велам свое се чува,а не па за туѓо што мислам дека дупло внимание треба да му посветиш.
    Утре доколку ми се пружи можност да ќе си земам-не го сметам тоа како навредливо. И се што ќе имам на тие што сметам ќе им дадам.
    Еве баш минатата недела јатрва ми (сеуште не оффицијална нели), од малото пакуваше облека се тоа си земав и си спакував и во шкаф си ги сместив кај дечко ми во соба (зе за бебе до кај 06-12месеци).А пак тоа колички дубалца лулашки ги обложи со најлон и ги стави во шупа кај нив во двор,за моите деца,зошто навистина сметам дека ќе бидат искористени.
    Само штета тоа што е за пресоблекување и бањање им се усмрдело од неодговорност на луѓето на кои им го имаа позајмено :| штета,но ете се случува и тоа.
     
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    750
    Пол:
    Женски
    јас и сестрами сме порастени со таква облека.поголемите брачеди ни ги давале па мајками му ги давала на помалите брачеди.порано облеката беше многу поскапа а и далеку по кватитетна.каде сега едно рало шпикозни да го носат 6 души и пак да не е скинато....
    сега ми имат дадено носена облека и од страм и да не ги навредам ја земам ене стои во шкафот испрана испеглана ама избегавам и му ја немам клаено незнам од кои причини не ми се допаѓаат.не се по мој вкус не се такви како што му купуваме ние на син ми ама ај да не сум лоша и ја земам
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    1.154
    Еве да се надоврзам на предходниот пост, ми позајмија толку многу алишта што веќе не ги ни вадам од кутиите. Посебно за новороденче и еден месец имам вкупно 77 боди и 32 шпикозни :o
    Сега направив избор на тоа што најмногу ми се свиѓа и само тоа исправ и испеглав.
    И имам еден куп алишта за девојче залудно се секирав :D
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    546
    блазесити, може да ми позајмиш нешто мене, 77 бодиња???? јас имам засега купено 7-8, околу 15 шпикозни ;)