Боди ќе ви треба повеќе околу 10-12 обавезно, можно е пелената да пропушти и навистина често се менуваат. Мене веќе мислам дека имам кажано, но и пак ќе кажам не ми е проблем да користам за ќерка ми носена облека, ниту пак ми е проблем нејзината која нема да ја користи да ја дадам некому. Тоа според мене е најчиста работа, бебе, ниту се валка нешто посебно, ниту пак нешто може да е страшно уништено.
Се согласувам да се менува облека и опрема за бебе бидејки е минлива работа и брзо се износува па нема потреба за џабе да се фрлаат толку пари поготово ако се купува во изгор продавнициве по градов. Јас доста работи добив од старосватицата(иако има девојче,ама тоа што не беше розево се препрати кај мене , од другарка моја (дури алишта до 6 години зашто синчево и е веќе скоро 8 ),а и од братми синчето добив работи,така да не гледам никаков проблем за земање облека, скоро цела облека што ја добив е нова дури има ствари и со етикети сеуште. За обувки и јас не сум присталица да се зема од други иако јас добив гланц нови чизмички (ниту еднаш облечени) и еден пар патичиња исто така нови. Нека се живи и здрави детево на другаркава и на снаами (внукот од брат ) па ова моево бебушче ќе има и има за носење. Што е за право и јас доста работи земав а и бабиве нека се здрави и живи само купуваат по нешто ама од искуство на другиве научив никогаш да не се зема точно на бројчето туку секогаш поголемко така да од облека сме стокмени ...
Моето буце ќе биде прво внуче во моја фамилија и уште сега сестра ми, брат ми и моите се запнати да дознаат каков е полот затоа што си бендисале некои ствари за купување Им напоменав да не фрлаат пари на се и сешто затоа што јатрва ми има две мали дечиња (девојче кое сега има 5 и јунак од година и 4 месеци) и едвај чека да се породам да се отараси од вреќите необлечени алиштенца, прекривки и помагала. Сака да ми го даде и креветчето сосе Дормео душече, и навистина мислам дека тоа не треба да го одбијам. Секоја помош па макар и мала е добредојдена. И јас планирам да ги чувам сите работи за во иднина сестра ми или брат ми кога ќе имаат буциња да им ги дадам.
Јас додека бев бремена една другарка ми понуди алишта ама не сакав да ги земам,си реков се ке си купам,ама не беше така тоа што успеав да го купам беше за земање од болница сто и го облеков на керками одвај 2 пати, кебенца ,боди ,тетра пелени,ама кога видов колку брзо расте и се јавив и и кажав да ми донесе се што има ,многу ми се најдоа аливцата , сочувани и многу од нив и по еднаш облечени, мм беше на почетокот против ама после како се зголемуваа трошоците за памперс ,па адаптирано млеко ни беа добродојдени, а можевме да си дозволиме поскапи бебешки колекции мислам на млеко ,шампончиња,некои креми
и јас како меу мислам дека бебе е најчистата работа на светот.. јас многу не купував пред да се породам, јатрва ми ми даде неколку пара шпихозни и боди и колку за почетокот имав.. после тоа на повојница ми донесоа исто така многу работи, па мајками кога и да се врати од работа по нешто и купуваше и ние и така се собра се на се премногууу.. веќе навистина немам кај да ги сместам алиштава.. за жал креветче, количка, транпортер, кенгур тоа се сами си купивме немаше од кого да земам инаку не би ги одбила.. е сега пошто Ана е прво внуче во нашата фамилија верувам дека нејзините работи и те како ќе ги изнаносат другите братучеди/братучетки.. Еве сестра ми е сега бремена ама она носи машко и на нејзе ќе и спакувам пелени и некои работи што ги имам во неутрални бои ..
Јас освен облека, се друго морав да си купам сама, заедно со бабите и дедовците нормално, меѓутоа облеките што ги земав од сестра ми ми дојдоа како големо олеснение. Штета што сестра ми живее далеку, па авионски не ни е практично да ми носи било што друго освен облека, а од страната на мм ова е прво бебе. Нормално докупив од мадеркер и зара некои слатки бодиња и тренерчиња од кеиф, ама многу полесно е кога треба да докупиш, отколку да почнеш од почеток без ништо. Што е за право, со сестра ми нормално дека сестрински се делам и ќе делиме понатаму, а за во иднина би си ги чувала сите работи за нашите втори деца, не би ги раздала по другарки, оти се што купив е најквалитетно и најскапо како за свое бебе и би сакала да си ги сочувам додека не завршиме со раѓање деца . Па после може да давам, а до тогаш бидејќи не сум зела од други, немам обврска ни да давам.
Јас пак искрено никогаш не би купила нешто скапо за бебе. Зошто пак ќе кажам многу е жално кога сето тоа ќе стане мало после само 2-3недели(посебно првите месеци). Не би дала многу пари за гардероба... попрво тие пари би ги вложила во нешто подолготрајно. Но, да се разбереме за чевли пример , за јакничка, скефандер, и такви работи никогаш не би штедела. Тие многу повеќе значат одколку боди, бекица, шпихозни. Сепак пак ќе кажам да имаш некој да ти позајми алишта за бебе, буквално е благослов од Господ.
Ние се си купувавме сами само од кумата добив неколку тетра пелени и некои лигавчиња кои беа ептен добредојдени , не дека јас не би зела некој дами даде меѓутоа ова е прво внуче во фамилија и кај мене и кај маж ми а другарките оние поблиските ми се сите немажени
Јас дури бев бремена само од една другарка ми понуди да ми позајми облека и реквизити за малото, и тоа беше неочекувано она иако има девојче ми позајми бенкици пелени и бодиња од кои само еден месец ги носевме бидејќи малиот се роди покрупен па веке вториот месец неможев да му ги облечам ,али за почеток добро ми дојдоа. Од истата особа добив и транспортер и лулашка за дома и тие ми беа најискористени и сеуште ги користам. Знаејќи дека неколку блиски особи имаат релаксатор спомнав дека сме во намера да купиме но не се понудија ни да ми го позајмат се направија наудрени ,а најмногу се разочарав од една блиска другарка која смисли изговор дека малиот кој имаше 9 месеци сеуште седел во релаксатор ,само да не ми го позајми .Не ми беше проблем да го купам но сакав да пробам првин дали ке сака да седи но таман се откажав на гости кај еден другар на маж ми ни понудија сами релаксатор без сда прашаме и се разбира прифатив. Од друга другарка која од внуци имала неискористен кенгур ми го позајми исто самоиницијативно и тотално промашено за нас беше тоа бидејки само два пати го носевме во него а сега нема шанси тежок е грбот ме боли. Е што се однесува до креветче и количка тоа го купија бабите , и да ми е жива свеки на малиот му купи гардероба до три години и секојпат кога ке дојде на гости носи нешто . Золвами често патува и од таму ми носи ептен убави работи кои жалосно ми е што нема кај да ги носи ,оваа зима има 5 јакни и 3 скафандери кои ако не му ги облечам сега другата година нема да му бидат точни. Така да има и луѓе што несакаат да споделат облека , но од сега си знам кој како заслужил така и јас со него . А на прворотки си ветив дека јас ке бидам прва што ке им понуди облека или реквизит за бебе бидејки они сеуште незнаат колку ке им го олесни домачниот буџет.
Се што ќе ми понуди золва ми ќе земам затоа што прошетав по продавници и ме фркна глава кога видов колку се скапи сите најубави и преслатки алиштенца за буциња. Имам среќа што уште не го знам полот (чувствувам дека е машко ама чекаме официјална потврда), да го знаев ќе ги стопев картиците до последен денар Морам да научам да се воздржувам за купување и да бидам трпелива. Како што реков и кај нас е прво внуче од страна на моите, а трето (ама прво што ќе носи презиме на фамилијата од мм) и сите се збудалени и ме чекаат да го дознаеме полот за да ги извадат списоците за купување. Од другарки и јас не очекувам затоа што сите имаат многу мали бебиња или се сеуште немажени. Ама си ветив кој и да ми побара нешто ќе споделам ако не ми треба затоа што убаво рекле: Рака што дава не се суши!
точно така рака што дава не се суши.. еве и овде ќе пишам.. ако му треба на некој алиштенца за женско дете слободно нека ми пише лп деновиве ќе ги перам алиштата на ќерками што веќе и се мали и ги пакувам .. да не стојат по тавани да фаќаат прашина нека ми пише некој ќе му ги дадам.. инаку се е 2 пати максимум облечено..
И јас немам ништо против позајмена облека.Мојата најмила внукичка од брат ми поклони тон гардероба за бебето.Немам каде да ја ставам .Бидејќи внука ми се роди пред 2 години и беше прво внуче а после долго време и девојче, сите ние што розево видовме и купувавме.Ете сега мојата бебушка има што да носи.Секако мерак ми е и да докупам нешто. И креветче би позајмила,имам доста пријатели ми нудат, ама маж ми сака да купиме ново.Тоа од внука ми неможе бидејќи и таму чекаме бебе ама машко
сметам дека нема ништо лошо во споделување на работи за бебе, затоа што тие се користат толку малку што штета е да се остават неискористени до крај. Сега почнавме да се припремаме и ни дадоа кенгурче, корпа (сламена), она незнам како точно се вика што се става детето да си игра со играчки над него даска за повивање, креветче.... Е количка инсистирав да си земеме затоа што највеќе се користи заедно со релаксатор. Од гардероба не сум почнала да купувам но ако некој ми позајми од блиските сигурно нема да купувам толку парчиња ќе земам нешто од мерак. Ако не најдам се фрлам во шопинг деновиве
И јас немам никаков проблем со споделување на бебешки алишта,напротив добив многу нови алишта,па и носени но сите се скоро нови,колку може едно бебе да носи. И јас би поклонила,немам никаков проблем со тоа.
и јас немам против нисто на давање и земање алишта и опрема така јас се си позајмив количка релаксатор транспортер седиште за во кола (тоа нетреба да го враќаме)оградица алишта али си имам и купено али поише мама ми купува така да на нас остануваат пелени и храна шо убаво нели
Гардероба и јас сум носела од други како помала и не гледам ништо лошо во тоа, па и синко мој да носи. Пред да се роди му изнакупивме со мм алишта како за старт, но и добивме многу од негов брачеда Креветче купивме со мм, (иако сакав да може да коистиме она на во кое спиеше брат ми , па јас, па внуката од брат ми, ...ама беше зафатено со второто од брат ми ), кое креветче истовремено го користеме и како кош- играчница. Количка и зимска и летна добивме на подарок, кенгурот ми е позјамен (иако само 4-5 пати е искористен), релаксатор позајмен- ич не искористен, дубаче- подарок, столче за хранење - подарок. Мојот синко од кај маж ми е прв внук воопшто, а од мојата е прво машко. Од внуките многу многу нема што да се користи од гардероба, но затоа жената од братучед ми кои се во странство на секое идење (2 пати годишно) ми носи огромни ќеси со алишта од син и.Супер добредојдени ми се. Од обувки не би му ставала носени (веќе претходно убаво е појаснето од колешките феминки). Се на се, имам голема корист и придобивка од носењето, позајмувањето, подарувањето. За повојница, за родендени едно чудо гардероба и опрема имаме добиено. Од блиските за празници и родендени ми следува пршањето, мајка што му треба на синко твој? И на таков начин ги надополнуваме недостатоците од обувки и гардероба и евентуално опрема соодветна на возраста. А играчки и не паметам дека сме му купиле....освен кога некој од мене и маж ми оди некаде на пат(што и не баш често).Затоа се чичо, баба, вујна, дада, некои тетки поблиски.... . Во иднина и би позајмувала и би давала и пак би зимала носено.
Немам ништо против давање и зимање бебешка облека. Бебето не може ниту да ја оштети ниту да ја носи којзнае колку, постојат многу работи што се облекуваат 3-4 пати и се надраснуваат. Ние здравје планираме од золва ми да земеме-колку што има и може да ни даде, бидејќи нејзиното момче еве летово ќе прави 3 години па доста работи му се смалени. Исто и релаксаторот што го имаат веќе не им е потребен бидејќи и двете дечиња го израснаа, а тој како нов остана. Инаку едвај чекам да го качиме од подрум моето креветче во кое сум спиела јас како бебе. Татко ми ќе го иструга и ќе го префарба Инаку, утре и јас би ја дала облеката што ќе ја купиме. И не само облеката, и се друго што може да помогне.
Речиси целата облека на син ми ми ја дадоа мои братучетки. Ми дадоа дури и релаксатор, лулка, дубак и количка. Немам ништо против давање облека и опрема на друго бебе. Убаво е да си помагаме кога треба.
Јатрва ми има син и ќерка и двете родени во декември...а тука е и мојот термин 7 Јануари, .... што значи се ќе ми биде точно според големината/сезоната. Самата уште сега некои неутрални работи ми ги даде во ќесе, количката...а останатото понатаму,зошто сме сега и со други обврски околу свадбата. Како и да е, според мене од прв братучер, или од блиска пријателка ниту е срамно да се земе ниту да се даде.....апсолутен благослов. Само што јас велам, како очи во глава да се чува позајменото. Повеќе од сопственото. Искрено, јатрва ми имаше од тоа (незнам како точно се вика), масичка за пресоблекување и за бањкање, ја даде на пријатели...душето апсолутно и го уништија(усмрдеа)-којзнае кај го чувале. Прашање е тоа дали ќе можеме да го спасиме.
Јас за моето бебче имам купено само 3,4 работи, 2 боди и сега 2,3 летни блузички, инаку сето останато ми го подари една пријателка која израснала 4 деца и не и се потребни веќе многу работи и за почеток за во болница за дома ама апсолутно се ми даде она и мнооогу сум задоволна, немам нупено ништо јас се шт имам од облека, а ги имам многу и боди и шихозни, бањарки, чаршавчиња, пелени тетра и шарени абе се буквално ми подари жената и ме спаси немате поима колку многу и сеуште ги носиме тие работи, не сме ги израснале, од септември здравје ако му омалне нешто пак таа ќе ми даде некои работи, од последното дете што му омалнува ми ги спакува за моето и се така. Јас мислам дека нема срам во тоа, јас воопшто не се срамувам и зошто би кога и тоа е бебенце и моето, исперено, сипеглано се си е како што треба па еве не здрави прави, ништо не ни фали од таа облека што ја носиме