meU пред некој ден ми прати доста работи, што ќе искористам ок, што не одма ќе си спакувам и ќе и ги вратам....може и неа набрзо ќе и затребаат пак
Јас за ќерќа ми имав купено од се по 3-4 работи. Сите ми збореа дека растат и нема да стигне што се вика по два пати да ги облече. Мене алишта ми даде прва братучетка на маж ми, ќерките нејзини исто така родени се во ноември така да немам проблеми со големината.
ние не позајмувавме од никого, освен од мене што си имаше останато како мала, а не беше малку, сакавме се ново, позајмено не, од парите од веридбата си купивме се што ни треба за бебечто и се во неутрална боја, за кога ќе имаме можеби девојче да се најде и за неа а за да позајмувам, јас лично не би ништо од тие повредните работи, само алишта може и тоа зависи на кој... затоа што се што сум позајмувала мои работи или не ми се вратени или пак вратени ама оштетени, и затоа не....
Па за бебуш користам до 4рала од облека и се во круг ги вртам Навистина брзо растат не се потребни многу иако ни имат и дадено користена облека ама јас од тие немам.употребено бидејки си има малава свои нови.
Бев сигурна дека се сама ќе си купам и дека нема да земам од никој ни едно бебешко боденце... Во еден разговор сестра ми ми го промени мислењето, ми ја покажа облеката од моите внуци, половина од таа малку искористена облека е одбрана и платена од мене и е во зачувана состојба, облечена 3-4 пати. Неколку комплетчиња (50-56-62 величина која најкратко време се користи), по некое ѕивриче,чорапчиња, 3-4 памучни ќебенца скоро и не употребени, две дебели плишени ќебенца, бањарчиња, креветче во кое за жал ни едно мое внуче не стекна навика да спие, пелени за широк повој кои убаво си ги исправ и спремив за моето бебе, кенгур, корпа за бебето, по некоја торба и сл. Земав од тоа што беше во исправна состојба и дури откако го исперав и испеглав си е ново и спремно за моето бебе. Се разбира дека докупив неколку работи кои ми требаа и на нив воопшто не штедев пари, но ми е големо олеснување што сестра ми ми ја подари облеката од моите внци, така да за моето бебе имам дури и повеќе од потребното. Јас не би позајмила од братучетка, другарка, комшика и сл. и ако ми понудиле, но од сестра ми сакав и си дозволив да земам облека која моите внучиња ја носеле.
За бебешката опрема ( креветче, количка, релаксатори и сл. ) сакав да си биде мое. Прво дете е, ем мерак, ем да остане за воро, трето ( дај Боже ) кога ќе дојде време. А облека купував на минимум. Ми позајмија братучедка ми ( има синче 2 години постаро ) и една блиска пријателка. Половина од работите беа со етикети. Тие се изнакупувале, им носеле, а сите знаеме дека алиштата многу бргу се надраснуваат. Купувам од мерак само по едно-две парчиња за возраста и толку.
Со оглед на тоа што имам 3 внуки од двете сестри, за бебево имам облека за извоз. Јас единствено ќе купам нешто ново за изнесување од болница, постелнина, тетра пелени, мушамички за пресоблекување и мислам дека е тоа, евентуално ако нешто фали па да докупам. Од поголемиве работи ќе си купам количка и креветче, бидејќи јас си сакав ново за бебето. Сметам дека нема потреба (од искуството со внуците кое го имам) да се купува толку многу облека, кога бебињата ја израснуваат многу бргу. Може да се случи и добар дел од облеката воопшто да не биде облечена. Да не зборам што ќе носат работи за повојница, така што и повеќе од доволно е. Сега за сега успевам да се воздржам од купување, ама до крај ќе видиме како ќе биде
На почеток купив се ново. Од креветче , до количка и сите други потребни работи. Алишта строго памучни купував. Кејф и радост дека прво дете трупав само. А па кога почнаа и да ми донесуваат ептен ми се собраа. Некои работи не ни стигнував да и ги облечам, брзо и се смалија. Ми помина таа еуфорија, сега не купувам толку многу, туку само потребното. Секако уште и носат, и сакам да си ги износува. Работи од други не сум позајмувала, некако шубе ми е иако ми нуделе. А сега кога гледам дека ич не ги износува, па сменив мислење.
Јас сум за споделување работи, моментално сум бремена, а золвами има малечка од година и пол и дел од алиштата ги има зачувано, дел се нови, а дел се 2-3 пати облечени, па и полот е ист на бебињата и мојата керќичка ќе има доста алишта од својата братучетка . Големите работи ни ги купија блиските, свекрвами и свекорми ни купи количка, хранилка и подлога за преслекување ( биле при пари па совреме да си ги купеле поклоните), а моите родители ни купија креветчето, душече и постелнина со оградици, золва ми ни пушти пари и си купивме релаксатор. Ептен сум благодарна на сите затоа што скоро сите работи за почеток и ги овозможија на мојата керќичка, а нас мн ни помогнаа оти сеуште си го уредуваме спратот и нашите финансии ги насочуваме кон домот. На почеток малце и паники ме фатија леле како ќе успееме да му купиме на бебето опрема, алишта плус и за спратот да купуваме, меѓутоа сите се понудија и мн ни помогнаа. Па сега само се чека малата преинцеза да пристигне за неколку месеци.