Јас сум од "оние" носталгични човечиња кои се врзуваат со предметите а особено со оние кои ги имавме во времето кога според мене поубаво се живееше(delete ако има ваква тема)и нормално ке ги ставам работите кои го обележаа моето детсво
Спомени од моето детството еее и оваа песничка колку ме потсека на детството апропо денешниот празник.....http://www.youtube.com/watch?v=lzPzN4Mr5lc
Спомени од моето детството Ваквите чашки од еурокрем имав повеќе бои омилени ми беа Бомбонките ЈУРА мислам дека во секое пакетче имаше самолепливи сликички а албумот беше многу голем Не поминуваше час без да си направиме ладалка (така ја викаме ние )
Спомени од моето детството Нема да се избрише од секавање чувство кога играш на флипер ,ни плејстејшен ни ништо не го заменува
Спомени од моето детството Се` си мислам дека имаше некоја ваква, слична тема. Ама како и да е, еве едно мое дело. https://www.youtube.com/watch?v=z88n2kOLtro
Спомени од моето детството Уфффф браво за видеото.....содржи буквално се што имавме "тогаш" некои работи скроз сум ги заборавила,не ми се верува
Спомени од моето детството Знаеш дека си роден во '80 ако 1. Секое утро ја чекавме новата епизода на „Тропска горештина“ 2. Мобилен телефон беше дозволен само на возрасните, а оној кој имаше пејџер беше фаца. 3. Игравме „на тапка“ и „џамлии“. 4. Девојчињата играа ластик, цигари, штркот бара боја, плочка. 5. „Сакате ли војна“ беше доживљај. 6. Собиравме албуми „Ав, ав“, „Space Jam“, „Барби“... 7. Плачевме кога умре татко му на Симба. 8. Мајките не викаа од пред врата за да се прибереме дома. 9. Излегувавме во “МНТ“, „Мусандра“, „Булевар“, „Кабрио“, „Сабвеј“, „Уна“... 10. Носевме „Phard“ и „Бенетон“. 11. Сакавме да живееме како во „Беверли Хилс“ 90210. 12. „Дајте музика“ и „Бушава азбука“ ни беа омилени емисии. 13. Безгрижно си игравме по цели денови на улица, се каравме кој да биде во средина на „народна“ 14. Заспивавме со „Мечето Ушко“ во 19 и 15. 15. Гледавме Cartoon Network по цел викенд. 16. Собиравме жетони тасо. 17. Авионите фрлаа летки, а ние се собиравме и викавме „Чичко пушти леткиии!“. 18. На трага од авион “Прва моја среќа“. 19. Лепевме постери од „М&М“, „Cioe“, „Bravo“. 20. Излегувавме на кругче. 21. Фризура со кремче беше хит. 22. На зимски распуст сите следевме „Зимска рекреативна програма“ . 23. Имаше опасно добра шема на лизгалиште. 24. Одевме на зимување во Крушево во Шуламина и Илинден. 25. Славевме Нова година во куќи и станови и не бркаа во 01.00 по полноќ затоа што правевме бељи, а и толку ни беше дозволено од дома. 26. Носевме комбинезонки од МакЏинс и фармерки цевки. 27. Читавме „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“. 28. Одевме во „Египет“ и „Малага“ на сладолед. 29. Бевме безгрижни и среќни деца! Спојлер превземено од ЦРНО-БЕЛО
Спомени од моето детството Што „ШКОЛКА“ и „ЛАСТИК“ се имам изнаиграно ....бреееее... ова децава денешни само за пред компјутер....па кога ќе ми текне на жмурки... Дали го памтите „СНЕЖЕЦ“ .....на стапче со бело син омот кој се лепеше за сладоледот и оној ко топче....
Спомени од моето детството Го памтите драгонбол ?? на А1 го даваа негде 2002-2003г. омилен цртан ми беше, дури и песната ја знаев ( ги имам и сите епизоди на ЦД )
Спомени од моето детството Прва љубов како сенка тивко тивко доаѓа,и на прсти како крадец под мој пенџер проаѓа,сите тајни што ги носам в споменар ги сокривам,а со гума не се брише срцето што пишува