1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спомени од моето детство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Andemona, 6 јануари 2014.

  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.956
    Пол:
    Женски
    Знам дека имаше германско Браво и не го разлистав пред да го купам, ама затоа мајка ми си го разгледала и на средина од списанието имаше голи маж и жена. Тоа ми беше најголемиот шок од детството. После тоа не ми текна да купам.

    А дали ја памтите емисијана Волшебно тркало? Имаше повеќе сегменти и најинтересен ми беше делот со Весели Вести а тоа со глувчињата играчки едвај чекав да помине.

    Јас искрено Бушава Азбука никогаш немам гледано ама затоа емисијана за Ромската азбука РЕЛИГИОЗНО ја гледав секоја ноќ.
     
    На Gosh, Ugly Duckling, Elena69221 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    41.338
    Пол:
    Женски
    ljubavne veze_screen_02052016.jpg

    A дали некој се сеќава на трите сестри близначки?
     
    На Снегулк@23, joy1, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.971
    Пол:
    Женски
    Еее што убаво објасни место мене, да во квадрат ги пишувавме годините за мажење, а број на деца, статус на богатство, имиња на симпатии и држави на живеење, отстрана, горе и долу се подредено:rofl:
    Охоо и гледање на карти арно ме потсети, триста љубовни гледања знаев и јас:tmi:
    Абе не бевме петарди од деца доста, хахахаа супер ни беше, да не им е сега поубаво на децава што не знаат подалеку од лаптоп и таблет да поиграат|(

    @prominent Вакви лентички од Хуба Буба, немаше во мое село:D мене омилени ми беа од Хуба едни во форма на лубеница, со кисел вкус, до ден денешен ги мислам:D

    Јер сум дете од село (без да се навреди некој) исто игравме многу во кал, правевме торти од кал, а во зима земавме ножеви од дома, правевме топки од снег и ги сечевме со нож:tmi: во тоа време паметам ги рекламираа фамозните ножеви Никеи(или грешам:wasntme:) и навлезени бевме демек со нив готвиме:D

    Исто игравме и една игра која се викаше Капетане какво е морето:D
    Одеше вака- Неколку деца го прашувавме едно дете кое ќе беше капетанот, какво е морето, ако речеше разбранувано ние требаше да трчаме а тој со затворени очи да фати некој од нас и да годи кој е кој.
    Ако речеше дека морето е мирно, исто така со замижани очи требаше да фати некој од нас и да годи кој е кој, само што тогаш ќе стоевме во мирна позиција:rofl:

    Ми текнува и една игра игравме со вештерки нешто ко низ магла ми е, одеше вака, помина саатот(дававме бројка) и велевме ја нема вештерката и само наддававме бројки се дури не одлучеше да се појави вештерката и тука следуваа пак бркотници се додека не те фати вештерката:D

    После и една друга имавме со броење нешто, помина, помина осата да ги бере децата и не знам натаму, сум заборавила:^)

    Кога ќе се скаравме меѓусебе, ги вкрстувавме малите прстиња и додека ги вртевме пеевме, Ачка бачка, нема више карачка, ако се скараме, пак ќе се смириме, џив џив нико није крив:D
    Се чудам од каде овие србизми бе:o

    Исто имавме и една друга игра, ги затворавме рацете, т.е прстите убаво вклопени навнатре, а еден од нас ќе ја затвореше само едната рака, за другата да му е слободна да "чинва"- да брои, и така наредени во круг ќе броеше вртејќи по сите раце, окуш бокуш, прди кокуш, пита паја, колико тебе треба јаја, и кај тој што ќе застанеше со броење ја тргаше едната рака назад и така се додека да испадневме сите:D

    П.с може се селски игрите, ама така беше на село пред 20+ години:worried:

    @bicycle Дааа јас се сеќавам, ама крајот беше нејасен, нели не покажаа јасно која од сестрите остана жива.
    Се сеќавам на Марија Паола таа лошата, секогаш со прстот на веѓите се поминуваше онака самоуверено:D
     
    Последна измена: 14 декември 2019
    На 1209, Celltica, TeddyGrey и 8 други им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @Hellobeautiful, леле да, голите во Браво:tmi::D Во секој број имаше по двајца, редовно:D
    Моите знаеја дека читам (и гледам:tmi::D) ама немаа ништо против:)

    Од тинејџерски списанија, освен Браво и уште неколку германски, редовно купував Тин Шема и Таа (ова од нашите) и плус Наш Свет од школо. И секогаш најинтересни ми беа страниците кај што праќаа писма со проблеми и прашања (љубовни и во врска со секс, нормално нели:D) па благодарение на тие списанија јас научив многу:$ Нели, во тие години се' ти е ново и интересно а срам ти е да прашаш.

    Се сеќавам и на Волшебно тркало, гледав понекогаш. Исто така гледав Ѕвон, редовно. Квизот Изи Мизија редовно, се јавив неколку пати дури.
    Имаше еден квиз на А1 што го даваа секое попладне, ама никако да ми текне како се викаше. Водителката беше Тина. Ако на некој му текне, ќе му бидам благодарна:)
     
    На Gosh, melissa, Elena69221 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    2.625
    Пол:
    Женски
    @prominent
    јас на квизовите од А1 се сеќавам на
    Кој сака да биде милионер, Тркало на среќата со Игор Џамбазов, Момент на вистината (можно е да беше таа Тина), 50-50, ....
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @Marija_Magdalena, не не, ова беше некој квиз за деца:D Мислам дека го даваа секој работен ден попладне, накај 17-18ч.

    А за Кој сака да биде милионер, го гледавме сите собрани пред телевизор во недела вечер.
    Уште еднаш да кажам, убави времиња беа. Ми фали и А1 како телевизија, да бидам искрена. Одлична програма имаа, според мене. За секого по нешто, посебно ги сакав аниме цртаните филмови што ги набројавме неколку страни понапред.
     
    На Rama и Love 83 им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Плочка ли? Како детската игра Плочка.
    Истата Тина Таутовиќ го водеше квизот Бело глувче од пон-пет околу пладне, тоа пред да стане квиз за деца беше квиз за возрасни, одеше во Сабота ноќе.
     
    На Rama и prominent им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @sjdgo, да! Тој ќе да е:D Фала ти. :D
    Знам дека беше со жолта позадина студиото, различни игри имаше, се јавив и јас еднаш, дури и награда земав8)
     
    На Rama и sjdgo им се допаѓа ова.
  9. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    А, Баба рога доби нога... И ова беше игра со јавување нели? Малку се сеќавам само.
    Нешто слично мислам беше ко Тајниот агент Izzy.

    Носталгии е темава :u:
     
    На Rama и prominent им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.438
    Допаѓања:
    201.018
    Пол:
    Женски
    Сексуална едукација за тинејџерите беше тоа. Во секој број имаше лекција, прво запознавање со телата, а после и за сексот беше убаво објаснето. Не знам германски, ама 100% сум сигурна дека тоа беше, според сликите. Плус и тинејџери беа моделите, не возрасни лица. Убав начин за информирање и едуцирање на тинејџерите пред да започнат со сексуален живот. Ние далеку сме од тоа и сега, а за тогаш да не правам муабет.
    Ни фали такво нешто, дефинитивно.
     
    На 1209, Rama, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.956
    Пол:
    Женски
    Уф јас имам бледо сеќавање од квизот Бело глувче, памтам само еднаш дека имав освоено сок награда (мислам буквално еден тетрапак ни дадоа, не пакет) ама знам потскокнував цел пат фатена за рака со мајка ми до местото кај што требаше да ја подигнеме наградата.

    Од игри сите што беа со трчање ми беа ноќна мора затоа што си бев ѓуленце и секогаш прва ме фаќаа. Кога игравме Граница, се "криевме" кај другар у стан на 6ти кат. Catch me now, losers. :rofl: :rofl:

    Исто така омилени серии од детството ми се Ангели, Волшебнички и Хана Монтана.
     
    На Rama, prominent и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  12. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.956
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено, јас бев мала тогаш не знаев ни англиски да читам а не па на германски да се едуцирам. Го немав ни 2 пати погледнато списанието после тоа ама сега сфаќам дека имало поента зашто има голи луѓе на средината :D. И дефинитивно се согласувам дека треба да постои такво нешто во списанијата и истите да бидат продавани на тинејџери а не на малечки деца.
     
    На Rama, Annath и prominent им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.010
    Допаѓања:
    55.173
    Пол:
    Женски
    И ние така ги вкрстувавме малите прстиња и велевме "Мир мир, баба моча во тањир". :rofl:

    Исто правевме торти од кал секој ден, демек на кучињата им правевме за роденден и секое куче имаше роденден секоја недела. :D

    Си игравме со барбики, ги капевме во корито. Па кога ни донесоа барбики сирени која радост беше да ги капиме. :D

    Со ластик игравме многу, имаше една игра кога двајцата кои го држат ластикот треба да го исплеткаат што повеќе, и другите да поминат низ него без да се допрат на ластикот. А тоа некогаш вклучуваше и да лазиш по земја. :rofl:

    Игравме топката во дупката, стои еден настрана и сите играчи му кажуваат некое име, прекар, се' што ќе ти текни како сакаш да си наречен. Ама тоа е тајно, го знае само тој што запишува. Потоа сите застануваат околу една топка, и тој отстрана вели: "Нека бие нека бие (некое од имињата по негов избор)" и тогаш тој со тоа име треба да ја земи топката додека сите бегаат и ко ќе речи "Стоп!" треба да застанат во истиот момент и тој со топката да гаѓа некој. Ако те погодат излегуваш од игра. Тој што ќе остани последен "неизгорен" победува. :D

    Мижитатара на планови игравме. Поделени сме во два тима од по неколку луѓе. Едните мижат другите се кријат. Тие што се кријат претходно имаат план нацртано со цртички на земја што посочува на местото каде се кријат. Еден од тие што мижат го чува планот додека другите бараат. Ако некој скришно успее да излези и да го избриши планот на својот тим, победуваат. А ако ги најдат каде се скриени треба на цел глас да викаат "Бришиииии!' за да слушни оној кој го чува планот и да го избриши. :D Сме се дереле и сме трчале низ цело село така. :rofl:

    Ех колку игри сме играле, не ми текнува на сите.
     
    На Rama и prominent им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    41.338
    Пол:
    Женски
    Барав објаснување за крајот, ни самата главна актерка не знае. Немаше објаснување од нејзина страна освен дека доброто секогаш победувало и се надевала дека тоа е на крај Гвадалупе.
    Доколку добро разбираш шпански јазик на следниов линк имаш објаснување, иако по мое тоа на крајот беше Паола.

     
    На Rama, Love 83 и prominent им се допаѓа ова.
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @Annath @Hellobeautiful,

    еве, како некој што знае германски, ќе потврдам: Тие страници беа за сексуална едукација:) Во секој број до сликата имаше интервју со тој/таа што е сликан/а, и тие одговараа на прашања во врска со промените што им се случувале во пубертетот/први сексуални односи итн итн.
    Се согласувам дека фали вакво нешто. И според мене не е ништо страшно или срамно. Посебно па кога ќе помислиме колку прашања остануваат неодговорени и колку работи им се нејасни на помладиве зашто мислат дека е срамота да прашаат или дека некој ќе ги осудува. :)
     
    На Rama, Cinnamon Bun, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    На мајка ми дланките, кои мирисаа на нивеа и чад од цигари :inlove:
    3 слатки (кои не можевме да ги изедиме) во слаткарница, секој месец кога тато ќе земеше плата. :inlove:
     
    На Снегулк@23, Rama, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  17. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    Најубав спомен од детсвото ми се јарињата :inlove:.
    Како мала, живеев во село и дома чувавме јариња.
    Многу мили животинки, постојано си играв со нив.
    И ден денес, на you tube, гледам клипови од јариња, многу ми се интересни.
    Со мажот ми, почнавме да ја реновираме кукјата во селото, и сто посто сме сигурни, дека во пензионерските денови ке чуваме јариња :)
     
    На Rama, dayla и prominent им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Еден тетрапак? Многу скржави (facepalm)
    Мене ми беше омилен квиз од тоа време, затоа ми остана во сеќавање. Мислам 11 му беше терминот. А Плочка одеше после Дигимон уан енд онли. :l:
     
    На Rama и prominent им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.438
    Допаѓања:
    201.018
    Пол:
    Женски
    Шампити, еклери, падобранци и индијанки. По некоја тулумба или баклава. И толку беше од слатките во наше време по слаткарници.
     
    На Rama, Hellobeautiful, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ама убоо ми беше.. :inlove:
    Кремасти јадам, не со шербет..
    И ден-денес...
     
    На mal.ecka, Rama, eta и 2 други им се допаѓа ова.