1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спомени од моето детство

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Andemona, 6 јануари 2014.

  1. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Ееехххх моето детство... Пораснав со ластик, жмурка, газенка, крадци полицајци, сакате ли силна војска, паѓање и излупени колена (дома ќотек зошто си паднал) тркање со точаци (кочење со нозе) па поправање на истите (кога ќе се откачи некој ланец) по цел ден на улица, дома само за спиење, телефонот беше светски поим за мене, ама знаев кај ми се другарите, се довикувавме преку 3 улици хаха па сите не слушаа, ќе се скаравме за нешто и за 2 минути пак цепаме и играме заедно, правење торти од кал, манџи исто така, мама ќе искочеше ќе викнеше и толку одма дома. Се јадеше сендвич на улица поделен со некое другарче (а претходно стоел на земја за да доиграме и да јадеме) јадевме сите заедно, не се гадевме и не се срамевме, не се огледувавме кој колку има и какви патики или влечки носи, ама најако беше со фризурите (фриз шлем сите исти како армија хахаха) јадевме и ќотек со влечка - папуча, се криев од мама под маса хаха и секогаш беше она "Дојди ваму не а да те тепам" хахах, јадевме сладолед од 10 денари хаха и тоа со која сласт беше тоа, мавтавме на авиони за да ги поздравиме (демек не гледаат они нас дека им мавтаме хахаха), незнам каквп време беше ама секој со секого живееше, секој комшија се знаеше со секого, (ретки беа они лошите) кога се работеше нешто, сите комшии помага и кога се вртело скара сите комшии јадеа, сите летно време беа во дворовите, ама баш сите, улиците ѕвонеа од смеа, муабети, довикувања. Уште се сеќавам на комшиката што од почетокот на улицата со посчужавникот, гезве (едно 20 кафиња што собира хаха) со кафе и финџали одепе на крајпт од улицата (каде имаше паркче) да пие кафе со комшиките и да прават муабет.зимно време надвор, како нинџи бевме маскирани сите се санкавме со санки (кој немаше или чекаше ред да позајми санка или со најлон леташе пред нас) правевме снешко, се гаѓавме со снежни топки...
    Не само ние децата и возрасните се дружеа повеќе, татковците се собираа и правеа екипи во фудбал и играа фудбал, а мајките пиеја кафе и навиваа (иако и тогаш имаше и богати и соромашни) немаше разлика сите бевме едно... И ние децата исто, се дружевме сите, на роденден носевме поклон тетратка, молив, смоки хаха комбинација и сите исти тетратки и моливи зашто само една продавница имаше и пд таму се пазареше.... Еххх колку ми фали тоа време.... Време кое најголем проблем беше кој утре ќе жмури прв хаха....А да пораснавме со чунга лунга, леб-ајвар и сирење, лепче прснато со вода и шеќер, а кремот беше за дома, маргарин мармалад и чај планински мммм, шеќерни герданчиња, тетрис, нинтендо, чипичанчиња, со кога заоѓа сонцето денот, бушава азбука, големи и мали, наше мало, наш свет, развигорче, росица, кога со душа чекавме цртани на КРТ хаха мики маус, том и џери, мечето ушко, драгонбол, (пикачу) не ми текнува како се вика цртанот, снежани, пепелашки, Штрумфови (омилени после том и џери) со здраво генијалци, сител бамбини, супер ѕвезда....
    Еее мое убаво време... Се плашам сега нашиве деца што ќе раскажуваат за нивното детство... Нека се живи и здрави само...
     
    На Gosh, Nana1156, L.i.n.a.a и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    2.625
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2022-11-20-18-38-42-273_com.bubble.free.bubblestory.jpg
    Дали некој се сеќава на играва, со војници беше, ич не ми текнува
     
    На _beautyy_, Bitter-Sweet и Billy Idol им се допаѓа ова.
  3. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.165
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на маме32 ја игравме ама не ми текнува како се вика
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.132
    Допаѓања:
    39.645
    Пол:
    Машки
    Contra се вика. Ах, какви убави сеќавања имам од играва. На Нинтендо ја игравме ние.

     
    На _beautyy_, Marija_Magdalena, minne992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Овие бисквити ко мал многу ги сакав. Порано беа во некое зелено пакување и не се викаа halley ко што памтам. Пред некоја година ги видов пак во маркет, земав да пробам ама некако не беше истиот вкус.
    [​IMG]
    Со овие бисквити исто бев опседнат, ми текнува овие беа во темно сино пакувње. Не знам зошто не можам да најдам слика од старите пакувања, за поносталгичен филинг.
    [​IMG]
    Океј, најдов.
    [​IMG]
    Овие смоко беа cultural reset.
    [​IMG]
    А омилени ми беа овие:
    [​IMG]

    И можам до утре набројувам ама овие ми беа првите работи што ми текнаа.
     
    На Снегулк@23, Gosh, Ladybug98 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.094
    Пол:
    Женски
    Овие што ги збиравме од Макс смоките :)

    20141106_142249.jpg
     
    На Gosh, molikaMk, Anie93 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    2.625
    Пол:
    Женски
    Contra да, леле музиката еј, bad ass intro.. буди спомени од детството фала ти многу и на видеото што го постави.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.971
    Пол:
    Женски

    Леле Кечап да си здрав и жив што ме потсети на тоа благото во зелено, не си свесен какви убави спомени ми врати...
    Пред многу години секогаш го пречекував дедо ми на врата, ми даваше по едно благо, тогаш ми беше највкусно на свет, а чинеше само 5-10 денари:inlove:
    Грешка сум или и во црвено-кафеавкасто паковање имаше? :^)
     
    На Gosh и Ketchup им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.094
    Пол:
    Женски
    Јас па се сеќавам дека така нешто беше, во зелено не памтам. Црвено со златно.
     
    На Ketchup и Rama им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.971
    Пол:
    Женски
    Да и јас не паметам баш за зелено, повеќе сум сигурна дека беше црвено, ама реков да не сум грешка бидејќи многу одамна беше.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Па да, сега кога ќе се сетам имаше црвени линии, околу нив бело, а на основата ме се сеќавам баш. Може и кафеава била, па под некоја рефлексија мене ми оставило впечаток ко зелено. По интернет на секој можен начин побарав и го нема старото пакетче.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.206
    Допаѓања:
    21.220
    Пол:
    Женски
    Киндер брее :inlove::inlove: уште си купувам киндер јајца
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Пирошките од Луна Парк :inlove::inlove::inlove: Вкусот сè уште им го памтам, ко вчера да сум ги јадела, толку вкусни, топли, а некогаш и вруќи, па немаш трпение да чекаш да се изладат, па дуваш и гризеш и не знаеш колку ти е доста, зашто беа лесни за јадење, не беа мрсни да убиваат, абе такви пирошки веќе немам пробано, ако знаете каде се продаваат исти такви сега да ми кажете :!: Зашто навистина сум се зажелила да каснам таква вкусна пирошка :l::l::l:
     
    На mssuniquee, ZAHRA и Rama им се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    25.329
    Пол:
    Женски
    @Ketchup @Bitter-Sweet @Rama

    [​IMG]
    Моето омилено , иако бев СТРАШНО алергична ( на некоја од состојките , но не знам на која точно ) .

    А дали се сеќава некој на [​IMG]

    П . С . Причината поради која вкусот на денешните " Холидеј паста " и оние од нашето детство , не се исти е промената на фирмата која ги прави . Некогаш на Нестле , денес на Улкер ..
     
    На MeowMeow, spacegirl92, Ugly Duckling и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.971
    Пол:
    Женски

    Лелеее да, тоа е, многу години поминаа, ама добро сум се сеќавала дека беше црвена амбалажата...
    Фала ти, да си здрава и жива, ми се вратија стари и убави спомени:inlove:

    Не ми е познато воопшто ова киндер јајцето Тото, не ми текнува ич на такво од Nestle, ни пак денес имам видено од Ulker:wasntme:
     
    На cresa-jagoda, Ketchup и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.094
    Пол:
    Женски
    Да, тоа беше. И ова Тото ми е познато, бледо се сеќавам. :D
     
    На Ketchup и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    25.329
    Пол:
    Женски
    Нема за што , убави спомени на безгрижното детство што сме го имале :D . Јас се сеќавав дека се викаше Holiday pasta и на амбалажата точно се сеќавав , ама никако не ми текнуваше на која фирма беа .. чепкајќи по фирми што произведуваат вакви чоколатца ( како Улкер , Ети итн . ) случајно налетав на сликава :) . Камо да ги има макар на еден ден , абе до заден денар ќе ги фукнам на холидеј паста . Толку многу ги сакав и ги јадев што и алергијата ја уништив ( клин со клин се избива :rofl: ) .
     
    На Rama, cresa-jagoda, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    @CrazyGirl15, пребарував и јас на други брендови, прилично сигурен бев дека не се на Улкер на толку барање година по година, ама ете на Нестле не ми текна иако едно време ептен интересни работи имаа. Чоколади со разни филови, со бонбони, со балончиња и тие трошките што пукаат во уста. Ова додуша не ни беше многу одамна, пред некои 10 години. И на Тото ми текнува ама не го јадев многу.
     
    На CrazyGirl15 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Росици, сликовници со Снежана, Пепелашка, Црвенкапа, цртаните филмови Ноди, мечето Ушко, Том и Џери, сите цртани од Мини ултра, играјањето со другарите и другарките по улиците, во калта, исто така и со братучедите...
    Сега нема такво нешто. Цело време зјапање во мобилните пусти да останат. Како од една ера во друга да влеговме. Сега со тие што си играв кога ќе се сретнам како да не ме познаваат.
    Damn it.
     
    На Евроазија и Ina V им се допаѓа ова.
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Многу беше слатка оваа дружина. :) Сликава случајно ја најдов инаку поима немам како се вика емисијава, баш би сакала да ја најдам. Се сеќавам дека една од мачките се викаше Маца а некој од останатите беше Рики. IMG_20221126_184930.jpg
    Едит, ја најдов:
     
    Последна измена: 26 ноември 2022
    На Gosh, NoirSerpentine, Алек*** и 18 други им се допаѓа ова.