Скроз исто дури и кога го читав постот ме обзеде таква носталгија по тоа убаво и безгрижно време што ми потекоа солзи. Тоа веќе нема да го има.
Ја памтам... Неколку момци и девојки собрани околу запален оган читаа од книга страшни приказни, така нешто беше и знам многу се плашев, а пак ги гледав
Искрено мене ми фали млекото во ќеса, споменарите, музичките кутии. Од музичките кутии имаше разни форми, а најмногу онаа со бела балерина. Имав неколку и често ги подарував на родендени. Имав нинтендо и играв супер марио, најчесто, и прва имав компјутер и често играв карти на него. Поретко шах. Ми недостасуваат и чашките со ликови. Убави времиња беа тоа.
Лелеее Изи албумот и играта на телевизија Изи мизијаааа Исто имаше и од Покемон албум ако се сеќавате само што се паѓаа сличињата во кроасани
Мирисот на ливчињата,детската пошта,салфетките,гумите за бришење Не паметам друг детски шампон За фризурчиња и дотерување жива ненаспана сум била пд чудово пазејќи да не умре и омилената игра-играње ластик Да не се повторувам ама ми недостасува речиси се наназад што споделиле и другите членови Убави детски спомени
Јас сум од новава генерација и реално се уште сум дете,ама веќе одам кон периодот во кој ќе станам тинејџер,па би сакала да издвојам некои работи од моето се уште не завршено детство. 1.Ја лепевме мастиката за џвакање на забите(божем ни била протеза). 2.Си игравме со оние две топчиња со врвка закачени и тропкаат.Па ги фрлавме за да се закачат на жица од бандера 3.Правевме венчиња од камилици 4.Многу сакавме да се шминкаме со оние детски шминки и да ги имитираме Дизни принцезите 5.Жмурка ни беше главната игра 6.Исто и Мижи Баба 7.Собиравме сликички од Животинско Царство и се разменувавме 8.Си пишувавме во дневник(оваа навика ја применувам и ден-денес) 9.Се лепевме со сликичките од Чунга Лунга мастики 10.Скришно сами си ги кратевме коситеи после со мајките си имавме ооогромни проблеми. 11.Се качувавме на секое дрво и плачевме на секоја мала гребнатинка 12.Слушавме песнички од Златно Славејче и Поточиња.
Вие ептен модерни сте биле, со "плетенки" со сВе Ние имавме обични "надградби" од шамиите на нашите баби, па ќе ги подврзувавме некако внатрешно, и надолу висеа како коса
Трчавме до продавница и за два денара само да се земе минти, уште посреќни бевме ако ги најдеме тие два денари