Мислам дека е најубавата фаза во животот. Не се грижиш за ништо и ги немаш проблемите на возрасните . Мислам дека нашите деца нема да ги искусаат убавините на тоа детство што го имавме ние. Ова сега е хаос . Порано нашите ќе ни купеа облека и не се замаравме што носиме. Сега ги гледам уште од бебиња се со марки. Порано и родендените беа поинакви. Сега декорации,торти на два спрата со Мики со Мини сп мечиња и што уште не. И им купуваш за да не ги двоиш од другите. Него има дечиња што имаат обична торта а иде кај друго дете и гледа цела декорирана . Мислам дека интернетот и општо цела глобализација не навлече да бидеме идиоти. Колку само беше порано поубаво кога не гледаш на инстаграм којшто имал,кој каде отишол,којшто купил итн. Али тоа е ... се навикнавме одамна на ваков живот. И да ги споделам моите омилени нешта од тоа време . 1. Детска пошта 2. Салфетки 3. Сител Бамбини 4. Омилениот цртан Анастасија Има уште милион други ама овие ги издвоив .
Реално не, Кога наполнив 13, животот ми се смени страшно, почнував да имам стресови што никогаш сум ги немал до 12.