Се сеќава ли некој на леталата со трска, мушама и опашки од ќеси и со цел коноп. Се вивнуваа многу високо. Еднаш татко ми ни направи каква среќа беше тоа.
Не ми се верува дека најдов слика Последниве не ги памтам, ама знам дека имаше јогурт во кеси кога бев многу мала. Или мислам дека знам.
Помалите што ги летавме од хартија ги викавме "цуцулига", а таквото летало со трска и од подебели најлони со опашка го викавме "змеј".Кај нас во маало уште прават децата такви и ги летаат.
Generation Z 2000- Деца на компјутерите, технологијата, yt/fb, ГТА Санандреас и Самп итн.. 24/7 на улицава хахаха, homiee
Дечки, полека малку, 2004 излезе ГТА Сан Андреас, стана популарна меѓу нас, Миленијалците, заедно со Нид фор Спид Андерграунд и Мост Вантед, Кал оф Дјути 2ката и Кантер Страјкот. "Мрдај бе говедо" - македонската верзија. Уште дома немавме компјутери, по интернет кафиња ги плешавме во локална мрежа 4 против 4 или 5 против 5, или во наш случај 5 против 2 пошто бевме многу добри. Вие ГТА 4ка, 5ка генерација сте. Фпс генерација со лед диоди на тастатурите.
За ова до некаде си во право баш хахах, ние 2000/2001- Z дур пораснавме излезе и 4ка, ама најмногу окапавме на Санандреас особенo multiplayer Сампот 2012-13 тогаш беше хит меѓу нас, а кантерот за вас Carllll "CJ" Johnson NFS MostWanted беше исто хитчиња меѓу нас. Додуша не се прибираше нешто, битно беше да се игра, дали ГТА или Кнатер, особено кога си дозволивме компјутери дома
Е тоа е разликата, што ние не ја игравме Сан Андреас како мултиплеер. Ама ја фативме и Vice City. Не беше лоша. Most Wanted 2 мислам излезе 2012? Carbon, ја фативте неа? По мене последната добра NFS. Исто ние доста и стратегии плешавме како Age of Empires, некои други беа на Dota навлечени. Вие веројатно почнавте со LOL. Почесно да ја спомнам и Battlefield 2 и 2042. За игриве се зависи од тоа колку моќна машина си имал. Тие со помоќна плешаа и Crysis. Кај мене последно што подржуваше беше COD 4: Modern Warfare. Толку. А гејмерите, секако, си останаа верни на игрите и цело време си ги надградуваат машините со помоќни делови, па дури и со механички светлечки тастатури како @Scott Weiland Ние другите, додека имавме машина што можеше да "вози" актуелни игри, се пробуваа. Потоа кога веќе имаш пари да купиш ново, поминал меракот, и се шифташ на работна машина. Мала шала. Што ако Џен Зи живееа во времето на Миленијалците. https://www.tiktok.com/@mymobilex/video/7245720850027138331?
Vice City се играше исто, особено по компјутерџилници, а кога добивме компјутети по дома е тогаш Санандреас, па тек некаде 2012 и мултиплеер. Многу игри постари од нас ги игравме, беа тренд. Carbon да, ама не ни беше толку опсесија како Мost Wanted, мислам дека имаше за прв пат Голф 5 и БМВ Е46 на неа и сите ние као "вауу" па уште и ако го видевме во живо хаха. Ова некаде 2008 нагоре а играта е 2005 е. Убаво се сеќавам дека баш ја зачекавме Фифа 10, Пес 2009, 2012, 2013. И ќе заборавев, Конквер исто иако постара од нас хаха па тек после и LoL. Додуша мене овие не ми беа нешто привлечни, Конквер повеќе играв а другово и сега не знам како се игра. Јас повеќе ГТА, Пес, Фифа, првите години кога имав компјутер редовно ги симнував, прво што ставив на компјутер беше ГТА Санандреас тоа беше 2010 година кога ми земаа ПЦ, па после Фифа 10 беше мислам
М3 E46 не беше на босот во Most Wanted? Golf R32 5ка имаше во Карбон. После со пачеви некои ако имало 6ка, ама не се сеќавам. Знам Пежо 206 дека имаше во Underground 2 и ми беше омилено на почеток заедно со Тојота Корола и Фокусот. Потоа гледав да завршам кампања со Subaru Impreza WRX. Во Most Wanted ми беше RX-8, Audi TT пошто во тоа време беше огин и Evo-то Од подобрите секако ми беа Поршињата (Carrera S и Turbo). А и со Supra-та сум играл доста. И еден Мерцедес знам имаше еден бос, доста добар, CLK мислам. Ама со RX-8 сум знаел да ја превртам кампањата. Најдобра Пес на сите времиња: Пес 6. А почнав од Пес 5. Фифа, не се сеќавам од кога. Не беа првите добри, таму некаде од 2014 мислам ми беа подобри од Пес-от кого го унаказија. Уште имам Фифа 19 инсталирано и чат-пат си играм кога ќе ме фати досада. Ми иде желба да си земам и еден PS3 или 4ка чисто поради Фифа и Пес. Ама па и немам веќе со кого да ги плешам... И така... Тажна приказна.
Ова е таа програма, ова се тие цртани со кои растеа генерациите од 90ти. Сликава е од 2001 година, така пишуваше во опис.