И сите други бонбони од Европа. Чоко локум од Европа, рум штангли, чоко зајко, агрокрем, степ дринк, сладоледи - снежец, руменко, цитрон... Битолски сокови во старата амбалажа (без капаче), млеко и јогурт во кеса, леб без фолија, пелистерка, кока кола и фанта во стаклена амбалажа... Агроблок чоколадо, дорина чоколади, дезенирани салфетки, новогодишни честитки, бастумчиња од Европа, лампиони во форма на бонбони, колачи глувчиња, албум Сара кеј,.... Серии - Касандра, Росалинда, Наше маало, Големи и мали.. Емисии - Дајте музика, Здраво генијалци, Весела математика, Ѕвон,.... И да не набројувам уште. А најзабавното - Зафркавање луѓе по телефон. Во време кога немаше идентификатори.
Ме потсети на детството, хит беше тогаш ова, секакви стикери собиравме па се разменувавме. Мене оние со храна ми беа најомилени, опседната бев. Штета фрлен е албумот. Ах времиња бе.
Лелејј, е ова како ќе го заборавам, брат ми скрши прозорците на баба ми и дедо ми, па татко ми прозорци купуваше Ептен залет земаше кога играше со нив
Мобимак и Космофон. Антена и Викенд, тие две списанија што излегуваа секои петок и сабота во Дневник. Тетратки и блокови за цртање со слики од Матрикс, Лара Крофт, Млади бунтовници и co клубовите од Лига на шампиони.
Том и Џери, Мрзливиот град, Малите Ајнштајни, Скуби ду, Цртаните со Барби а имав ранче од едниот цртан и Пет плус Фамилија Решко ми буди убави спомени. Животинско царство јадев. Chicken Invaders или Invasion ми беше омилена со пукање кокошки. Исто така играв Games for Girls и, онлајн. Од турските серии Кога лисјата паѓаат, Долина на Волците и Сулејман Величествениот.Тоа беа убави времиња Сега све отиде у курац