Ишлерите исто ми беа омилен десерт. За жал све испорасипаа, све е крш. Од Авон имав друг вид на Барби мирис, можеби на мирис да бил сличен, овошен беше Торта имав таква со кукла внатре и со шлаг цела Е у Мекдоналдс, поише ме носеа у Рамстор молот, коа беше нов и актуелен, го обожавав вкусот, лепчето, кечапот и киселата краставичка особено
Еден од најдрагите спомени од детството што уште си ги чувам. И од Бакуган играчките ги чувам и тоа беше голем дел од моето детство. Ако ги има некој овие металните жетони од Покемон што се паѓаа во чипс и не му требаат, би сакала да ми ги даде или да му ги купам крај краева.
Ама хармоника автобусите беа најинтересни од овие стариве, врв беше коа вртеше, а стоиш на тоа кругчето, па шкрипи, доживљај Новиве хармоники 5 ки не се нишо посебно Да продужам да спамам Змијата од Нокиа Ова беше игра од телефонот на татко ми, жива зараза ми беше Само му ја трошев батеријата Спомени со постара братучетка, ни даде од телефонов на мене и брат ми да го слушаме хитчево, мп3 и слушалки поддржуваше, кои радости бевме бе А од другиов нејзин знам за првпат ја слушав Ова беа неповторливи времиња
А што да кажам јас од 80те Ми текнува на сладоледите Руменко, Цитрон, Снежец, Ѕвезда (на Алгида беше тој сладолед). Мастики кои пукаа во уста. Албуми Сара Кеј и Животинско царство. Едно од омилените благи
Не си од 80 те, касни 80 ти беше родена? Ко братучедите мои си, баш у 90 ти растена, ко ја у 2000 те, така да бебе од 80 те, дете од 90 те си
Татко ми возеше таков. Возењето беше забавно. Пред некоја година ми беше пресмешно кога го видов истиот автобус како влече дупло помлад.
@Mrs. right да, баш врв да застанеш во кругчето. Како на рингишпил да бевме. Јас ќе ги дополнам сеќавањава со блок чоколада. Денешната не ми е како таа некогашната, или тогаш сѐ ни беше повкусно?
Преку лето играње Бриџ и Џандар збира у маало под сенка додека не се стемни, вечерта играње Граница, криење по цело маало, па мала пауза до дома да се дереш пред врата мајка ти да ти напраи сендвич класика салама, кашкавал и кечап, обавезно у крајче па мајка ти те пцуе оти мора нов леб да сече оти и брат ти лигушот сакал у крајче. Па после идење вода пиење со цела банда сите жедни, се молиш да не те приберат дома, па среќа ќе ти напунат вода у шише два литра да не перат чаши, или па си начекал додека цревото е пуштено да се оладела куќата. После фаќа више ладно и време е за спиење, а и Рекс иде на А1, сите паљба дома на туширање да излезе пресокот и прашината од тебе и да дознаеш каде се си се испогребал и истепал скокајќи преку огради, на шлепери ( да, таа сум) и по жбунови додека си се криел и утре Јово наново.