Описов ми замириса на летен распуст Додавам чекање да се стемни за да крадеме цреши од кај бабата која цело време не колнеше
А се сеќавате ли на ,,Драго непознато другарче“? Кога се допишувавме со деца од други градови? Си праќавме писма, цртежи, детска пошта. Другарка ми се допишувала со некоја од Струмица, ова у трето-четврто одделение, и оваа ѝ пратила писмо, а подолу и песна: Полето е зелено, тревата густа, Маја и Трајче (карикирам), со јазик у уста. Тој ѝ бил симпатија. Другарка ми била у фазон: Секако дека не ѝ вратила повеќе на писмото.Била згрозена. Не се сеќавам само како ги наоѓавме, памтите ли? Преку ,,Другарче" списанието? Мене никој не ми врати се сеќавам. Имав маалски, што се запознаа со другарчето, им дојде на спиење.
Јас се сеќавам исто трето или четврто одделение, си праќавме новогодишни пакетчиња. Со други непознати деца од школо. И не знаеш што ќе ти се падне. Ти испраќаш на некое дете што не го знаеш, добиваш од сосема друго дете што не го знаеш
Да, преку Другарче и Наш свет. И јас се допишував ама појма немам на најголемиот дел од писмата содржински. Плус си испраќавме новогодишни честитки по пошта со тие другарчиња.
Јас се сеќавам од странство дека имавме пакети, а може и не било од странство не знам, ама во магла ми е. Ама се сеќавам дека брат ми имаше девојче кое беше инвалид и имаше слика од неа, се допишуваа повеќе години. А дали сте имале размена на ученици од други земји кои доаѓале на натпревар у школо и требаше да бидат кај вас на поседок? Кај нас имаше на натпревар по математика и јас се пријавив да земам дете, дома беше лудница, спремање готвење, за на крај поради лоша пресметка на учителите немаше дете за мене. Се сеќавам дека се убив од плачење, многу големо разочарување ми беше. Другарка мк волантираше да дојде на ручек кај нас иако имаше шпагети, а таа не сака да ги смисли. До ден денес ме зафркава каква жртва направила за мене
Да и јас се сеќавам на пакетите, некако ми е во малга. Ама се сеќавам дека ми паднаа пешкир, четка за заби нешто така а кај сестра ми беа барбики. Хахаха
Цела соба ни беше излепена со постери со сестра ми. Не се гледаше ѕид. На крај и вратата ја налепивме. Поттикнати од америчките филмови на врата од надворешната страна "do not disturb". Од кај ќе стигневме збиравме постери, не значеше дека знаеме кој е уметникот или ја слушаме музиката - лепи. Немајќи каде повеќе, излепивме еднаш кај брат ни во собата кога не беше дома, тој тежок металец а сме му стаиле веројатно нешто од типот на Бритни Спирс. Ни ги фрли и бевме лути некое време.
Ах да, Америчките пакетчиња од Каритас - донација од американските семејства за децата во земјите од третиот свет за Божиќ. Уште си ја чувам...
Леле исто. Многу добиваа играчки, јас добив пешкир, сапуни некакви, крпи и се сеќавам за прв пат видов тогаш сунгер мрежа, со прасе горе, овака нешто: Денес ова и кај нас го има, тогаш ми беше woooow.
Леле да какви сеќавања, преку списанието Другарче, често испраќав песнички и цртежи. Јас се допишував, со една до ден денес имаме контакт, фамилјарно се дружевме, одевме во нејзиниот град, они во мојот. Другите не ги памтам, треба да пребарам мајка ми дали чува некои.
Јас моето другарче за допишување (сега мајка на две златни девојчиња) ја најдов преку Наш Свет, имаше рубрика ,,Ајде да се допишуваме’’ Си праќавме писма неколку години по ред, честитки за празници и родендени, па дури и ситни подарочиња (како ланче или обетки бижутерија ) Бев на гости кај неа и таа кај мене истото лето. Преубави спомени од едно време со поголема наивност, спонтаност и радост
Гледавме тинејџерски филмови на видео касети кај некоја другарка, игравме ластик,брза географија. Јас собирав детска пошта,се допишував со две девојчиња. Имав постери многу во соба, дневник. Секогаш јадевме надвор мармалад со маргарин на леб намачкан. Викенди баравме слободен кош за кошарка,пеевме песни од фестивали. Ги гледавме звездите ,се смеевме. Можеби тогаш не знаевме дека тие спомени се најубавиот период од нашиот живот. Мечето Ушко,Химен, Калимеро, Беверли Хилс, руските цртани филмови мислам дека се и едни од најдобрите.
Се сеќавам на тие пакетчиња . И јас добивав. Е сега после години поминати и кај нас во Германија има такви акции. Најчесто преку школо од децава. Спремив и јас пакетче , со голем мерак. За девојче од 6-8 години . Се имав ставено , од четка паста за заби , четка за коса , школки. Тефтерчиња, боички . Сијалички за доба , нешто благо и честитка за нова година со слика од нас како фамилија. Убави спомени
Многу сакав играчки храна, садови за готвење итд Телефончето нешто слично на ова беше, со шминки, преубаво мирисаа