@pinklipstick која генерација си ти? Пошо нишо не ми е познато од ова шо постирате на последниве страни. Те мислев за помала Омилена
Има една група на ФБ, ретро ризница се вика (сликите подолу се од таму). Нинтендо со пиштолот за гуски пукање: Сладоледи Несесер за прибор со ластиче за секоја боица
Pokemon advanced challenge што се емитуваше на А1 синхронизиран. Само не знам дали многу го памтат, бидејќи првата сезона беше повеќе популарна. Фифи и малите цвеќиња. Се собираше и албум, го собрав и добив плишано мече награда. Бакуган. Underrated цртан филм. Masquerade беше ликот кој го обожавав и оттогаш почнав да се опседнувам со фиктивни дводимензионални мажи (некогаш и bad guys). И кога сфатив кој жанр на аниме (ќе) ме влечи (шоунен) Албумот Покемон чии сликички се паѓаа во кроасани Дигимон жетони, мислам се паѓаа во смоки, ептен во магла ми е таа меморија. Цртанов беше прејак. Со кучево и човекот имаше уште еден, Stop the pigeon или така нешто. Многу го обожавав Скуби со Скрепи ду, особено песната Нинџа желки кои ги даваа синхронизирани на А1. Додека другарките беа опседнати со Барби, јас си обожавав акција. Кралот Лав вториот дел, со ќерката на Симба, Кјара. Непопуларно мислење, отсекогаш го сакав повеќе од првиот оригинален цртан. Бејблејд, иако скоро ништо не памтам од цртанот, знам дека имавме играчки вртимушки кои ги обожававме. Чипичани. Овие се лично мои кои ги чувам уште, буквално никаде немам видено вакви Пикачу чипичани, другите сите се слични еден на друг. Којзнае, можеби можат да проработат.
Леле колку киснев на телефон и вртев на емисијава и никад не добив линија ПУ БЕ! Бетер од баба рога ефект имаше