Колку јака батериска. Прв пат гледам ваква.. Од која година е ова? На што работи? Колку работи само прв пат ги сретнувам на темава.
На батерии беше вајда,од кај да ја знам Јас ја знам од 2006 год,а мислам дека се произведувале некаде 1980год
Лелее , дедо ми имаше дури 2 вакви . Ги чуваше ко очите во глава . @Mr.Limonko , ја ко фосил овде ќе ти кажам . Работеше на батерија , од овој тип Вака изгледа кога е отворена Само тие на дедо ми имаа стакленца/леќи во зелена и црвена боја , и прозирно . П . С . Иако ги криеше бидејќи играв со нив секогаш , ја како мало ѓаволче се качував по шкафовите и секогаш ги наоѓав и редовно ги отварав и " истражував " ( дека многу има за истражување де ) .
Колку ги обожавав овие постојано "цртав" нешто. Колку се имавме исчукано по раце додека го фатиме ритамот. Макс смоките што беа 5 денари.