Уште си ги барам во најладното кога ќе ми текне. Како дете носев и од оние дебелите волнени елеци (долги како здолниште за топли половини) и дебели ѕиври. Плус со јамболија спиев и држев жешка ќерамида на уво кога ќе ме болеше, викс маст до мене. Само мајка ми ми велеше дека убаво си правам, а богами и арно правев. Море, ми даде една идеја за зимава.
Да, кај дедо ми и баба ми в соба, со јамболии спиеја. Ние ко деца одевме таму во зима, се покривавме додека дедо ни ни читаше од "1000 зошто 1000 затоа". Спомени. Ама дека чешаа многу, да.
Оној наранџастион јорган од 200 кила у бел чаршав со коцката на средина, одозгора јамболија и нема мрдање до сабајле, како си легнал, така и ќе се разбудиш.
Леле даа дама. Јас на село имав ваква нацртано на картон и ја игравме со гравчиња ама како се играше да ме убиеш нема да ми текне
The tribe https://www.imdb.com/title/tt0274988/ Ги има епизодите на јутуб. Ко мала колку се плашев од Зут.
Каква греалка, клима или радијатор? Ако ти идеше ладно, се знаеше. Или јамболијата или јорганот. Пикање и топлење за неколку минути.