Сите горенаведени работи ме потсетуваат на детството(да не ги набројувам повторно). Многу интересно ми беше кога играв на нинтендо порано,кога гледав Сител Бамбини, Златно Славејче,кога игравме надвор со сите деца...зошто пораснаааав,сакам да сум повторно малечка ...
Убаво си глумевме со цигарве-мастики, тик так демек апчиња, и вино-од секој црвен сок А кој не го направил ова?
Детство најубаво нешто од животот на секој човек најневино сите слики ме потсетија шубо ни беше кога си бев мала не ме болесе глава за секакви глупости и за секого спомен шо ми има останато Кога лажевме со кесе хахха демек има пари и кој ке се наведни ние со конец и макара му го тргавме и имаше смеа
Еве нешто од моето детство, има уште мноогу работи како на пример: жетоните од Поќемон(ги имам повеќе од 50) сложувалките, детскиот прибор за јадење , "телефоните", скокалиња итн итн. И да, повеќето од работите ги чувам (на пример Касни порасни и други боенки и сликовници).
Еееее да и јас сум од оние што мислат дека иако немавме ни третина од она што го имаат сега децата...сепак мнннооогу повеќе се забавувавме и бевме многу посреќни и побезгрижни....баш ми фалат тие денови
Спомен од моето детство е големата лузна на ногата. Поради што? Сакав да ја спасам повредената гугутка која ја најдов под колата. Додека трчав да ја спасам, се сопнав од р`ѓосана жица и се расеков. Повеќе плачев за гугутката одколку за длабоката повреда која ме болеше.
имав ваквии две со пикачу дефинитивно оваа боенка и нај подаруваните чоколади за роденден ако имаш брат/сестра со овие сум се изнаиграла овааааааа само медолино јадев oва само јас ли го гледав moite omileni овие за коса житони _______
Многу се нервирав кога некој ќе ми донесеше Дорина чоколадо од рум,пошто многу го мразев.Се радував кога наместо ситни парички ми даваа карамели од Европа.Ах времиња