Кликајте слики (мрзи едни) Кога одење во локална пиљара имаше смисла. Кој телефон го имавте дома? Детска искрена радост кога ќе видиш читава говорница. Кој ви беше омилен? Степ сокчиња на растворање што даваат поголеми грчеви во стомак од женски ПМС. Ајде на спиење. МТВ 1 Која другарка највеќе ви се гребеше за лабело? Супер Марио на Нинтендо.
Овие телефони беа чудо, знам зашто како мала ги трескав, ми паѓаа и си работеа како ништо да не се случило, ниту еден не се расипа, а доста постари од мене се. Два имавме дома.
Овие телефони коа беа на сите другари и пријатели броевите ги знаевме на памет Сеа сопствениот број си го забораваш
Уште им ги знам броевите тогашни. Го користев некаде до кај трето четврто одд, потоа зедовме од тие безжичните.
Ејј времиња убави Ако споредам тогаш и сега, сега многу повеќе финансиски сме подобри за разлика од тогаш. Ама тогаш се беше некако поубаво, мирно.. Сега повеќе се шета отколку некогаш. Дома фрижидер крца, не стасува во едниот, ставаш во другиот. А тогаш се знаеше основни работи во фрижидер. Во продавница немаше како сега да не знаеш што да одбереш, бираш чоколадни бананки или ресана на мерење со црн сок Синалко. Уживанција... А сега се имаме, најадени, нашетани, плакари пукат од преполнетост, ама се ни е некако вештачко. Се плашам што ќе биде за 20,30 години. Како вчера да бев основно школо кога се шлакав со овие овошните сјајчиња на уста, измрсена до муцка Да знаев дека носталгија ќе ме пука, многу работи ќе си зачував. Имам и сега некои ситници, кои никако не сакам да ги фрлам.
Ми доаѓа да си каснам од газов ко ќе ми текне дека ги исфрлив сите броеви што редовно ги земав од Росицa, Развигор, Другарче, Наш свет, Голем одмор што после го преименуваа во Оправдано присутни, Таа, сестра ми купуваше Тин шема и Теа модерна, ги исфрлив стриповите Загор и Марти Мистерија, куповите писма што се допишував... Богатство. Па ниту играчки не зачував. Сè остана само спомен во глава. Се сеќавате на таписериите на ѕид?
Кај баба ми во ходник стоеше, леле тоа звукот од пилето кога означуваше точно саат уште ми е језив ку-ку