На лижавчињата само од слика им го чувствувам вкусот, имаше мислам и едни како пиштол, ако памтам добро
На Витаминка ресаните се продаваа во сина картонска амбалажа, не можам да најдам слика. Попримамливи ми беа така. И само со вкус на портокал беше желето.
Rosal lip balm disco queen.Се сеќавам и на рекламата, моите ми го купија за НГ, Боже колку се осеќав ,,голема".
Со овие брат ми прозорите сол ги беше направил, се внесе во играта летнаа право во нив А па колку болеше ако при игра некој зглоб те акне
А од другата страна имаше уста, плико и корпа. Демек кога ќе ја фрлаш прво да ја завиткаш во хартивчето. Ние овие три делчиња ги киневме посебно, ги виткавме и влечевме. Устата значеше бакнеж, пликото дека ќе добиеш порака а кантичката дека ќе добиеш корпа. Исто, не знам дали се сеќавате на списанието Тин Шема. Преубаво списание за тоа време. Имаше секакви новости од областа на шоу-бизнисот, мода, игри, секс совети....Еднаш во неделата излегуваше и едвај го чекавме .