Ах долапче со спомени. Гледавме Бранко Коцкица Сложувавме Рубикова коцка, колку ме има занимавано коцкава, саати и саати растури, намести ја Штедевме во бубамара касичка, не можам да најдам слика Растваравме сјај со вода и правевме меурчиња Дувавме глуварчиња, баравме детелинки со 4листа, плетевме венчиња од бели ради. Лижевме кесички концентрат за сок по 10денари што беа и ни се фарбаа јазиците и устите зелено, црвено било како од бојата на прашокот. Џвакавме црни мастики и ги лепевме на заб и дома се преправавме дека ни скршиле заб. Зезавме непознати по телефон. Ѕвоневме по влезови по врати и бегавме кога ќе отвореа. Игравме народна, школка, ластик, жмурки, карти, монопол, не лути се човече. Собиравме украсни ливчиња, салфетки, значки, беџови, кутии од цигари, џамлии па се трампавме. Собиравме детска пошта, пишувавме писма, правевме споменари Си праќавме разгледници за Нова год. кога одевме на одмори. Соборавме сликички. Слушавме музика на касети на вокмен. Возевме старински ролшули Си имавме токи-воки заедно со комшичето другарче да се слушаме и зафркаваме. Спомени од безгрижно и убаво детство.
Собиравме сликички за различни албуми (животинско царство, Sarah Kay и др.), детска пошта, украсни ливчиња, салфетки, беџови и разменувавме дупликати. Игравме ластик, народна, жмурка, карти, не лути се човече и домино. Се качувавме по касите на вратите, пишувавме со креда по ѕидовите на ходниците, на делот кај шо имаше фарба во боја, се допишувавме со непознато другарче, испраќавме честитки за Нова година и едвај чекавме да дојде поштарот, се лизгавме во зима на снег, правевме снешко, си игравме со многу играчки и уште многу други драги спомени од убавото детство.
Ахх детството па ги има многу :Светот на бајките,Умни глави Си-До фестивалот ,Сител бамбини,крижи мижи,детска пошта,собирањето шарени салфети,торти од кал ,пари од ливчиња од дрво,зелени кајсии,сликички за албуми,касети ,споменари,боење на јазикот со степче за сок од маалската продавница ,смоки Агроплод Ресен,кремчето со децата на Витаминка,Том и Џери,Мечето Ушко и мн мн др нешта ....
Hahaha gi srizev moite od pari , postojano barav pari. Srekja dedo mi bog da go prosti bese ziv pa nikogas ne me odbil sekogas imav hahaha i den denes moive mi spomnuvaat kako koga bev mala postojano im barav paricki hahahaha
Shoe people. Како ли беа преведени на македонски, песната уште ја памтам, шу шу шу шу пипл Се наоѓа уште по некој Метузалем овде
Аиии овие колку ги гледав, фала што ме потсети на убавите времиња, баш пред некое време во ФМЌ зборувавме за цртани од нашето детство, ги заборавив овие. Член, мислам си моја генерација некаде, ти текнува на Пожарникарот Сем и оние Грашковци, мислам дека така се викаа, и тие тој период играа
Па Чевлички! @Rama , грашковци исто така ги даваа на МТВ тоа време. Омилени ми беа. Го гледавте возот Томас? Чу чуу Иначе барам еден цртан од тоа време со години и никако да ми текне кој беше. Од меморија некако одеше овака... Две деца (машко и женско) на тетратка цртаат цртежи/предмети (само рацете им се прикажани) кои оживуваат и се тепаат меѓусебно. Пр. Девојчево црта дрво, машково пила која го сече дрвото, па девојчево нешто друго кое го напаѓа машкото, па тенкови, авиони, ракети.... Ви текнува?
И јас мислам дека сме генерација,чим си ги гледала овие цртани ,иначе се сеќавам на цртаните кој ги наведе.Јас пораснав со Кире Банамен,Калимеро нема правда,Пчеличката Маја,Палавковци.
@Billy Idol се сетив на цртанот. Ама не можам да се сетам на име ниту јас. Се сетив и на Le Piaf Со душа чекав да почне, го обожавав пилето, а исто и оној цртан филм со мечиња, го даваа на времето на мтв, паметам едно се викаше Чарли. Се сетив и на штрумфовите и Гаргамел.
Сите ги пратев и сите ми беа омилени. А оној со еден вештер во замок и куче скелет што имаше? Го заборавивме и Ла Линеа (Баљум, Баљум) и Балтазар (овој хрватски беше). Иначе овој да не беше со мечињата?
A DragonBall го заборавивте лиии ? Најдобриот на сите времиња, секое утро го гледав во редовниот термин, не испуштав епизода. И сега би го гледала ми се чини.