Били да ме убиеш не ми текнува на таков цртан, не сум гледала таков со момче и девојче кои цртаат и оживуваат ликови @bicycle Хахахаха да си здрава и жива, и овие ги имав заборавено, омилен ми беше Чарли од сите тројца, кога се вработив за првпат имав една повозрасна колешка која многу личеше на Маца, нереално дури, и секогаш кога и да ја видев ме потсетуваше на Маца од детството
@lovestoneddd, носталгија ми предизвика со сликава од Dragon Ball. Не пропуштав епизода, секој ден бев нацртана во 18.00 пред телевизор на тогашната А1, мислам дека не дишев додека гледав А сабајле, кога бев втора смена во школо, во 10.00 ги гледав и репризите. И плачев кога ја прекинаа. Собирав и албум А кој се сеќава на Дигимон? И тие ги обожавав
@Rama и јас го сакав Чарли многу Само заборавив како се викаше папагалот. О и да, имаше уште еден цртан, се плашев секогаш кога ги даваа ама со тек на време ги засакав... Чудовиштата од нашиот град
Ова ми беше фаворит од цртани ко дете Ги помни некој мечињата со доброто срце? (ок не, си бегам у 30+ка)
Доктор Глобил произведувач на чудовишта Овие летечките мечиња имаа најубава песничка кога почнуваа. А ви текнува на тој цртанот со кокошката и петелот? Не знам на што јазик беше..
Си имам дома цел несесер со жетони од дигимон, покемон, драгон бол и оној со вртимушките, ама тој малку го фатив... Ју-Ги-Ох карти... Имам и албуми покемон и драгон бол. Цртежи цело блокче од сите погорните кои ги копирав после со индиго и продавав во основно. 1 цртеж - 10 денари. По 200-300 ден дома сум носел дневно. Душманите родителска свикаа на ниво на генерација. Бизнис јак се правеше. Се чувам за идни поколенија.
Скоро ниеден од овие цртани не ги знам. Јас ги гледав Телетабиси, Фифи, Јаготка и еден цртан со мече што го даваа ептен сабајле. Баба ми ќе ми направеше бисквити со млеко и го гледав во дневна. Само на една епизода ми текнува, правеа песочен часовник, ама не ми текнува како беше името. Имаше еден период и кога даваа Мики Маус и Братз едно по друго.
во 19.15 h почнуваше цртан најчесто Мечето Ушко,Том и Џери,Попај...Балам балам ..и др после директ у кревет.И знаевме со сетра ми по завршување на истиот да викаме ,ај уште еден ..прерадосни бевме кога имаше уште еден. А у недела во 12 напладне даваа долгометражен цртан од Дизниевите цртани,Снежана,Црвенкапа ,Пепелашка...ја чекав недела со нетрпение.
Фифи, Телетабиси, сите цртани во периодоѕ од 2004 до 2008 на Cartoon Network и тоа на Б со сино лого што беше (нека пише некој ако се сеќава како се викаше каналот). Веќе 2009, 2010 почнав да гледам серии со сестра ми .
Boomerang мислам беше со сино лого. П.С. Мене меѓу омилените цртани ми беа Ninja turtles, иако тогаш бев малку поголемко девојче. Јас бев Рафаело.
Рафаело беше со нончаките? Темпераментниот? Јас бев Леонардо, водичот на групата. Со двата меча. Многу ги сакав. Не само што ги гледав, ами имав и дискета за Нинтендо од нив и ги отепувавме од играње. Други игри што сме ги играле, освен Супер Марио, Тенковите беа: И многу други од оние по 9999 игрички внатре. Што сте играле вие на Нинтендо?
За мене Супер Марио беше синоним за игри на нинтендо, јас лично немав, ама имаше другарка ми и по цел ден игравме
Даа, баш тој. Темпераментот во сите борби. Инаку и јас немав Нинтендо како и Рама, ама кога идев по гости кај што имаа обавезно игравме со саати со братучеди и братучедки. Не ми текнува многу на имињата на игрите. Ама знам дека освен Супер Марио of course, игравме една игричка со тепање со братучед ми. Поим немам како се викаше, ама да не оставеја ќе игравме и цел ден. Толку сосредоточено внимание колку што имав за игрите, не сум можела да воспоставам за учењево.