И самата емисија, ама и книгава што ја имав ме потсеќаат на детство. Врзани ми се со безброј детски чувства и со мириси на местото во кое израснав. Исто, останато ми е во сеќавање дека следевме Зимска рекреативна програма. Празници, сите на купче, сите слободни. Се сеќавам и на оние писмата што ги правевме за Ѕвон, на перфорирана печатарска хартија. Па ако ти го покажат, невидена среќа. На ваква хартија мислам Не може тука да не се спомнат Белото циганче, Трст виа Скопје, Волшебното самарче, Опстанок, Македонски народни приказни, и омилената Чорбаџи Теодос кои ги гледавме одново и одново по стотти пат. И на целата најубава графика што ја има сега, незаменливи ќе ми останат Балтазар, Том и Џери, Роботот Пепе (што ги сака бисерите ), Мечето Ушко, Радувањата на Радован и лошото дете Хуго и една Маша од мое време, ама не оваа сегашната. Маша од мојот апсолутно најомилен цртан, Волшебникот од Бахрам. Вака звучи непознато, ама ако кажам "Будала Земзела, јас те пратив по момченце, ти ми донесе девојченце" некои од вас ќе се сетат Убавини
Во светот на бајките Умни глави Големи и мали Наше маало На овие емисии се сеќавам. И бушава азбука некако како да ми е низ матно сеќавање, ама многу мала сум била кога ја давале. Нинтенда десет може. Прво едно црно со сини копчиња, после и едни понови со тастатура што излегоа. Се сеќавам на тие игрите со пукање пајки и каубојци. Супер марио и ден денес на нет си играм некогаш, ама не е исто, како што беше на нинтендо. Или дека мала сум била, ми било поголем доживљај. Имаше и една интересна игра со тенкови. Сакам пак да сум дете.
Дечки дали се сеќавате како се викаше цртанот со жолтава мачка горе лево на сликава? Знам дека е од „поновите“, француски цртан и го даваа на мрт, ама никако да ми текне како се викаше. Инаку не знам дали некој го спомена и Астерикс и Обеликс. Го даваа мислам едно време во епизоди на Сител. Освен ако не ми се присонило.
Ејјј знаев дека е нешто што се „римува“ со Тирамису. Мајке ми, под име Тирамису го барав. Едит: А и француски не бил.
Земзела бе, сум го заборавила. Ама Вовчето од Боливачково е незаборав. Многу убава приказна, многу убава порака...
Ви текнува на Врти шише? Доста популарна игра. Кога ќе ми текне кого се сум бакнала, коса ми се крева
Еве нешто носталгично од мене: Спојлер Овие две сезони играа на А1. Од првата сезона беше албумот со сликички што се паѓаа во кроасани, а од седмата жетоните што се паѓаа во чипс. Ден денес ги чувам жетоните, драг спомен ми се. Некои од најпопуларните цртани на стариот Cartoon Network: И некои слики од цртани што ги гледав: Предмети:
Прекрасна тема, мило ми е што се активираше. Како што вртам наназад ми испливуваат на површина некои позитивни чувства, спомени од едно прекрасно, безгрижно време. Времето додека одев во основно ми го одбележаа и следниве нешта: Кај нас обично Наш Свет доаѓаше секоја среда на час по математика, едвај чекав да дојде за да имам со што да се занимавам Потоа, лектирите... Има уште многу, можеби ќе додадам во следниот пост уште некоја. Премалку простор тука а премногу книги што ми оставиле прекрасен спомен И, Rebelde Way... Не верувам дека има луѓе од мојата генерација што не беа луди по нив. Омилена ми беше Марица, Миа не ја поднесував воопшто.
Кога ве читам, си велам па вие млади сте... Rebelde Way кога беше на А1 јас бев на факултет. Тетрис стана хит кога бев крај на основно школо, а од мое време нешто што паметам, се Bazooka и Чунга Лунга мастиките, Фризби чоколадите (ги обожавав), цртанот во 19:15 на тв пред спиење. Најчесто Мечето Ушко, ама и Радувањата на Радован, Мразулко, Калимеро, Марко и Шарко (така ли се викаше?), секако Том и Џери, Пинк Пантер и Душко Долгоушко. Во мое време актуелна детска емисија беше „Чук чук Стојанче“, а богами актуелен беше и Канал Д, каде што даваа детска програма. Само не ми текнува дали беше втор или трет канал на МРТ. Иначе и третиот канал беше доста актуелен, MTV даваа, младински емисии со видео спотови, паметам дека и Раи Уно го даваа, оттаму ја паметам и Амбра Анџолини, водителка на емисија за млади во Италија.
Ех Наш Свет кога се читаше, времиња. Инаку и јас повеќе ја сакав Марица. Поголема сличност си наоѓав со неа. Уште една серија од ова време беше и Casi Angeles.
@Purplelilac, сигурна сум дека имаше уште некои серии. Не се сеќавам на имињата. Ама тогаш наголемо се гледаа мексиканските
Таа со тепањето да не беше Мортал Комбат? Или Стрит Фајтер. ) И да... Неповторливиот Пинк Пантер И Том и Џери. Никогаш не го видовме ликот на бабата
@Annath Не знам зошто, но песнава ми е позната. Серијава е дефинитивно постара од мене, ама можеби ја имаат давано и подоцна. И овие две.
Можно е да беше Мортал Комбат, според сликичињава што ги гледам. За бабата од Том и Џери, еве една претпоставка.
Сигурно ја давале и подоцна, не снимаа од МТВ нови освен „Во светот на бајките“. Таа и „Дајте музика“ ги гледав кога бев веќе при крај со основно училиште. Зимска и летна рекреативна програма беа задолжителни за распустот. Зимската повеќе ја гледав, во лето цел ден дома не се прибирав.