Ја имате читано? Јас ја имам и можам да кажам дека е прекрасна.Навистина е една од најубавите книги што сум ги прочитала ,па дури и најубава. „Споменка“ е роман напишан со многу емоции и прекрасни чувства... Спојлер Ова име го носи девојчето кое за прв пат се соочува со најубавото чувство. Од сите тие игри, од постојаната дружба зад насмевките на двајца млади се сокрива љубовта. Првата љубов се засолнува во срцата на Споменка и Бојан. Тие ја чувствуваат нејзината топлина и ја прифаќаат љубовната игра. Не знаат што ќе им донесе љубовната игра. Не знаат какви карти им поделила судбината. Нивните мисли не можат да го предвидат букетот трендафили кој ќе им биде препуштен на водите на реката. Ниту пак размислуваат за разделба. Но, дали и судбината цели кон истото... останува вие да откриете. Првата љубов на Бојан и Споменка ќе ја доживеете како своја воздишка. Непотребни се повеќе зборови бидејќи не го доловуваат она вистинското.
Да сум ја прочитала, и мислам дека имаше втор дел, но никако не можам да го најдам.. А би ми се допаднало да го прочитам..
Мајка ми знам ми ја зема оваа книга од библиотека бев 4то одд и тогаш знам дека се заљубив во читањето.Најомилената книга од детството.Пред некој месец го прочитав и третиот дел а воедно и последниот така да завршив но да се решам некој ден пак ќе ја читам вреди да се прочита во секоја смисла на зборот зрачи со убавина и топлина.Така да кој ја прочитал сигурна сум дека не се покајал.
„ Споменка “ ми е една од најомилените книги...а и Горјан Петревски несомнено е еден од најдобрите македонски автори...Сепак книгата може да се каже дека го опфаќа периодот кога децата навлегуваат во улавите години со кои доаѓа првата љубов, како љубовта која Бојан ја чувствува кон Споменка...
Горјан Петрески ми е омилен автор, па можам да прокоментирам за книгава... Најголем впечаток ми остави првиот дел кој е навистина сликовито опишан. На една средба колку што се сеќавам рече дека е пишувана по сеќавањата на неговата прва љубов... Си се топам на вакви романтични книги
Преубава книга, прво ни ја дадоа за лектира ама јас тогаш бев светска мрза за книги и не ја прочитав. После незнам што ми стана ја прочитав и преубава книга, па ја зедов и вториот дел "Задоцнети писма до Споменка" мислам дека така се викаше, и конечно пред некој ден ја прочитав и третиот дел "Сонот со Споменка" неја ја читав една година и конечно да ја дочитам . Сите книги на Горијан Петревски му се убави
Да, nati44, има и втор и трет дел и тие се прекрасни. Можеш да ги најдеш во книжарниците на Просветно Дело. Вториот дел се вика Спомените за Споменка, а третиот-Сонот со Споменка Има и лирски записи-Задоцнети писма до споменка
Колку што ја имам читано порано,Задоцнетите писма до Споменка е 4-ти дел и не е поврзан со останатите 3 дела.
Јас го имам прочитано и вториот дел, иако не ми беше зададен за лектира. Се вика „Спомените на Споменка“.
Омилената детска триологија и тоа од македонски автор. Горјан Петревски е мајстор за детски романи. Ги имам прочитано сите три дела, и искрено повторно би ги прочитала.
Денеска ми ја дадоа за лектира "спомените за споменка"..А првиот дел колку што памтам не сум го прочитала поради здравствени причини..И сега не можам да се "уклучам"...некако грдо ми почнува..паа... -.- :3