Ноба сум на Фемина и Споменка ја прочитав летото и сега ништо не памтам . Ке може ли некој да ми ја прераскаже кусата содржина. Многу би го ценела тоа
Не ми се верува дека на форум некој бара прераскажано дело од Горјан Петревски. Тие се читаат во еден здив бе деца. Толку се интересни. Ако Споменка е тешко да се прочита и сфати, не знам што ќе правите коа ќе имате потешка литература за читање.
Училишната библијотека е затворена, во гратската ја нема, пред некој ден ја земало некое девојче и ќе ја вратело за 15 дена, а мене ми треба за во понеделник. Затоа ве молам, ако некој ја има прераскажано нека ми каже, ве молам
Па и не ти е некој изговор пошто на распуст сте од 30ти декември, тебе вчера ти има текнато дека лектира имаш за обработка А дека некој ќе седи на форум и раскажува лектира чисто сумљам.
Ги имам прераскажано скоро сите лектири од 1-9 одд, но ја немам прераскажано Споменка, така да ако некој ја има јас за возврат ќе му сликам која лектира ја сака препраскажано. Иначе сеуште има добри луѓе и во Македонија, кои што помагаат.
Во денешно време е тешко да се прочитаат три реченици,а не пак цела книга. А кога ќе имаат потешка литература,тогаш навистина не знам што ќе биде.
Сега сум осмо и више 2-3 пати ја имам прочитано Споменка и што се вика веќе на памет ја знам. Многу убава лектира една од омилените, а ја имам прочитано и Марта. За Горјан Петревски можам да кажам дека е еден од најдобрите македонски писатели.
Здраво на сите, ако може некој да ми ги каже сите останати делови од споменка бидејќи се вљубив во првиот сакам да ги прочитам и останатите, фала ви
спомените за споменка,задоцнетите писма до споменка,сонот на споменка(не се напишани по редослед бидејќи не знам како одат по ред)
Омилена ми беше во детството, заедно со Бојан од Глигор Поповски. Каков опис имаат книгиве, ти даваат чувство како таму да си. Би сакала пак да ги препрочитам.