Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.363
    Пол:
    Женски
    @Meckicja лекари може не,ама мед лица има доста на темава.И тоа бабици со долгогодишно искуство.

    во тој случај не би требало ниту една тема во труднички да постои.Затоа што често се советувате една со друга.Прашајте лекар и готово нели?

    нашата не информираност оди до таму што некоја чека да и стават мукозен чеп (facepalm).Сето тоа е од недоволно читање,прашување.

    ако лично те оптереруваат туѓите искуства немора да ги читаш.Некому му помага да го знае одприлика текот на породувањето и што може при тоа да очекува :)
     
    На sass, Lolipop23, Ano и 7 други им се допаѓа ова.
  2. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    28.283
    Пол:
    Женски
    Јас имав бременост како по книга,бебе супер наместено за природен пораѓај.На царски немав ни помислено не ми беше ни последно на список.Све ок ама во 40+ недела при преглед ми се одлепи постелката бебето не добиваше кислород и имав внатрешно крварење и завршив на хитен царски.ШОК.
    За постпородилниот период не сакам да зборувам,за постпородилната депресија исто не сакам да зборувам.Во 10:30 е роден синко го видов во 14:00 часот одма ми го ставија на гради породена со целосна анестезија.
    Вечерта цела ноќ поминав на фемина читајќи за царски рез.
    Од вакви како некои поединки се почуствував како не мајка,како јас не се помачив да го родам,ронев солзи крокодилски таа до мене што беше во собата ми рече не плачи ќе помине болката утре ќе станеш од кревет утре е тешкото после секое станување се полесно.Не знаеше зошто плачам.
    Сабајлето ми го донесоа цицаше,па следеше моето станување од кревет без ничива помош сама како пес се прпеллкав и се мачев да станам со чистачката до мене.Не само што станав,туку и ќе полетав и не сум помалку мајка од некоја природно што се породила.За мојот син јас сум најмајка,за него сум херој,за него можам планина да срушам.
    Благодарна сум му на бога што излеговме двајцата живи и здрави од сала.
    Бидејќи на крајот тоа е најбитно живи и здрави а начинот и не е толку битен.
     
    На Lolipop23, Ano, irena.1 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Па тоа ми беше и муабетот во погоре споменатите мои постови, кои воедно пола ми ги избришаа.
    @tincemajmunce i @Bubce38 не се секирајте верувам дека децата ваши сегашни и идни ќе бидат исто сакани како и тие "природните" породени деца. Затоа викав филмските сцени на нежности, изводење и лигавење секоја за себе да си ги задржи.
     
    На augustd, CameliaMiller, alisijad и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Jas primiv Ne edna doza nego tri i pak bev so uzasni bolki,do tolku bolki shto veke pochnav svest da gubam ..nema ni so epidural nekoe pravilo,moze da ublazi bolka ,ama moze I Ne kako vo mojot sluchaj..
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    6.547
    Пол:
    Женски
    До некаде си во право за негативното влијание на психата, но мора да се едуцираме (барем тие кои сакаме да се едуцираме)
    Онаа кое ти изгледа премногу "брутално" напишено, скокни го.
    Искрено мене ми се допаѓа кога читам искуства од прва рака.
    Сецнувањата, болките, со 9 месечно меше ќе бидат како мелем дека дошло време да се видиме со бебуш. :inlove:
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.656
    Допаѓања:
    35.404
    Пол:
    Женски
    Бидејќи цело време читам како вие што сте со царски сте нападнати, па ве молам цитирајте каде точно некој ве нарекол немајка?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    170.535
    Пол:
    Женски
    Па не си нападнала никој директно нарекувајќи немајка,точно.Ама со тоа што инсистираш дека докторите кои прават царски без индикации,туку по желба на пациентот,треба да останат без дипломи и лиценци што е тоа?!?! Ако сметаш дека треба да останеме без "такви доктори" кои работат по нарачка, кажи ми како јас да се остварам како мајка?!
     
    На augustd, CameliaMiller, iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Сериозно? Зарем да не постоеја царските по нарачка ти немаше да раѓаш? Ептен банално. Некој што сака дете ќе помине трнлив пат ма каков и да е, се' ќе издржи.

    А за ова, се надевам дека е сарказам. Како возрасна личност, а се надевам и зрела, нема што некој тебе да те обесхрабрува во одредена намера или одлука, посебно не на некој си форум.
     
    На Lolipop23, Annath, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.656
    Допаѓања:
    35.404
    Пол:
    Женски
    Ти нема врска муабетов. Од што немате аргументи, па тресете глупости, искрено.
    За болдираното, како и сите мајки низ светот. Јас не знам зошто ти се најде засегната. Ти и вака и така имаш добри индикации за царски, па не спаѓаш во групата "нарачка по желба"

    И јас не прашав само за мене, туку за било кого. Цитирајте било кој кој ве нарекол немајка.
    Немојте да вадите муабети од контекст или да си ги прераскажувате. Греота е кон членкиве што пишуваат тука. Исто толку злобно е лажно да обвиниш дека некој те нарекува немајка, како и тој кој нарекува некого немајка.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    170.535
    Пол:
    Женски
    Реков де, да не постоеше царски немаше да раѓам. Што ти е чудно?!
    А веројатно не знаеш каков пат имам минато, не да е трнливввв!!! И уште ме боцкаат трња по патот, и кој знае уште колку ќе ме бодат.
    И трипати во рок од 15 месеци се чистев со инекции од ванматерична бременост,само да не праваж операција,да не примам анестезии. Се радував на болките ,само да го исфрлам плодот природно.И пункција на живо правев, ме дереа на живо. Јас немам поминато трнлив пат?! Јас сум саркастична?!
    На "овој си форум" се одржувам во живот, извини ако ти засметав.
    Исплашени,не исплашени ,ќе мора како сите на светот да си раѓаме . Само со индикација царски. Треба се да направиме за бебе.

    Се извинувам на злобноста, и нека ме извинат членките што сум ги повредила. Едноставно хормоните ме збудалеа периодов. Не сакав никој да го навредам .Навистина длабоко се извинувам уште еднаш
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На forumce, BlackNight, victoria и 2 други им се допаѓа ова.
  11. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Јас сум за природно породување имам и доживеано,без никаков проблем после 5 саати станав до тоалет си јадев се најнормално.
    Болките исчезнуваат одма одкако ќе искочи бебето.
    Но јас луѓе добив уплав од сето тоа и стварно незнам следен пат дали ќе се породам природно.
    Знам дека со потпис од психијатар пораѓале царски.
     
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.853
    Допаѓања:
    13.473
    Исто и јас, ама без анестезија. На бокс веќе изгубив сила, грчеви ме фатија во нога, ама ај да не се жалам зашто ќе излезе дека сум распиздена според некои други членки тука :!:И да кажам една членка пиша тука дека немала никакви јаки болки при пораѓај. Е јас да кажам дека секоја жена е различна. Не значи дека други немале ако таа поминала лесно.
     
    На LadyC, Glasna и forumce им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Навистина со осудиве...
    Ако јас чекам на доктори да одлучат дали можам природно да раѓам (или што било, патем..) никогаш нема да ја сфатат мојата анксиозност како индикација.
    Баш треба паничен напад да имам на бокс, за да бидам најмајка.
    Китен, јас не сум раѓала и нема да раѓам природно.
    Барем не првото, сигурно.

    Да не постоеа царските по нарачка сигурно немаше да раѓам, како што да не постоеше можност анестезија да ми шибнат на забар и кога нема баш потреба, немаше на забар да одам. Како што одбрав целосна опивка за празнење на пилонидален синус, а најчесто на живо амбулантски се прави. Епа јас одбрав да спијам додека го празнат и да лежам 2 дена во болница.

    Раѓање на дете ми е на второ место, одма после ампутација на екстремитет.
    Не сакам да знам, не сакам да гледам, не сакам да чувствувам.

    Не бидете санктимами.
    Нема потапа муабет од тоа.
     
    На LadyC, Bubce38, BlackNight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.681
    Пол:
    Женски
    Царски рез само ако мора. Со двете се породив спонтано, на ГАК. Се знае дека спонтаното породување е подобро. Се пораѓав без анестезија. Заради здравствен проблем анестезијата ќе беше ризик. Ако требаше да се пораѓам со царски рез, ќе мораше со целосна анестезија.
     
    На karibian, victoria, Esmeralda-MD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш и нема што некој да те разубедува, јас сметам дека треба да и се овозможи на секоја трудница, најбезболниот начин на раѓање, а посебно ако таа така избере. И јас сум човек што не трпи болка, уплав имам исто како тебе, да седнам сега и свесно да се подложам на болка не можам никако, од Скопје до Битола отидов пред некоја година само за ХСГ кое трае 2-3 минути, затоа што само Плодност ми нудеше анестезија.

    Те разбирам потполно, но еве да тргнам од себе, трудна сум, некако бебето мора да злезе, не знам како ќе се пораѓам, може ќе бирам, не сум одлучила (а може и нема ни да биде во моја моќ да одлучувам), со анестезија ќе биде секако, иако и природно мора да се истрпат болки до некој степен па потоа се става анестезијата, а со царски па отпосле има болка.

    А еве и да се решам царски по мој избор, и што ако на бебе му текне да излезе малку порано и почнат болки, што правиме тогаш, ќе се истрпи кога веќе дошло, за болката верувам дека е огромна, но никој не умрел од таа болка при раѓање.
     
    На LadyC, karibian, iki26 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.363
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller ,зошто толкав страв?
    самата си медицинско лице не би требало толкава одбивност да имаше спрема било кој захват.
     
    На LadyC, jacqueline.s и Annath им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Не сум медицинско лице.
    И ете, имам страв. Имам страв од се`, што е право.

    Иако не сум мед. лице, некои процедури (сестрински) знам да ги правам. На друг човек се` ќе направам.
    На себе не можам ни да гледам како трн ми вадат од прст.
    Во секое време може царски, ако си така договорена со докторот, макар и предвреме те фатат болки.
    Јас не сакам да бидам будна, а како ќе го вадат... не навлегувам.
    Не сакам да сведочам на моментот :)
     
    На LadyC и Bubce38 им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.363
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller ,грешка сум била
    дека те читам редовно со пациенти си ,па мислев воедно и дека си сестра,болничарка што дополнително треба да биде олеснителна околност за мн нешта.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    170.535
    Пол:
    Женски
    Мој човек:). Нит да гледам,нит да слушам
     
    На iki26 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Администрација работам на хирургија :)
     
    На LadyC и joy1 им се допаѓа ова.