Мене па ми нема потапа муабет од овој, санктимами, не може човек веќе ни мислење за нешто да каже, одма се заградуваме со вакви глупости. Во ера на толку информации најтупави сме поради ова. Зашто ништо не е дозволено да се каже и не се кажува од страв да не испаднеме санктимами, па од тоа секоја мајка знае што е најдобро за свое дете, или да не се трауматизираме, или грижа на совест... Колку тие што се прогласени за санктимами се осудувачки настроени исти се и другите кон нив. Истата работа е. Во екстремен случај и подобро е царски да се оди ако се има сериозен проблем со стравот од пораѓај или анксиозност. Ама тоа е најдобро со психолог(или психијатар, не знам како оди тоа) да се утврди. Некогаш и стравот е само голем, па се одлучува за царски. Сепак, стравот сите го имаме. И јас се мислев за царски поради една состојба здравствена, ама сите доктори беа за природно. На крајот испадна нешто поради тоа, ама беа спремни, па се справија. Иако уште понекогаш си викам царски може немаше толку раната да ме боли, за шиењето ич да не зборам,. Ама па ете, немав јаки породилни болки и само поради тоа природно пак би раѓала. (Некогаш, можеби).
Многу е голема разликата меѓу искажување на мислење и глумење најмајки (не со овој збор, секако). Тоа е цел карактер, не една особина. Од терање на бременост, до раѓање, до доење, до.... терај до кај сакаш, они се најинформирани и најправилно постапуваат. Побогу, мислeте што сакате и правете што сакате со своето тело. А ваквите теми, оваа и претходната, се со цел на докажување мајчинство Оти нели, жртва? Како инаку ќе е мајка ако не цркне од жртвување? Нема потреба никому да докажувам зашто раѓам вака или онака, зашто дојам или не дојам, зошто ова или зошто она. Не верувам во тоа дека секоја мајка знае најдобро за своето дете. Не знае. Ама ако не знае за своето, за туѓото па ич. @An-na ти си класичен пример за санкти, што сакаш додади.
Те разбирам што сакаш да кажеш, дури и го делам твоето мислење, туку зборот ми беше ако пред закажаниот царски те фатат болки и не е баш така едноставно да се оди со целосна анестезија, тебе ќе ти почнат контракциите, ама си јадела, си пиела, не си се испразнила, па ќе ти ги празнат прво цревата и за сето тоа време ти ќе трпиш болки, целосната анестезија е сериозна работа, а и времето на породување не знаеш колку ќе ти трае, може за еден саат додека те подготвуваат веќе бебе да почне да излегува, не знам како е точно, прва бременост ми е, но такви случаи постојат многу.
Сметам дека секоја жена треба да си има избор во однос на тоа како ќе го донесе детето на свет, дали било тоа по природен пат, царски рез, со или без епидурална...Ако има избор по однос на тоа дали ќе го роди или не, не гледам пречка да има избор и како би го родила. Сите знаеме дека било какво породување може да си донесе копликации независно од начинот. Секојдневно сакале или не сме во ситуации кај кои постои помал или поголем ризик да ни се случи нешто кое никој не го посакува. По природа има луѓе кои немаат гајле скоро од ништо, има плашливи луѓе во нормални граници а има и екстремно плашливи луѓе кои во момент на паника или болка се губат и не знаат што прават. Затоа секоја жена најдобро е да се одлучи за она кое смета дека најдобро би го поднела. На крајот на краиштата породувањето треба да остане во сеќавањата како еден од најубавите моменти во животот а не како траума.
Секако дека постојат, ама никој не тргнува со помисла за лошо сценарио Сите се надеваме дека ќе биде најдобар исходот, ете некои баш сакаат природно, но ќе се случи да мораат царски... а се надевале и сакале цела бременост природно. Нормално е да планираме, и некогаш ќе се изјалови планот. Ќе се надевам дека нема да бидам баш јас таа Инаку околу статистиките, секое трето бебе родено во САД е со царски. Дека нели, никаде во странство нема избор. Во САД може да одберете се` - од раѓање дома, до раѓање во вода, до раѓање природно без никакво обезболување, до целосна опивка (освен ако од здравствени причини не можат целосно да ве заспијат). Па дали сакате легната, клекната... итн да раѓате.
Ај јас сум санкти ко што викаш. Имам искуство (какво такво), па "делам" совети А ти бре девојче? Ниту искуство, ниту ништо, па пак си најпаметна и се знаеш. И не само тука, на сите теми по форумов. Епа, ако ние сме санктимам, ти тогаш си СанктиКамелија по твојава логика, нели? (смајлиштосипукаволевоколеноодмака)
Не се прави санктимами ниедна мајка, и не претерувај со тоа етикетирање Камелија. Стварно нема потреба, јас никаде не гледам навреди, осуди и слично, се прашувам дали ја читаме истата дискусија. И самите вие кои се најдовте навредени се етикетиравте како немајки, самите си ја залепивте таа етикета, а не овие кои, наводно, ве осудуваат што сакате царски. Јас те сфаќам Камелија. Лично имам уплав од игли, а исто така од анестезија. Самата да боцкам немам гајле, мене да ме боцкаат ми се лоши. Ама ете, давам да ме боцкаат кога треба крв да ми се земе, а многу често проверувам крвна слика од што морам, не од ќеф сигурно. За анестезија да не правам муабет. Контрол фрик сум, и самото чувство дека не сум свесна, а со тоа и немам контрола врз ништо, ме плаши многу, да не речам добивам панични напади. Настрана фактот за ризиците од анестезијата, било каква, дали локална или општа, а да не зборам за можните последици. Со самото тоа што сум медицинско лице, т.е знаењето што го имам ме прави поголем паничар. А поминав две операции, две породувања со мојот најголем страв, општа анестезија, не по мој избор. Сметам дека премногу се напаѓате едни со други за глупости, а верувам дека не би имало вакви препукувања кога здравството би било како што треба, односно кога би имало доволен персонал на државно, меѓу другото и анестезиолози и секоја родилка да ги искуси благодетите на породувањето со епидурална анестезија (значи, зборам за случаи каде нема индикација за цезареа). Кога би имало доволно персонал и доволно човечност да се посветат на родилките како што треба. За тоа треба да учиме од странците... Макар што јас никогаш не можев и нема да можам да сфатам како во странство за најобична забна интервенција користат без проблеми целосна анестезија (сепак не толку длабока како при операции), особено кај деца, што ми е нонсенс поради пречестите случаи на несакани реакции кои се јавуваат при тоа, а за породување форсираат спонтано по секоја цена, со или без епидурал, зависно од случајот. И да, сметам дека секоја жена треба во консултација со гинеколог да одлучи како ќе се породува, при што ако нема пречки и проблеми предност треба да се даде на природното породување, а дали ќе има или нема цезареа, за тоа ќе одлучи гинекологот. А во случаи на апсолутна индикација освен гинекологот ќе решава и специјалист од соодветната област. Барем тоа е мое мислење.
Јас, како породена царски, ни еднаш не се најдов навредена од нечиј коментар на темава. Не знам каде и што читате.
А јас кажувам некаде како треба? Ако да, каде? Не ти треба искуство за да одлучиш како сакаш да раѓаш прв пат. Размисли малку. @Annath и тоа колку осуди има. И јас ги знам ризиците. И секогаш ги бирам нив наспроти да сум свесна. Да сум твој пациент, ти треба пола саат додека седнам, а за да отворам уста морам да ти верувам и да бидам сигурна дека нема ништо да почувствувам, па така завршувам со здрвена вилица заради пломбирање заб (кој не ни боли, патем). Да можам ни на забар не би одела со локална анестезија, јас си знам како преживеав и уште преживувам при помислата како ми вадеа осмица, со операција секако. Ниту една процедура не би ја терала свесно. Ми фали седмица затоа што со бившиот стоматолог не можев да се убедам дека не може ништо без анестетик да ми прави. Колку и да се плашам од анестетикот, болката е пострашна. Од денешен аспект ми е криво што додека бев во САД не ги извадив сите осмици под целосна опивка. Имаа таква клиника во градчето.
Ве молам да се спушти малку топката и дискутирањето да не преминува во лични преписки или користење на било каков потценувачки или навредлив тон.
@CameliaMiller и јас сум со анксиозност, и јас не сум била кој знае колку време крв да проверам од тој страв, тие прегледи во бременоста многу тешко ги поминав и како се ближеше пораѓајот се повеќе се зголемуваше паниката, пред царски 160 ми беше пулсот. Ама да бидеме реални, не значи дека поради тоа сме во право и некој што не поминува низ тоа треба да го промени мислењето. И јас сум свесна како е подобро и дека не е во ред мојот начин, и не ме вреѓа начинот на размислување на @An-na на пример.
Па јас апсолутно никој не убедувам дека треба да раѓа царски. Ама дека треба да немаш право на одлука... не би рекла.
Ама ти немаше можност да идеш на спонтан пораѓај,така?! За тие кои мораат царски е нормално и во ред е. Проблемот е за оние кои из чиста мира сакаат цезареа и што ќе идат на пример у приватно кај доктор кој исполнува желби.
Доволно е што на половина членки тука ни залепи етикети санкти, најмајки, сезнајки итн... да не навлегувам. Од каде знаеш какви сме, се прашувам? Од друга страна јас тебе никаде не ти залепив етикета. Претходниот пост беше само одговор на твоето етикетирање.
А што еве, ако не дај Боже, при следна операција на заб се случи компликација во смисла да не може повеќе никогаш во животот да примиш анестезија, што тогаш? Знам таков случај, жена, доктор, што и се случило ова. Не и се случило на забар, туку после операција, а не била алергична дотогаш на ништо, бидејќи имала операции и претходно. Жената трпи ненормални болки поради тоа што не може да ги извади забите, бидејќи нема вид на анестезија (има две групи нели), на кој што не е алергична. Сакам да кажам дека не мора безпотребно да се изложуваме на операција како цезареата ако нема апсолутна индикација. Јас сите пациенти, дури и најплашливите ги убедувам дека анестезијата не им е потребна за поправање заб. Секако ја ставам во краен случај, ама тоа е многу ретко. Ризици има, ама пациентите најчесто не се свесни за тоа, па си бараат анестезија како да е обична вода, затоа што секое ставање е ризично, без оглед на тоа што претходно немало никакви проблеми. Тоа би ми била мене поентата во однос на тоа кој треба да ја носи одлуката за породувањето. Јас можев да речам дека не сакам царски и да форсирам природно по секоја цена, ама за тоа е тука докторот, да ми каже што е најдобро за мене и за бебето, а не што сакам јас.
Ако се пронајде ти, не значи дека се пронајдоа сите. Понатаму, дури и 99,9% да речат дека нешто не треба да е избор, тоа никако пак не значи дека се во право. Ако не се лажам, ти кажа или не кажа дека треба да се забрани царскиот по избор? Ако не си ти, прости ми, сум те смешала со некого. @Annath се имам онесвестено од страв на стоматолошко столче, само што го брцна тој инструментот што “тенко“ зуе и прска многу вода. Не ни почувствував болка, од страв од болка изгубив свест. Знам кои се ризиците, свесно ги бирам. Затоа што ја знам својата реакција на најмала болка. Можеби, зависно од мојата психичка состојба во тој момент - не знам нели што и како ќе биде, би одбрала да сум свесна, еве епидурал - осеќам контракции, не осеќам болка. Ама да одам природно, без никакво обезболување... Едит: јас секако стојам зад тоа дека морам да се консултирам со докторот и да следам негови упатства, без оглед за што е. Но и тој треба да биде отворен за соработка, да слуша што имам да кажам, своите стравови итн. Од докторкиве кои ги познавам јас на хирургија, ретко која родила природно без анестетик. Или царски раѓаат или природно но со епидурал
Нели е малку себично да пишете ако не постои царски нема да раѓам. Зборувам за оние кои царскиот им е избор, а не ради индикација. Што му фали на природниот пораѓај со епидурал?
Моментот на будност и паника Вака интересно делува да си родиш, па гушнеш бебе итн... ама колку ли е стресно само.