Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    38.461
    Пол:
    Женски
    @Bubce38 и во случај да изберев сама, не би се нашла навредена. А зошто кога сама сум одбрала така. Што ти менува тебе мислењето на некој, зарем сите треба да се сложат на форум и општо?
    Ако ти сметаш дека не би можела природно да се породиш, ако мислиш дека ќе имаш паничен напад, ако знаеш дека нема да соработуваш, гледај на тоа како индикација за царски и не ги сфаќај толку лично коментарите.
     
    На LadyC и Annath им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    А при царски со спинална не си будна? Не те фаќа паника, стрес од самата анестезија и операција, или не ти е малку шубе кога целосно ќе те успијат.
    @Bubce38 Повеќето трудници се плашат од болките отколку од самиот пораѓај да бидеме реални.
     
    На pandelka, iki26, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.576
    Допаѓања:
    201.782
    Пол:
    Женски
    Јас пак се' би дала да можев да ги гушнам двајцата одма штом ги извадија од мене...а првпат на слика, на телефон ги видов...дури после 24 часа ги гушнав...мака ми е поради тоа, ама нема назад..
     
    На Meckicja, forumce и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Сум поминала целосна анестезија, страв не страв, тоа ти е. Заспиваш и готово :)
    Би сакала да не сум свесна, значи во best case scenario, одам на договорено раѓање, ме успиваат тоталка, ме будат и добивам родено, бањато бебе :)
    Жал ми е.
    Би било убаво на сите да ни се исполнуваат желбите.
    Јас одложувам раѓање на дете меѓу другото и поради тоа, можеби имаш читано, сакам да ми се створи детето... ич да не морам низ се` ова да поминувам.
    Ама пошто знам дека морам, ќе се куражам уште некоја година, белким ќе се окуражам на крај.
     
    На LadyC, Kitten и Bubce38 им се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    170.521
    Пол:
    Женски
    Ау далеку дека јас лично ги сфатив коментарите. Нити пак се осетив навредена.
    Не убаво ми дојде што читам дека тие две членки сметаат дека докторите кои ќе вршат царски по желба на пациентот,без никаква индикација,треба да останат без лиценци и да им се искинат дипломите. Затоа се најдов затечена и само прашав ,ако би дошло до тоа,јас како да раѓам?!
    Добив одговор,како и сите на овој свет.
    Немам јас паничен напад,сум трпела болки како за најмалку 5 природни породувања, но моето бебе нема да излезе вагинално и на тој став си останувам. Избор мора да постои

    И пак ќе кажам,секоја чест на мајките кои и после тежок прв природен пораѓај отишле и на втор,трет.... Јас не сакам еве ни да се обидам. И не знам кому би сметало тоа
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На monalizicka, LadyC, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Па сите што по избор се пораѓаат царски се со некаква индикација.
    Лична индикација :)

    Никоја не оди среќно и весело ајде успијте ме, едвај чекам.
    Ајде бапнете спиналот, едвај чекам.

    Сите што така бираат, бираат затоа што премногу им е страв од другите варијанти :)
     
    На LadyC, Zaljubena26, Bubce38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ама сите чувствуваме некаков вид на страв. Некоја од болки, некоја од тоа дали ќе се отвори, дали бебето ќе биде добро, дали лесно ќе се опорави после пораѓај. Во сите од нас стои тој страв. Не верувам дека има некоја без страв. Е сега има и екстремни случаи кога трудницата чувствува огромен страв, паника, анксиозност, не соработуваат со докторите и тие најчесто завршуваат со царски.
     
    На joy1, Kitten, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Може нема да ми поверуваш, ама биди сигурна не лажам, јас утрото пред царскиот( договорен со закажан термин и се како што треба) си отидов на доручек со ММ, па на едно кафе, еден круг до Сити Мол и дома. Требаше мислам 4-5 часа да бидам гладна и жедна. Сите знаеа во колку треба да бидам во болница и да се породам. Дојдов дома, се спремив, одморив малце, се истуширав, торбата со мене и правец во болница. Едвај чекав да се породам. Со насмевка на лице ме зедоа во сала, ме спремија, моите околу 6-7 души ме чекаа надвор, се породив се ок беше, бебето добро беше, си го видов и се беше во најдобар ред. Болки од раната имав 10 дена, ме болеше, но се издржуваше. Станав наредниот ден, имав малку вртоглавица, но во текот на денот се се средуваше. Да можам пак да бирам и оваа бременост ( дека носам близнаци, поризична е од порано породување) истата процедура би ја истерала.
     
    На LadyC, Melinda85, Igle и 5 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766

    Јас ќе бидам во панична состојба од моментот на правење на дете па натаму :)
    Би сакала така релаксирана да бидам, ама... тешко таа работа :)
    Инаку баш ми е најќеиф ваква приказна кога ќе слушнам, дека некоја не поминала трауматично.
    Некако „после се` се заборава“ не ми се допаѓа, убаво е да сакаш да го паметиш сето тоа.
    Таа сум :$

    Абе без приумирање заб не можат да ми извадат, а не па цел човек :worried:
    Ама во секој случај постои страв, поентата е од што ти е помалку страв.
    Затоа нема потреба од осуди, забрани, итн :)
     
    На LadyC и forumce им се допаѓа ова.
  10. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    34.014
    Пол:
    Женски
    Мое искуство јас лично се плашев од денот кога ќе дојде за пораѓај но јас воопшто имам уплав од инекции и доктори и такви слични работи. Но кога дојде денот знаев дека мора да се случи тој чин по секоја цена. Отидов дента пред да се породам во болница немав болки само 3-4прста отворена без болки д-р вели на мајка ми до вечер ќе биде породена но не беше така се породив утрето сабајле а цела ноќ молев за царски бидејќи болки имав ненормални пак среќа таа д-р што ме породи ме храбреше велејќи ти ќе раѓаш природно не се предавај.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    113.092
    Пол:
    Женски
    Нема до толку, ќе видиш дека хормоните целосно ќе те променат :inlove: Ќе осекаш толку голема љубов (не споредлива со ништо друго) што нема да дозволиш стресот и стравот да влијаат на бебето. Само опуштено и со добра мисла се ќе биде во најдобар ред.
     
    На LadyC, Kitten, forumce и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Баш поради тоа што ти си поминала низ сито и решето, премногу е чуден муабетот-не сакам да раѓам освен вака! Да, најважно е да се роди, на било кој начин, но неможеш изборот да го ставиш на прво место пред имањето дете. Премногу контрадикторно за жена која поминала тежок пат до добивањето дете.
    А за сарказмот не си ме разбрала...Се надевав дека е сарказам муабетот "не сте фер што ме плашите со муабети", како да се работи за мало дете, а не за 40 годишна жена, извини вака.

    @CameliaMiller запознаена сум со твојата приказна за анкс. така што ќе си видиш како ќе се чувствуваш во моментот кога ќе треба да раѓаш. Попусто сега правиш планови. И јас се гадев од приказни, се тресев од страв од муабети за епизиотомии (цело време мислев дека вагината ќе ми биде осакатена и раширена и више никад нема да можам да имам секс) и секакви хорор слики ми проаѓаа низ глава НО пред многу години кога сеуште не планирав бременост. Кога почнав да се информирам, и кога многу мои пријателки испородија деца, ми ги раскажаа нивните породилни приказни, и кога сфатив дека тоа е природна ситуација низ која повеќето ќе поминеме, почнав да го прифаќам како нешто нормално, не-трауматично. Кога дојде ред да раѓам ми беше сеедно. Сакав да родам онака како што треба, само се' да биде во ред. Немав потреба да бирам, оставав тоа на ситуација и на доктори. Бременоста и пораѓајот се природни физиолошки работи и неможат да се поистоветат со други операции, камо ли ампутација :drunk:
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На Annath, CameliaMiller, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  13. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    И јас сум со индикација за царски, но претпочитам природно. Зошто? Зошто така си е природа. Бебето не е истрауматизирано ако помини низ родилниот канал, тука е створено да помини. Сега боже мој, ако има индикација за царски ќе си е царски.
    Сега ќе ја тргнам @Bubce38 за да ја охрабрам. Исто сум три екстраутерини, една лапароскопски, две метотраксат, болката добро ја знајме двете, последната екстра имав + камен во бубрег, со напад на бубрези бев на бокс, камчето слезено долу и вагинално ме гледаше докторката, е мојш да замислиш.. +спонтан и чистење без анестезија..сакам да кажам која болка и да е почната ќе завршит, чим е почната се издржвит, дават Господ сила. Потребно е само желба и волја. Ти, толку многу се бориш, се боцкаш, неуморно чекориш нанапред би се откажала од се ако се пораѓаш природно? Неверувам. Се поминува :)
    Сите сме мајки, било природно било царски, но и јас признавам царски само ако треба истиот. Природно си е природно, тоа е начинот на кој треба да е пораѓајот.
     
    На Lolipop23, Annath, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Ne e stresno ic. So epidural nemas ni bolka ni nisto :)
     
    На Annath, CameliaMiller и augustd им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    35.399
    Пол:
    Женски
    Не се пронајдов јас, ти и претходно ме имаш така етикетирано, затоа ти спомнав.
    Јас никаде за ништо не тврдам дека сум во право, кажи каде си прочитала такво нешто? Секогаш искажувам сопствен став и сопствено мислење кое, пак ќе повторам, е мој сопствен став. Ако ти се наоѓаш навредена од истиот, не можам да ти помогнам. Јас лично никого не навредив, ти да. Јас никому не залепив етикета, ти да.
    Да, јас реков дека на докторите кои прават царски по нарачка треба да им се одземат лиценците и стојам зад тој став. Само не знам како вие кои сте за царски се наоѓате навредени со ова? Еве, просветлете ме? И зошто би биле? Зарем треба сите да се согласуваат со вас?
     
    На Lolipop23, Annath и Meckicja им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.300
    Допаѓања:
    170.521
    Пол:
    Женски
    Никаде не напишав "не сте фер што ме плашите со муабети од природно породување". Не се плашам!! Не знам како да се изразам,како да доловам дека јас природно не сакам ни да пробам.И нема да ми исчезне таа аверзија кон спонтаниот пораѓај. Кажав дека и јас сум свесна дека природното е најдобро. Но,јас во тој начин не се пронаоѓам.
    Се вклучив во дускусијата,зошто стварно ми засмета што се пишуваше дека не треба да има избор,дека докторот и само докторот треба да одлучува за мојот пораѓај, дека тие доктори кои вршат пораѓај по нарачка треба да останат без лиценци итд итд. И тогаш ги прашав членките,ако тие доктори останат без лиценци, како ли јас ќе се остварам како мајка?.Значи , ќе немам право да станам,само зошто имам каприц и не сакам ни да видам како бебе излегува вагинално.
    Јас никого не осудив и не го прозвав зошто така и така се породил,а по некои тукашни постови почувствував дека не треба да имам можност сама да одлучам како би раѓала. Видиш @Kitten тебе тоа што ти е чудно моето размислување дека ќе раѓам само така и така, мене па ми е чудно што на некој му смета за тоа што за среќа во приватниве постои можност за одбирање на начин на пораѓање.
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На TashSefton, monik55, LadyC и 2 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Затоа што твоето мислење загрозува нечие туѓо право.
    Не треба да се согласуваш со мене, туку со моето право на избор.

    Еве ти пример:
    Мое мислење е дека треба да се одземе старателството на сите кои имаат потпросечни примања. Со тие примања детето не може да има добар живот.


    Ова не го мислам, само е илустрација колку дебилно звучи кога моето мислење загрозува нечиј туѓ живот, нечие туѓо право, нечиј туѓ избор.

    Па со самото тоа што твоето е најдобро и најпаметно и сите треба како тебе да прават... Си санктимами.

    Јас никого не убедувам да ги прави моите избори.
     
    На LadyC и Bubce38 им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    35.399
    Пол:
    Женски
    Колку нема врска кажаново.... Ама ај нека ти биде. Само... кажи каде јас велам дека сите треба како мене да прават? Или со самото мое мислење на другите им наметнувам дека треба како мене да мислат? :^) Ако е така тогаш зошто уопште постојат форумиве? Нема да може да има различни мислења, бидејќи со нив загрозуваме нечие право. А ако размислиш со секое мислење загрозуваме нечие право. Дури и ти со твоите.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Секој пат кога ќе ја отворам темава ново изненадување Трудници, доилки, жени во пмс и ЖЕНИ...Котел од хормони, па не се ни осудувам да го напишам својот став- увидов дека така ќе си заштедам доста време и нерви. Само не ми е јасно како после толку мислења и постови ја заборавивте суштината на темава. Искажете си го својот став на незајадлив и непотценувачки начин и почитувајте го туѓото мислење макар дијаметрално спротивно од вашето. Ако самите не барате причина за "боцкање" или ја видите а само поминете преку неа ќе увидите дека има многу што да се дознае и научи овде.
    Постов не се однесува на никого конкретно и се однесува на сите.
    Се надевам на уште споделени мислења и искуства, па затоа сме тука.
     
    На Lolipop23, LadyC и Meckicja им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Чие право јас загрозувам што тврдам дека сите треба да имаат право на избор?

    Ти со твоето мислење отворено бараш да ми се ускрати правото на избор.

    Форумот служи за дискусија, па ако сакаш објасни ми, зошто мојот царски по избор треба да биде нелегален, според тебе?
     
    На m.i.g и LadyC им се допаѓа ова.