Не ми ја сфати поентата. Со секое мислење загрозуваш нечие право со самото тоа што секогаш постои некој кој мисли спротивно од тебе, нели? За прашањево, царскиот не треба да биде нелегален, туку само и само (ова пак ќе повторам е мој став) одлука на докторот. Нели се доктори и знаат, ако ние одлучуваме место нив, тогаш не се ништо повеќе од занаетчии, само да те закрпат и толку. Би сакала @bittersweet како искусна акушерка ако може и сака да се изјасни на темава. Да ни ги објасни предностите и недостатоците на двата вида породувања, како и каква е практиката кај нив во Австралија? Доколку има некој друг кој е стручен, би сакала да се изјасни на темава (ако сака)
Па еве прост пример, како моето мислење, на било кој начин, загрозува било кое твое право? И убаво се изјаснив, не било кој царски, туку договорен царски по избор, зошто сметаш дека треба да биде нелегален, односно, докторите да ја изгубат лиценцата? Што тебе или на било кој друг му смета како ќе го родам детето?
Не загрозува право туку поттикнува непотребна операција која е со поголем ризик од природно раѓање и за која скоро секаде во свет треба да имаш медицинска причина. Не одиш и кликаш -царски и крај. Ти можеби ќе го добиеш со историја на анксиозност, но секаде те убедуваат да раѓаш природно и ти укажуваат на ризиците од царски. Ок, се може да се случи и при природно раѓање и при царски, ама ете штом така е пракса некој веќе проценил дека царски е за оние на кои им треба. За второто прашање...докторот прави непотребна операција која ако заврши лошо треба да даде објаснување зошто воопшто дошло до царски. Па имаш лажни извештаи потплатени со пари на црно, а тоа ок е? Добро, тој може ќе се огради со твоја согласност, но сепак... Царски треба да е втора опција. Се пораѓаш природно, доаѓа до компликации, одиш под итно на царски. Но ако тој ти е прва опција тогаш што ќе е втора ако не дај Боже ти затреба?
Јас со двете се породив во државна. Не познавав никој а се осеќав како да ги знам сите. Сега да треба да раѓам пак без размислување повторно би одела на нормално природно породување. Царски само во случај на неопходност.
Еве да те утешам. Јас се ужаснував и од самата помисла на бременост. Страв ми беше од бременост, од голем стомак, отечени гради, брисови, прегледи и се врзано со тоа, а за раѓање не прашувај. Кога дознав дека сум бремена бев повеќе исплашена од се друго. Ама, како си течеше времето се ослободив и се привикнував. Мислев ќе умрам од страв пред пораѓање, а тргнав за природно, ама се сталожуваш, иако не ми беше сеедно. Вистина е, природата си го прави своето, затоа бременоста со сите свои особености се развива постепено и мајката полека се адаптира на промените и се подготвува за раѓањето. Не е клише, точно е, запомни го само ова.
Работата е што тука дискутираме на форум и секој има право да каже мислење. Дури и ако тоа мислење загрозува нечиј избор. Ко на пример во темата абортус. Друга работа е што тоа мислење што толку ги навредува другите е што е поткрепено со факти и сега поради тоа што испаѓа дека тоа е правилното некој ќе си добие назив, како санктимами. Јас што читам по фб и по коментари овие т.н. санктимами ќе споделат мислење и се многу повеќе нападнати и навредувано отколку тие што нешто кажале. На пример да искоментирам природно е најдобро, одма ќе следуваат коментари ете ги овие, одма да солат памет, бла, бла, а само човек си кажува став. Се претерува со тоа, општо по интернетот. Ако кажам природно е подобро за бебето тоа е факт, не е само мое субјективно мислење и треба некои работи да се разграничат. Во твојов случај @CameliaMiller имаш индикација, така што и нема да ти биде избор. За мене избор е кога жената сака да си отиде на договорено, не е ни дека има некој парализирачки страв, ама ете, не сака ни под разно болка да потрпи. Едноставно од чиста мира и зашто мисли дека така поубаво ќе помине, што и не мора да значи, нели.
A nema li da ima bolka posle od ranata bolkata e normalna I pri ova I pri ova poroduvanje na promena na vreme proplacuvam od bolki ponekogas od drugi operacii na stomakot ako veke saka da ne oseka bolka najdobro e da si pobara anestezija za da ne gi oseka bolkite
И ете и да оди од чиста мира, што вам ви пречи? На кој начин ускратува некое ваше право? Исто и во темата за абортус, само ај таму пак можат да се вадат на морално-религиозни убедувања, но во конкретнава тема, чему потреба од толку осуда и забрана? Мислење и осуда се далеку од слични работи. И санктимами секаде треба да бидат осудени. Нивното однесување е за осуда. Затоа што ниту се најдобри, ниту најпаметни - и тие што не чувствуваат потреба да им кажуваат на другите мајки како треба да бидат мајки, не прават помалку за своите деца. Не знам. Не знам ни дали постои втора. Испаѓа статистички Америве секоја трета има индикации. Затоа потпишуваш пемпеле дека си согласен за операција. Слепо црево или царски - си се потпишуваш. Убаво си стојат ризиците итн на пемпелето. Чим кај нас тоа си е регулирано правно, не се сомневам во понапредните земји.
И овде во болницата се потпишуваат за царски и за сите други интервенции со анестезија. Ги пишува ризиците од интервенцијата кои никој не ги чита. Сега Камелија ме потсети, и за анестезијата и за интервенцијата се потпишуваат посебни листови. Си се штитат докторите од можните компликации.
Зошто? Не ти дадоа согласност да потпишеш? Анестезија го дава тоа пемпеле. Ако ти не можеш, потпишува некој од семејство (сопруг, родител...) Кај нас и за најситна процедура со анестезија потпишуваат. Кога ми оперираа пилонидален синус во стара градска исто потпишував. Иако не работам во ГАК, сепак на хирургија сум. И хирургот објаснува последици од операција, и анестезиологот. Башка пемпеле добива секој пациент за ризиците.
Во Америка си плаќаш и после тоа добиваш медицинска интервенција. Во зависност од тоа колку имаш да платиш или какво осигурување имаш,можеш да бираш болница,определен лекар,да те породува професор доктор или бабица, или па дома да раѓаш. Повеќе услужно се ориентирани,ако некој плати може и да му навиваат и пеат на пораѓај. Затоа можат да изберат заби да вадат со целосна анестезија. Кај нас се оди преку фонд,од парите на сите луѓе. Кај нас медицината не е легално толку економски ориентирана,туку треба да бркаш врски или да потплатиш за да раѓаш царски без индикација за тоа. Исто така сметам дека паничен страв треба да биде индикација за царски,затоа што при вагинално породување најважна е соработката на мајката. И затоа одлуката какво породување ќе има треба да биде взаемна меѓу докторот и родилката.
Вака Вака, зборуваме за тие што приватно си плаќаат царски по избор, за докторите и нивните лиценци. Никаква врска нема тоа со фонд.
Па пак царски без индикација е оптеретување на здравствен систем ,болнички капацитети со повеќе болнички денови без потребно. Исто како пред некој ден кога кажуваше дека MRI бараат за обични главоболки па има преголемо оптеретување и намалување на општиот квалитет на работа.
Со УСА е најдобро воопшто да не се споредуваме, ако веќе правиме споредби, барем со европскиве држави, затоа што УСА има можеби најлош здравствен систем во светот, ‘‘ако немаш пари умри‘‘ е таму пошто никој не плаќа здравствено, а не плаќаат зошто не е задолжително, ако не се лажам и е единствена што не дава ни ден платено породилно отсуство, епа во тој поглед ние сме далеку подобри, за системот зборувам, не за условите во болниците и примањата на граѓаните секако. Не ја гледам поптребата да се споредуваме баш со УСА, и кај нас приватното здравство ти дава можности да бираш како сакаш и што сакаш, но ми се чини дека ние се лечиме приватно најмногу заради условите, бидејќи се далку подобри и похумани во однос на државното здравство, а сепак сме во предност бидејќи задолжително го плаќаме државното здравство, барем и тие што не можат или не сакаат да си дозволат да платат, не се приморани дома да ги раѓаат децата, зошто тој тренд на пример, што излезе во УСА со пораѓање во базенче, е од немање средства, а сега што тоа стана хит, е тоа е друга работа. ПС: се извинувам што постот погоре ме наведе за избегам од темата.
Јaс пaк мислев се збoри зa тoa кoгa дoктoрите нa држaвнo мислaт декa се вo свoјa привaтнa oрдинaцијa пa нaплaќaaт зa зaфaти кoи не се oпрaвдaнo oдoбрени. Или привaтнo еве, пoстoи oпцијa дa бирaш цaрски без пoтребa?
И јас мислев дека зборуваме за истото како @Bridget ,затоа што кај нас најголем дел од ``нарачаните`` царски резови се на државно. А,на приватните тоа обично функционира така што плаќаат за царски,ама затоа што болничкиот ден е прескап,особено неонаталната грижа на новороденчето,се префрлаат да лежат на Гак,особено при некои компликации и сл. Зборувам за најголемиот дел од луѓето,не за финансиски многу моќните. @RedRevolution ,ист пример од Европските земји е Холандија. Половина од жените им се породуваат дома. Германија на пример ги има на пола и повеќе укинато некои од прегледите за време на бременост што кај нас се задолжителни. Не викам дека тоа е хумано или фер. Викам дека парите го прават здравствениот систем појак,јаките плати на лекарите и строгите казни спречуваат корумпираност. Уствари,кај нас луѓето ги даваат истите пари само на црно. Поарно да ми ги земат легално преку огромно осигурување или цена,отколку да ми речат епа продај си кола,стан плати ми па дојди да те оперирам.