Каква врска има тоа што ти го зборуваш со Систина, Санте, Ремедика и останати приватни болници? Никаква врска немаат со јавно здравство. @Bridget јас мислам дека во јавното здравство не треба да има слобода на избор, туку докторот да одлучува, само тука има еден чкакљив момент - субјективниот пристап на докторот. Кај нас мислам дека може (ако не може, би требало да може) да си прифатиш приватно да платиш надвор од раб. Време на докторот. Со дополнителна дејност во други области ова е убаво средено, единствено карциноми и скршеници не можат да се третираат во дополнителна. Со пораѓање не знам како е. Инаку за пример, катаракта, можеш да не чекаш ред на операции на МТ, туку да платиш во дополнителна дејност, при што те оперираат надвор од работно време.
Па тоа му доаѓа скоро исто, само што ние сите плаќаме ем државно, а плус си плаќаме приватно, а во уса бираат какво здравство ќе плаќаат Парите што ми ги кратат за државно здравство, кое го користам многу малку да ми ги даваа во послениве 10 години ем се подмирено на приватно ем пари во џеб ќе имав. Ама тоа е оној социјален момент во нашето здравство. сите плаќаме за оние што немаат.
Пишав погоре дека најголемиот дел од нарачаните царски резови се случуваат во јавно здравство. Приватното може да функционира како сака,си плаќаш за услуга,потпишуваш дека ги прифаќаш сите ризици и тоа е тоа. Се додека комплет целото лекување е завршено во приватна установа без трансфери ваму таму.
Е што знам баш дали е толку лесно туку така да си нарачаш царски на клиника?! Некако, не е баш така,знаеш?!
Ова за на клиника кажуваш дека без апсолутно никакви индикации можеш да кажеш сакам царски и така да се породиш?
Сега прочитав, околу 1000 евра за царски рез (пак не знам дали можеш да си нарачаш) 500 евра за природно. Јас мислев дека овие пари за поткуп се за да докторот е на лице место на породувањето, а ете си било законски регулирано. Нема термин, плати си за да не чекаш и ќе дојде надвор од работното време. Затоа изгледа се поретко термини има (за други зафати зборам повеќе, иако не ми е баш јасно како термин да нема за породување) за да си платиш за побрзо.
Многу ми е жал што бегаме од темата, ама бидејќи ја начнавме оваа за здравството, ајде да се искажеме па нека избришат модераторите. Да Ано можат да бираат, ама баш затоа 90% не плаќаат ни едно ни друго, и кога ќе им дојде нож под грло нема кој да ги погледне, зошто секој мисли дека нему нема ништо да му дојде во животот, токму поради таквиот систем кај нив има еден милион бездомници, затоа толку лесно пропаѓаат таму. Кај нив приватното здравство е прескапо и во однос на нивните примања, чичко ми живее и работи како интернист веќе 10 години таму, он ни со неговата докторска плата не може да си приушти лечење ако нешто дојде, а не па оние обчни да речам работници. Кај нив не е како кај нас на пример, приватното здравство кај нив е 20-30 пати поскапо од нашето приватно здравство, додека нивната просечна плата е 10 пати повисока од нашата просечна, што искача дека на нив им е поскапо да се лечат приватно (се ова го знам од роднини, може и да не е баш така). А да не збориме па за тие што се невработени таму, можат кога ќе се разболат единствено со бесење да си ги скратат маките, така што не им е воопшто сјајно и во споредба со нашиот систем се каде каде полоши.
И за ова сега прочитав набрзина и гугл вели различно, отприлика 200 до 400 долари месечно е здравство да плаќаш, па затоа голем дел не плаќаат оти им е скапо. Па кога ќе дојде ред на болница да одат без здравство е исто како на приватно, а приватно во УСА е изгор. Не дека толку не можат да си дозволат тие 300 долари месечно да ги плаќаат колку што неодговорно мислат дека нема да им затреба. Читам без здравство еден ден во болница околу 10 000 долари е Од моето брзинско гугл истражување.
Значи исто е ко кај нас, десет пати повисока просечна плата имаат и десет пати поскапо здравствено доколку сакаат да го плаќаат, нема никаква разлика по тоа прашање.
Неее, да мислев дека на клиника можам со моите врски царски таму ќе одев можеби ( ова можеби е само дека као поефтино, но мојата докторка приватно што ми беше не ја мењам за ниеден др гинеколог). Ова за Систина зборев.
Само не знам дали таа сума ја плаќа работодавецот како кај нас, или од плата си плаќаш дополнително? Дотаму не гуглав.
Се согласувам. тоа е она што кажувам, нашиот систем има социјална компонента, сите плаќаме за тие што немаат. А во УСА колку што знам има различни пакети на осигурување. Можеш да не плаќаш и да те кошта ѓавол и пол ако ти притреба, можеш да плаќаш минималец и само основни услуги да добиваш, а можеш да плаќаш и повисоко приватно осигурување и да си добро осигуран. Има право на избор. А и зависи од работодавачот. Кај нас мораш да го плаќаш задолжителното државно, а за приватно немаме навика, плус и многу нова услуга е. уште ни осигурителните не ја имаат добро развиено. За се нешто мора 100 пати да препрашаш пред да отидеш на испитување. Многу не им е јасно ни нив што продаваат.
Договор е. има фирми што ти плаќаат (како дел од бруто договореното), а има што ти даваат бруто па ти сам плаќај си.
Инаку Обама во неговиот мандат се обиде баш тоа прашање да го реши и воведе некое минимално задолжително годишно здравствено, ама не знам точно колку, што и како. Не е само до навиката, ние се мислевме со маж ми дали да склучиме полиса за приватно здравствено, но кога ќе собереме задолжителното месечно и плус уште некои 3000 месечно ова приватното по човек, многу е, се нема толку, е да имам опција парите од задолжителното да ми одат во приватното па нека е и плус 1000ка или 1500 денари на таа сума, одма ќе направам така. Ама сметам дека здравствено треба да е задолжително, па луѓето нека бираат, ете приватното нека е за 1000-1500 поскапо.
@CameliaMiller за последен пат те молам да ми посочиш (бидејќи ме окарактеризира како санктимам) каде јас " кажувам на другите мајки како треба да бидат мајки" @Bubce38 Во врска со твоето прашање... мислам дека не ја сфаќаш како прво поентата на форумов а и на темава општо. Јас за мене ќе кажам, ниту ми смета, ниту сакам, ниту пак имам право (да бидам искрена) да ти наметнувам став како и каде да се пораѓаш. Мислам дека треба да бидеме јасни околу ова. Ако тебе / вам ви сметаат моите мислења т.е сметате дека се загрозувачки за вас тогаш имате дефинитивно проблем со поимањето на поимот форум.
Така ти мислиш дека не ја сваќам. Нити еднаш не те тагнав освен што те прашав зошто сметаш дека докторите кои вршат царски по нарачка треба да останат без лиценци. Мање битно за мене ,ти каков став имаш у врска со начинот на кој ти сметаш дека е најдобар за породување за тебе.
За породување нема термин и не знам како е уредено тоа. Зборувам дека постои дополнителна дејност, си плаќаш бо болницата приватно, кај кој доктор сакаш. Термини има исто како и претходно, на МТ си стојат и во секое време може да провери секој. Програмот за операции е посложен бидејќи нема доволно персонал - најмногу фалат анестезиолози и инструментарки. А често има и недостаток на материјали. За операција во доп.дејност болницата требува посебно се' што е потребно. Широка тема е, но во секој случај, се согласувам дека царски, естетски операции и сл. Не треба да бидат на товар на фондот кога не се нужни. @An-na директно не, но со моментот со одземање лиценци што сакаш да кажеш? Ако јас не сум разбрала, објасни ми, едно 5 пати прашав. Каква врска имаш ти со начинот на кој јас ќе го родам детето?
Можеш ако си платеш. Овде има еден доктор кој работе приватно, ама за 300 евра ќе дојде во болницата и ќе те праве царски.