Си плаќаш сам полиса која сметаш дека ти одговара. Интересно е што стоматолошките услуги се екстремно скапи и во многу малку полиси ги има. Не постои бесплатно лекување, ни породување ни бутур. Што малку ми е забегано да се плаќа породување, третирање на малигноми, дијабет и сл. Едит: Медикер/Обамакер беше за сиромашни слоеви, знам Трамп сакаше да го укине, што стана не знам.
Овој доктор работи и приватно и во болница доаѓа по потреба (читај нарачан царски). Исто и една друга докторка приватна оди во болница, но за неа немам слушнато такви муабети. Ова не е во Скопје, во друг град е.
па незнам што се чудите и министерот работи во болница и приватно си работи. јас не познавам доктор кој не работи паралелно и во градската болница и дома кај него во ординација. @CameliaMiller ,незнам дали добро те сватив.Доктор од дома може да дојде да те породи иако не е на смена он таа ноќ.Парите што му ги даваш одат исклучително кај него во џеб.
За оние со индикација е легално, за оние на кои им е избор цезареата е нелегално. Ете убаво објасни @joy1 погоре.
Не си ме разбрала, велам не знам како е со породувањата, но не гледам проблем да се уреди како дополнителна дејност. Доп. Дејност е легална, плаќаш на каса и добиваш фискална за преглед, плаќаш во банка со уплатница за операција. Плаќаш на болницата. На пр. Спец. Преглед е 1000 денари, од кои 400 се за болницата, 600 делат докторот и тимот. Поделбата е по интерен договор. Ако закажеш операција преку доп.дејност, врз основа на тоа болницата пишува требување (за се', од игла до испирол до храна...) и тоа се набавува посебно за секој пациент. Можеби е добро да речеме на ваков начин да закажам породување, тогаш нема да има подмитување на доктори. Ова зборувам за закажан царски без индикации. За природно породување кај одреден доктор, ако баш кај него сакаш, ако не е на смена, во ред е да му се плати, но не на рака, туку да си оди преку авторска фирма и да си плати докторот данок на тие пари. За доп.дејност автоматски ти одбиваат 11% Едит: инаку докторите не смеат да имаат повеќе од 10 прегледи на доп дејност месечно и повеќе од 10 интервенции. И не може секој доктор, мора да исполнува услови (да има еден ден неделно амбуланта, 10 термини, да прегледува 5 приоритетни тој ден, да има еден ден во сала и еден ден да асистира во сала, и да има 2 години стаж како специјалист).
Јас што лежам во државна болница 2,3или5 дена еднаш или двапати во цел живот го претплатувам 30 години преку здраствено осигурување што ми допираат на плата. Некој ни таа услуга не ја котисти,се пораѓа во приватна болница или вооошто не раѓа деца,а пак плаќа. И освен на клиника (барем јас немав такво искуство) скоро во сите други болници во градовиве пола од лековите си ги купуваш сам на свој трошок,бидејќи ги нема во болница а ти следуваат. Зборам за Лендацин( што се става во инфузија при царски рез,), Урбазон, Кетонал,Вит Ц, ако си бремена и прокрвариш Прогестеронска инекција, и многу други. А нив реално ги плаќаш преку осигирувањето.
Seuste ne mi e jasno sto na nekoj mu e gajle kako drugiot ke se porodi, prirodno ili so naracan carski, i kako toa vas ve tangira. Jas sakam prirodno, a drugite ako sakaat i niz nos neka rodat mene ama ic ne mi e gajle. Pobogu 21 vek sme
Јас се породив царски бидејќи бебето ми беше карлично, а и да имав можност да бирам царски би избрала. Како и да е болно е и царски и природно. Природно во моментот боли, царски минимум 2 недели. Ама кога ќе си го гушнеш бебчето што е важно како си се породила
И јас така мислев порано,еј џабе плаќам државно здравство. Освен крвна слика ништо друго не користев на државно.Ама последните 2 год кога бев приморана 3 пати да лежам на ГАК ради чистење, па правев хистероскопија, па добив ваучер од фонд за ивф(мислам и ти имаш користено неколку в) , па вакви и онакви испитувања пред ивф,разбрав дека и те како е добро што имам државно осигурување. Да требаше се ова на приватно да го плаќам ,ќе дадев околу 10.000 евра. А ова со урбазониве и лендацинот,и кај нас,за жал се случува да ги "снема" во болница па приватно да си ги купуваш Е тоа е друго. И во Штип има двајца доктори кои работат и приватно,ама одат и во државна за пораѓаи. Но тоа легално. Имаат склучено договор со болницата за дополнителна дејност. Конкретно овие штипјани за ниедна пара нема да направат царски ако нема ниту една индикација.
Епа јас знам случаи кога две жени му дадоа по 300 евра на еден од тие доктори за да ги прават царски рез. Ако тие жени лажат и јас лажам еве. А инаку легално си работат и во болницата тоа е точно.
За жал, да, таа им е тарифата и на двајцата ако ти дојдат од дома баш они да те породат. И за природно и за царски. Но,царски ,барем без некоја мала индикација не прават. Мора да имало некој основ. Многу сум против давање на такви пари во државно. Ама многу!!!Но се прашувам ако сите сакаат да ги породи Огнен,на пример, тогаш што правиме?! И ние пациентите некогаш нит се тераме нит се водиме .
Со надминат термин беа, кој не секогаш е индикација за царски. Прво пробуваат со индукција, па ако има причина одат на царски. Овие две жени во ист ден ги правеше царски, тие беа исплашени поради еден неубав настан кој се случи тогаш, ќе го ставам во спојлер ако некоја не сака да чита Спојлер На една жена исто со надминат термин која лежеше на одделение ѝ почина бебето во мешето и овие од страв му дадоа по 300е и уште истиот ден ги породи Јас сум против работење на приватниве и во државно и во ординација. Ќараат и од двете страни.
Не потпишавме ништо, баш го прашав мм вчера, ми рече дека не потпишал ништо во мое име. Успана сигурно не сум потпишала
Доктори не смеат да доаѓаат од дома да пораѓаат на државно. Пораѓа дежурниот на смена. Е сега тоа што доаѓаат е кристално чиста индикација за корупција. Ама! Кој да се замара со тоа во државава.
@forumce @Bubce38 не ве рaзбрaв, oвие дoктoри кoј ги викaт oд дoмa не се врaбoтени вo бoлницaтa? Вo Битoлa мoжеш дa си викнеш некoј дoктoр кoнкретен (oд oние кoј рaбoтaт вo бoлницaтa) кoј сaкaш дa те пoрoди aкo тoј не е нa сменa кoгa ќе oдиш. Искренo тaрифи не му знaм aмa ќе требa дa се зaинтересирaм искренo.
Епа направиле пропуст, и тоа сериозен пропуст. Мораш да се согласиш за анестезија. Не е баш така. Имам многу случаеви каде што пациентот Трпе се лекувал кај доктор Митре, Митре му правел операција и најдобро му го познава случајот. Ако Трпе дојде со влошена состојба и има потреба од операција, Митре, иако не мора, ќе дојде. Не сум согласна со плаќање “на рака“, кога тоа може убаво да си се уреди легално. Сите тие си се вработени во болницата, но ако се пораѓаш пример во ден кога е тој слободен, ќе го викнат од дома. Само што изгледа тоа е со подмитување, ако добро разбрав.
Си работат приватно тие, ама имаат склучено договор со болницата, доаѓаат на дежурства, прават операции, породуваат итн. Едната докторка не сум ја видела дека само трета смена доаѓа. А овој другиот доаѓа и кога има операција, или царски рез, ама веднаш после си оди.