Мене не ме чуди оти мојот доктор што ми ги водеше и двете бремености има приватна ординација а ме правеше царски во државна(плус до последен миг не знаев,за на крај на мм да му побара 300е.пари за него).Нормално,мм му дал,ептен го ставил пред свршен чин,повеќе не итидов кај него. Не се чудете,се има во нашата чудесна Македонија
Еднаш да се случило, да речам пропуст, ама два пати, не ќе да е само пропуст. Сметам дека на ГАК не е баш практика, иако би требало да биде задолжително. Инаку и јас си барам согласност од пациенти за анестезија, како и извештај од специјалист за состојбата, т.е дозвола за вадење заби кај ризични пациенти. Некои доктори ми се смеат прво кога ќе чујат што барам, ама на крај ми даваат. Без тоа не работам, па што сака нека е. Тие пациенти не се чести, еден на илјада, може и повеќе, ама ги има. Да ми е мирна совеста, јас си барам дозвола. Порано ги препраќав на клиника, ама оттаму почнаа да ми ги враќаат со изговор дека сум требало да се помачам а пациентот ако ми умре на стол, што тогаш? Се извинувам за офтопикот.
@CameliaMiller не смеат да доаѓаат за пораѓај. Не реков за интервенции кога е битно да се знае историја на пациент. Во приватниве не доаѓаат сите, не па на државно. Сето ова е затоа што има дежурен доктор. Пораѓај не се смета за критична состојба, освен во исклучителни ситуации.
Ама во право си. Мене на стоматолог не ми барале до сега да се потпишам, ваљда дека не сум ризичен пациент, а и кај нас за лидокаин не бараат согласност. Веројатно не го сметаат за толку опасен, само прашуваат дали е пациентот алергичен на нешто. Ова со потпишувањево е кога анестезиолог доаѓа, и веројатно користи многу посериозни опивки од 3-4мл лидокаин. А ако ГАК нема пракса да бара согласност.... Тука нешто не ми штима. @kukla21 јас мислам дека е во ред легално да си се договориш со докторот и легално да си платиш на сметка на болницата. Така прават во доп.дејност и не гледам зошто да не биде така ако имаш посебни желби за породување.
Кај нас тоа се злоупотребува. Затоа на докторите пред 5-6 год им беше кажано дека не смеат да доаѓаат. Тоа доаѓање е за зрели држави и свесни доктори. Ние сме далеку од тоа.
Тука се согласувам. Но ако им се стават ограничувања, како што наведов погоре, мислам дека ќе се намалат шансите за злоупотреба.
Баш мислам ќе отворат простор за поголема злоупотреба. Знам дека попладне не сум на работа, а на пациентите ќе им кажувам тогаш да доаѓаат за да лапнам поголемо платиче (легално нели). Или ќе дојдам попладне и ќе те чекам да се породиш цела ноќ, а сабајле прва смена (редовна). Тој доктор не е способен за ништо тој ден.
јас пак не ве разбирам еве за Штип.Огнен има приватна ординација уште пред некои си 12-13 години.Како он може да се води како вработен во болница при тоа?Органџиски исто така. законот мислам не дозволува да работи истовремено и таму и таму.
@joy1 најверојатно мислат дека склучуваат договор со болницата и пораѓаат таму нивни пациенти. Ова знам дека функционира во приватниве ( Ина оперира пр. нејзини пациенти во ремедика, во Санте одат и прават интервенции и пораѓаи). Незнам за државно ист принцип ли е.
Па не е баш така. Еве да кирикирам - смее да породи 10 приватно, но само ако има (пример) 7 дежурства месечно. Ако има 5 дежурства, може приватно 3. Итн. Со приватното да не го загрозува нормалниот тек на работата во болницата. Освен тоа - не смеат да работат приватно ако дента или утредента се дежурни. Затоа приватното од со закажување. Околу спонтаното породување тоа е покомплицирано, но сосема е изводливо кај закажаното породување, без оглед дали природно со провокации или царски. @joy1 не смеат да имаат приватни ординации, јас зборувам за доктори кои се вработени во институцијата, но можат да работат приватно после работното време, ама има големи ограничувања како тоа се изведува. До сега не сме имале случај на злоупотребена доп.дејност, освен неколку што се правеа фраери па во нормално раб.време или на дежурство примаа пациенти од доп.дејност, но не им беа исплатени парите после бидејќи не се придржувале до правилата.
знам за лекари кои редовно се вработени во болница ,и имаат ординации ама раб на црно во нив. пример сегашниот директор кај нас е уролог.Редовно иде на раб ама прави и приватно ехо(3000 ден) кај него дома.Ама тие 3000 идат у џеб,не се пријавени. ама ти кога веќе имаш ординација со 2000 пациенти,вработена сестра,користиш годишен одмор како плус можеш да раб и во болница??
Па нелегално е да работат во болница и да имаат приватни, свои ординации. Конкретниот уролог може да работи дополнително, но во болницата во која е вработен. Пациентите ѝ плаќаат на болницата, а болницата му плаќа на него хонорар, за кој си плаќа данок.
@joy1 Гостивар и Тетово е лудница Сите од државно дома работат. Дури слушнав дека гинеколог дома кај жена земал брисеви Никој ништо не им може. Јавна тајна.
Огнен и Органџиски не доаѓаат во болницата, за нив не сум слушнала. Но други двајца кои имаат приватни ординации доаѓаат. Едната доаѓа трета смена, јас кога бев таму на стаж никогаш ја немав видено, но така кажуваа вработените. А другиот доктор доаѓа кога има некоја операција, царски рез, ама мислам дека тоа се негови пациенти.
За Огнен, ординацијата е на Магдалена, жена му. Нелегално си работи таму.Органџиски , на син му. Ванчо веќе не оди у државна, го раскинаа договорот со фонд. Дека почна кај него во ординација да прави киретажи и се повлече од државна.
Огнен си има своја ординација, му го пишува неговото име на вратата надвор, а не на жена му. А за Органџиски, истото го имам слушнато и јас.
И јас знам многу примери во Гостивар каде што Доктор што работи во болница си има приватна "ординација" дома. И како што кажа не само гинеколози. Знам за Јанко интернистот си има во куќата своја ординација, Ацо,Дрита и не знам како се викаше другиот гинеколог си имаат супер ординации ( кај Дрита сум била) Ама се е на црно,и реално треба да се пријават.