Во државава имаме толку недостаток од доктори, поготово на државно, што можда и "добро" е што овие приватњациве идат и на државна б. Дојдовме до дереџе да се "радуваме " ако пројдеме со мито од само 300 е за пораѓај на државна, наспроти 1500-2000 кои би ги дале на приватно. За жал!!!
Пола од доктирите си работат приватно дома. Пример јас од што си имав проблематична бременост бев на преглед кај повеќе лекари меѓу кои и кај некој од тие што си ги набројала. Замисли прво, ајде што дома бев на прегглед кај него со едно ехо од 1940, за една минута 500 ден.аНаредно ми кажа кога да одам повторно и кога мм му се јави на телефон ни рече да одиме во болница кај него. Не пречека тамо и ме прегледа и нормално 500 денари си платив . Што е најтрагично сите овие се заштитени и закон за нив не важи.
Еве доктор Шумански од Штип си има приватна ординација, па оди на дежурства во болницата. Си прави царски или породува негови пациенти. Органџиски мислам дека нe оди веќе во болницата , само во ординацијата си е.
ognen нема шанси да раб на црно во ординацијата затоа што беше матичен на мајка ми преку 10 години. кој му дава да биде матичен гинеколог со факсимил а да работи на црно @iki26 и Зоки има приватна ординација(ја спрема) само Теута мислам си остана достојна на болницата
Па да де работи на бело, за плата од 10.800. И мене ми беше матичен околу 10 г Дополнително иде у државна
Сами си се луѓето криви што на црно одат по лекари. При толку државни и приватни установи, не сфаќам зошто било кој би одел по дома кај доктори.
@Bubce38 Јас пак ќе се навратам на Огнен зашто мислам дека си грешка. Можеби порано работил и во болницата, но сега веќе не. Некое време бев на одделение таму и никој никогаш не го спомна него дека работи таму. Ординацијата му се наоѓа кај др. Златко убаво си пишува Гин-Акуш. Ординација др. Огнен Мицков. Не сум грешка.
На 03.04.2015 беше на пораѓај. Ординацијата уште е на жена му. Дали денес оди со сигурност не можам да тврдам,но мислам дека да
Срамота и греота ситуацијата. Наместо во болница без пари не тераат кај нив приватно да одиме И јас кај Стојоски одев приватно 2000 ден. преглед беше. Работеше позади Рамстор кај Кокороманоска мислам се викаше. Но чудо едно не ми наплати за ХСГ пред 5-6 год.т.е. си платив кај Толоски, но Стојоски ми го правеше. @joy1 не знаев за Зоки дека и он спремал. Се мафијаши милионери станаа.
Докторов си беше на смена , ама ете и таму си наплати за две минути преглед. Исто и прегледот кај матичните доктори НЕ требада се наплатува, но и таму си плаќаш. Дури и за Пап тест си плаќам, иако законски не треба. Замисли и за тоа што зема брис оп уште 100 денари плус. Кој да ги санкционира кога и да се пријавени си поминуваат супер, лесно како ништо да не било. Значи треба здравството и тоа како да се реформира....
И за мајката и за бебето е подобро спонтано. Царскиот треба да е само алатка кога не може спонтано. Заради тоа што, бебето при спонтано породување е поактивно и на некој начин се „изборува“ за себе и својот живот. За мајката е подобро, бидејќи царскиот е сепак - операција. Зашто да правиме операција ако нема потреба. После спонтан, може за неколку часа да стане и слободно са се движи, полесно да се грижи за бебето....
Темава ми наликува на доење наспроти формула истите караници исто се.Јас се породив спонтано без епидурали спинални и слично.Од сегашна гледна точка и не сум поминала така лесно три дена бев со болки па два саати на бокс меѓутоа се проаѓа.Сметам дека е подобро спонтаното од царски меѓутоа ако има потреба нормално и царски.Пред некој ден ми дојде на памет да го видам шиеното и се исплашив ми стана јасно зошто две недели неможев да се движам,затоа што сум шиена од горе до доле скроз.Ете некој со царски поминал полесно побрзо станал и функционирал.Нема правило и покрај сето ова и шиењето и болките па и заборавената газа јас повторно би раѓала природно на исто место кај исти доктор.