Државно ги породуваат природно.. баш познаничка пред 4,5м ја породија природно со карлично поставено бебе, но сигурно зависи и тогаш како е поставено бебето.. има повеќе позиции на карлично поставено... а приватно мислам не се нафаќаат природно ич...
Јас пред 30 и кусур години сум родена царски заради карлична поставеност. Уште на времето таа била праксата.
Не би требaлo дa имa, мaкaр штo вo зaвиснoст oд кoјa кaрличнa пoзицијa е пoстaвенo бебетo, кaј втoрoрoткa кoјa првoтo бебе спoнтaнo гo рoдилa мoжеби и би прoбaле зa спoнтaнo пoрoдувaње. Кaј првoрoткa се oди дирекнo нa цaрски рез без рaзликa зa кoјa кaрличнa пoзицијa стaнувa збoр.
Најдобро со доктор разговор, која недела си? Јас сум прво бебе на мајка ми, пред 24год во државна ме има родено природно карлично и вика дека 100 пати поубаво поминала со мене отколку со сестра ми која била главично поставена, второ бебе башка. Имам две познанички што се породени на гак природно со карлично, едната пред 2ипол год, едната сега пред 5,6м. Но сигурно има работи кои зависат дали може или не.. затоа најдобро доктор ке ти каже...
Зависи, имам другарка Др.Русе ја породи природно со карлично бебе пред 2 години. Помладите доктори знам не се нафаќаат, ама и жената сакаше природно. Јас лично не би се согласила.
Kaj rab ovoj Dr.Ruse vo Sistina liw Inace prvoto spontano go rodiv so glava a sega vtorovo mi e karlicno. 27 nedela sum. Mozda ke se svrti
Ехее имаш време ќе се сврти. Кај мене досега 100пати се врти. Се додека има простор оно ќе се шета. Така ми објасни мене докторката. Да не се чудам ако еднаш е карлично друг пат како треба. Може да се сврти и на сам ден на породувањето.
Ехеееее јас па реков на крај си Моето во 34та беше карлично, а во 37ма веќе главично... имаш огромни шанси да се заврти
Таше ја породи тетка ми природно со карлично поставено бебе исто. Не мора да е царски. Ама не секој доктор се нафаќа. И родилката треба да биде екстра послушна, на бокс тетка ми вели само го слушав не смеев ни да мрднам ако не дозволи. Не дека за другите родилки не е така, сите треба да бидат послушни, ама за карлично екстра.
Не знам точно, тетка ми ми кажуваше дека докторот и велел не смеам ништо да чепнам, како нас на природно што не масираа долу со кружни движења Јас знам забушавав, напни, па плачи За послушноста не смее да мрда оти е поголема опаноста од задушување отколку кај природното. И напоните строго контролирани од докторот и јачина и времетраење. А природните претежно од сестра се изведувани.
Исто само со нозе напред. Ризикот е да не се угуши во родилниот канал, оти главчето доаѓа на крај. Јас не би карлично и природно. Ако е карлично нека е царски. Не е само по секоја цена да биде природно.
И никако карлично, а природно. На братучетка прва бебето одвај остана живо, а и кај неа се искомплицирало со јако крварење