И со двајцата се породив спонтано, на ГАК. Првиот пат се измачив, ама вториот пат си поминав супер. Персоналот се погоди. Немав врски. Ако раѓам трето, пак би се пораѓала на ГАК.
Бремена со близнаци, ни абер од отварање и породилни болки, се породив со царски во 38 недела на ГАК, без обиди со провокации, директно на царски и тоа за два три дена, дури психички не се подготвив, може подобро, само сакав некој да ми кажеше барем колку боли првото а и наредните станувања, рикав од болка. За третманот од персоналот, само две-три личности можеа да се наречат луѓе, страшно. И покрај хоророт, во оптимизам ме одржуваа срцките мои. Здравје да имам уште едно пораѓање и ако е едно, би сакала природно ако имам предиспозиции за тоа, а ако бидат две или повеќе одеднаш, тоа е друга приказна А каде, веќе не сум сигурна, само би сакала при пораѓањето да не чува Господ.
Се породив царски во приватна болница. Отидов со план за спонтано породување - така и со доторот се спремавме. Ме примија еден прст отворена со 2 недели надминат термин. Но после 32 часа со провокации и болки јас се отворив само пола сантим, па одлуката падна на непланиран царски заради незрело грло на матка. Со второ во иднина, во МК би отишла пак на приватно и пак со план за спонтано породување. А што ќе биде, здравје. Не би сакала повторно царски, но ако мора, тоа е тоа.
Се породив природно во Чаир. Болки нормално дека имаше, ама пораѓајот ми беше брз. Тогаш си мислев "никогаш повеќе". Потоа се предомислив . Уште 5 пати да раѓам исто ќе одам, природно во истата болница, освен ако има индикации за царски нормално. Болката брзо се заборава. Станав одма, по моралните два саата лежење по пород, уште еден саат полежав во соба, кога го донесоа бебо станав сама. Сепак, мое мислење - секој си одлучува за својот пораѓај.
Незнам што толку имате одбивност/страв од природен пораѓај? Не би да трпите болки? А царскиот е па безболен? Го вадат бебето и тука завршува работата? Е тек тогаш почнува голготата. Баш кога највеќе треба да имате сила да станете да се грижите.за детето вие ќе се опоравувате од операцијата. Факт е . Операција е. Сечена си. И боли местото. За да станеш да се движиш ко нормален човек ти се потребни денови. За мене беше болно искуство. Неможев од една страна на друга да се наместам. Да се закашлаш .. Јас поминав и царски и природно. Не е споредливо тоа.
Две раѓања зад мене Првото спонтано - природно во државна болница во Скопје во старата зграда, но бев сместена во апартман и докторката која ме пораѓеше ми беше врска; одлично поминав персоналот одлично се однесуваше но имаа огромна гужва. Второто исто така спонтано - природно но приватна болница (докторката во 7-ми месец од втората бременост се отиде во приватна болница) се помина одлично. Мислам дека спонтан пораѓај е најдобар избор и за мајката и за детето.
Како што ќе налагаат условите така тогаш ќе му ја мислам.. А не да закажам царски рез по моја желба туку ако има потреба за тоа немам ништо против.. А сакам природно најнормално без комликации
Дефинитивно природно. После мојот прв трауматичен пораѓај мислев никогаш нема да родам уште едно дете природно и одма му реков на докторот кој сакав да ме породи дека сакам со царски. Тој само ме погледна и ми рече : а знаеш ли колку компликации може да се случат, тоа е операција. И се пордив природно и вториот пат, малку се помачив зашто имам тесна карлица но со помош на сестрите и докторот успеав. ОДма си станав си се опоравив, за разлика од првиот пат кога бев бетер од со царски. Шест недели не можев да седнам ни па на нозе долго да стојам.
Немојте да ги обесхрабрувате жените што мораат царски да се породат со коментарите како е претешко и е тешка операција, па не знам колку траат болките и опоравувањето. Ете и од природен некои жени тешко се опоравиле, а и со царски од 4-5 ден се функционирало најнормално. Ниту сум лежела по цел ден, освен по операцијата, ниту ми ги вршел некој работите околу детето по царскиот. Една иста жена два пораѓаи нема исти, а не да се споредуваме еден куп жени и искуства.
Се породив спонтано во Чаир. На бокс врескав да ме носат на царски но не сакаа ни да чујат. Но не е клише тоа што велат дека се брзо се заборава. Еве 7 месеци после пораѓај ставот ми е пак за природно и пак во истата болница.
Јас сум една од тие што природно одвај се опоравив. Ете на ГАК толку „убаво“ си поминав што по пораѓајот првите недели не можев да се оправам јас, а не, пак, да се грижам за бебето.
Се породив царски на државно. Имаше замотана папочна врпца два пати околу врат и беше лудо да ризикувам да одам на природен пораѓај. Супер поминав, и сега да можам да бирам за второ, пак би одела на царски кај истиот доктор. Е сега разликата може би била што би одела приватно бидејќи знаеме сите какви се условите на државно...
Супер информации поназад за бебето и начинот на излегување. Да, бебињата од царски се бели и изгледаат доста"неизмачено". Моето беше многу модро, ама ете, на крајот испаѓа дека природата си го знае своето. Јас се породив природно, во државна, без епидурал и провокација. Но со раната имав многу маки, две недели не можев да седнам, гаќи едвај облакав, развив некоја параноја дури дека се нешто не е во ред со раната, од толку што ме болеше и печеше. Ама ете, помина, не е дека ко ништо да не било, лузна има, имам хемороиди кои не се губат, одењето во вц ми е уште мачно И така и така нема правило како ќе се помине.
Па најнормално нема шо да си поигруваме со судбината и да си правиме експерименти со такви работи ако има потреба и јас исто размислувам несакам царски сакам природно ама ако недај боже мора царски не сум ништо против.. На крај краишта битно е да се роди здраво право па како дали природно или царски ионака и од двете има и предности и мани
Од природен до природен има разлика. Со првиот пораѓај со недели не можев да седнам поради шиеното, со месеци не можев да се наведнам а ако седнев на земја мораа буквално да ме креваат, дете со месеци не можев да подигнам без болки бидејќи ребрата ми беа натиснати од стискање врз стомакот оти беше многу високо па да го симнат, од што ме врзуваа со ќебе за да му сменат положба на бебето половината со недели укочена и повторно со јаки болки...плус провокација па и епидурал кој не фати. Вакуумот беше сепак најстрашното. И да, детето ми се измачи. Да можев да го изберам царскиот тогаш ќе беше за нејзе не за мене Затоа вториот пораѓај беше лесно. Опоравувањето е индивидуелно, и кај природен и кај царски.
Анкетата треба да има опција за повеќе од 1 глас за мајки кои имаат повеќе дечиња, а различно ги родиле.
Не сум раѓала, но јас не се плашам до толку многу од самата болка, колку од свесноста додека сѐ тоа се случува. Не би се одлучила прво природно, едно да истерам ако може под општа, па потоа ќе мислам
Prirodno( so epiduralna -se plasev nenormalo ,ete I za 2 sega pak imam strav od porogaj ) se porodiv vo Plodnost Zdravje I za 2 isto vo Plodnost ke se porodam
Природно, во Ремедика. Се надевам дека следниот пат ќе се вратам дома со бебе во рацете. Пак би ја избрала Ремедика доколку ми дозволат финансиите.
Цела бременост ја следам во Ремедика и секој втор преглед ми се наплаќал место 2100 , 1200, секој трет скоро ми бил бесплатен. Одам на два дена на цтг и не ми се наплаќа. Не можам да се пожалам дека не се фер. Др. ми закажуваше прегледи на 4 нед. јас на мое барање одев на 2 или 3. Истиот став ми беше ко на @Bubce38 од сам старт на бременоста од скоро идентични причини. Не ми е гајле за мене како ќе се оправам, ќе се оправам ко сите, иако имам страв и од 2те опции нормално. Сакам бебето да не се малтретира само и да биде добро. Освен што имав други индикации, меѓу другото како причина др. ми кажа дека е побезбедно за бебето после сите наши перипетии. За свои пари кои како сака нека се пораѓа. Нормално дека на приватните им одговара, како не би. Ама верувам не сме глупи па да слушнеме и 2 мислење. Навистина претеравте дека царскиот е баба рога наспроти природно. Сите сме свесни дека е операција секоја се информира претходно, се спрема со доктор. Јас ќе бидам фер и нема да пишам неубави случаи на природни пораѓаи од мојата околина И не верувајте на рекла казала. Секоја кажува како и одговара ( другарка која не ми е толку блиска, ми кажа дека во Санте дури лежела отворена ја излажале дека се свртело карлично за да и земат пари за царски. Другаркиве кои се поблиски со неа, кажаа дека сама барала царски од страв).