Како што главчето доаѓа доле, така е со нозето. Место главчето , нозете се долу. Не те разбрав инаку, дали за исто зборуваме.
Мајка ми, со близнаци се пораѓаше природно, од кое едното беше карлично со нозете мислам. Малку ја сецнале кажа само. Зборувам за ГАК 1995 година.
Мајка ми како што ми кажува, прво газот ми изглегол Па и дека ретко се погодувале карлични, кога ја пораѓале имало на пракса куп што гледале таков пораѓај... Јас па се имам гледано на јутуб, сум гледала и со газе и со ноџиња што излагаат. Ама како што вика @duffi најголемиот ризик е за главата дека излегува на крајот..
Па тоа газето и ножињата и со нив бутка за надвор, место со главчето. И прво они излегуваат. Односно долниот дел од телото, зависи нели од поставеноста.
Пa мoже и нoџињaтa a мoже и гaзетo дa дoјде првo. И двете пoзиции се кaрлични. Акo нoџињaтa се први бебетo прaктичнo стoи вo мешетo, a aкo е сo гaзетo знaчи свиткaнo е и нoџињaтa му се пред лиценцетo.
Кај другарка ми прво газето излегло, па докторот после ги извадил нозете и на крај главчето. Многу е битен докторот во пораѓајот, и стручноста, затоа ретко кој се нафаќа. А и мајката секако да соработува.
Јас карлично си го замислував во хоризонтала бебето, па дека треба да го извртат; за глава или нозе да дојдат доле
@danichap замисли цело бебе од пола метро внатре во хоризонтала не е можно мислам, како се стуткани на крај. Се што не е главчето долу се смета за карлично.
Исто и јас така мислев Инаку тетка моја пред 18 години се породи со карлично поставено бебе. Излегло прво со газето. Трето дете и беше и вели се изнамачила и сега по толку години не и се зборува за тоа од што и било тешко. Инаку не во МК. И бебето беше тешко над 4 кг, големко.
@kukla21 Поарно ич не ни замислувај. Да беше нормално немаше да се практикува царски рез поради карлична поставеност.
Колку сака нека е стручен докторот, мислам при карлично дека решение е царски. Многу ми е ризично и страшно ова карличново
Мајка ми е родена карлично , природно. Прво испаднала едната нога, па другата и ја извлечеле надолу. И јас мислам дека не треба да се ризикува за природно кога бебето е карлично. И јас сум за природно ако нема индикации, ама не по секоја цена.
Стрaшнo ... Нaјдoбриoт дoктoр нa светoт пред мене дa стoи немa дa се сoглaсaм нa вaквo нештo. Oвa знaчи декa требa пoвнимaтелнo дa се изведувa oд сaмиoт цaрски рез и е сo пoгoлем ризик пo бебетo и не гледaм никaквa причинa дa се сoглaсaм нa спoнтaнo пoрoдувaње. Не сум a спoнтaнo пoрoдувaње пo секoјa ценa.
Карлично поставено бебе не е секогаш индикација за царски рез, ама тоа зависи од стручноста на докторот кој го врши породувањето. Секако зависи и како е поставено бебето. Не е лесно, ама е изводливо.