Имајте брзо опоравување и закрпнување . Секое добро Не буцкам,само сакам да позбориме на таа тема. Не те означив тебе никаде.
Да ти кажам искрено со оглед да тоа дека пораѓајот ми беше трауматичен (имам пишувано за тоа), а претходно два спонтани, за второ сама би одбрала царски. Значи ќе бидам слабак во тој случај,а? Значи, едно ќе кажам, на ГАК природно никогаш, т.е. не би ни стапнала таму повеќе. Кој поминал лошо таму, може да ме сфати.
Здравје ако имам уште едно дете, би сакала царски да го родам. Природниот пораѓај ми мина лесно и брзо, ама опоравувањето ептен мачно, имам пишувано. Пак истите маки да ги трпам, секоја вечер со плачки да легнувам и да се тровам со апчиња, да не можам да седнам еден месец, не фала. И јас порано ги осудував оние кои бират царски место природно, се додека не ми се случи она што ми се случи.
Еве јас на пример те разбирам низ што си поминала,истото го поминав и јас. Од таа траума не верувам дека ќе идам на второ....
@Black girl @ilyan не ме сфаќајте погрешно, сте имале веќе (трауматично) искуство природно, веќе за второ знаете како ќе оди пораѓајот. Јас зборувам за оние прворотки кои не искусиле ништо, туку едноставно бираат царски без никаква причина. Жената е создадена да раѓа природно, да трпи болка и да го поднесе товарот на природниот пораѓај. Во ниеден случај не е лесно, и храбра е секоја мајка, но кога не знам како е и не сум пробала, не би одбрала свесно царски, тоа е според мене бирање на полесниот пат (јас првпат ќе раѓам во јануари и ќе пишам искуство после тоа), но засега сум со ставот што го кажав.
Тоа можеби е случај во приватна клиника, а во државно здравство додека не те донесат до смрт не те легнуваат на царски. Сам да бараш и да те оперираат мало морген,има да те изнавреѓаат да не знаеш кај да се свртиш.
Ако некоја психички не е спремна за природен пораѓај (паника ја фаќа) и тоа за мене е индикација за царски. Поарно да се оди на царски, него да не соработува од стрес, паника на бокс, па да си го доведе во прашање животот на детето и својот живот. Лесно е да се суди. Тешко е да му ја знаеш на човек состојбата и причините за нешто. Некогаш работите не се такви какви што ни се чинат.
Мила, јас знаев што ме чека на ГАК. Искрено пораѓај без епудирал не ми е ок мене. На ГАК нема епидурал, се вадат дека нема анестезиолози и слични глупости. Ама пораѓајот може да трае од 20 минути, до 20 или до 36 часа. Искрено во денешно време треба да имаме достапен епидурал зашто другарка имам се породи во Загреб и одлично помина и со анестезија и со однос од страна на персоналот. А мене ми се слоши и немаше кој да ми помогне.А плус на крај од бременоста се искривив и не можев да одам. И тоа после пораѓај ме држеше и на одделение немаше кој да ми помогне да станам. И тоа треба да го помине една родилка? Не, треба да има убав пораѓај, а не траума.
@kukla21 можеби, не велам не, реков од сегашна гледна точка тоа ми е мислењето. И верувам дека секоја прворотка ја фаќа паника при пораѓај, не постои таква што оди опуштено и си вика што биде нека биде. Па сепак успеваат да се породат природно. Да си државно, нема ни да те прашаат за царски, ќе се мачиш природно и со болки сакала нејќела, со страв иили без страв. За мене паниката од пораѓај не е индикација за царски, индикација е доколку се јави некој проблем да не може да се изведе пораѓајот природно. Сепак се легнува под нож, сепак е операција, а операција не се прави од чиста мира. Пак ќе кажам, ова е мој став, не мора да се совпаѓа со ничиј друг. После мојот пораѓај (кој сакам и искрено се надевам дека ќе биде природно), ќе пишам пак, зависно од искуството. @Black girl @ilyan сите знаеме каков ужас е на ГАК, ретко некој да има позитивно искуство. За избор на царски или природен пораѓај (и анестезија) доаѓа во предвид само во приватна болница, тоа сите знаеме, државно си препуштена на милост и немилост на персоналот. Жал ми е што сте имале трауматично искуство, потполно ве разбирам зошто се плашите и би одбрале царски за второ. Вие во случајов веќе имате позадина зад одлуката за царски, ама за мене е кукавички да одберам царски наместо природен пораѓај само зашто ми е страв, а никогаш не сум ни искусила природен пораѓај, ни пак сум имала спонтан или нешто слично заради што би се решила за царски. За анестезија (епидурал) сум за, сепак многу олеснува и со неа не е природниот пораѓај тоа што бил некогаш, да се пораѓаш 19 саати на пример со страшни болки. Ама кога се може природно, секогаш сум ЗА.
Стравот и паниката кај трудницата може да доведе до несоработка со докторите и сестрите и тоа може да е индикација за царски.
Јас не зборувам за обичен страв и паника. Не е убаво да се суди без да му на знаеш на човек состојбата.
И јас така викав Седев два прста отворена цела недела со надеж да раѓам природно. Па се додека ме дотераа до пред смрт и додека не го загрозија животот на малово, на патолошка ме е...а у здрав мозок дека сум лигава и дебела и дека не е време за раѓање ,а јас скроз отворена. На бокс малтретираее леле мајко за на крај да завршам на хитен царски . Поле докторката лелекаше " леле девојче што ќе направевме" ,не беше таа крива,крива беше квачката на патолошка шо не сакаше да викне доктор ,требаше убоо да се издерам за да се сети. Башка во тоа брзање ми направија рез од колк до колк и ми испука матката. Лесно е да судиш додека не доживееш. Јас сметам дека царскиот е тежок и не осудувам ако истиот е направен намерно.
@forumce можеби, пак ќе речам, не знам. Можеби и јас ќе бидам една од тие, па после пораѓајот ќе пишам дека не сум соработувала и морало царски. Јас зборувам за бирање на царски заради обична паника, која е присутна кај сите родилки, без исклучок. @kukla21 воопшто не судам никого, јас пишав примери од мои две познанички кои апсолутно заради обичен страв отидоа на царски. Нормално дека има милион состојби на умот, психа е страшна работа, не зборувам за нешто посериозно. Зборувам баш за обичен страв и паника, т.е. претпоставка дека ќе биде страшен природниот пораѓај. @ilyan кажав, те сфаќам, твоето искуство е крајно трауматично, јас во твојот случај не знам што би направила. Јас зборував за обичен страв и паника од пораѓај, кој сите го имаме, и свесно бирање на царски само заради тој страв, што за мене е нелогично.
@ilyan во приватна нормално, пишав и погоре дека во државна немаш избор, ни за пораѓај ни за анестезија, тоа сите го знаеме. И сите трауматични искуства се генерално од ГАК, затоа што си препуштена на милост и немилост во мнозинството ситуации.
Има полесни и потешки пораѓаи. Вториве посебно се однесуваат на прворотките. Утешително, вториот пат е стварно полесно. А слушајќи и читајќи стотици лоши искуства ги сфаќам и тие што од старт не сакаат природен.
Точно. За некои и првиот и секој нареден пат е лесен, или обратно, првиот лесен вториот потежок... Ова некој просек, во кој и јас спаѓав, дека вториот пат одеше побргу отварањето.