Во државна во мојот град слободно можеш да бираш царски или природно. Така да не е секаде исто. Дури царски им е полесно, оти за пола час си ,,среден,,. Па си закажуваат по 10 жени во ден. Се вадат дека нема персонал. Што е и со право, нема навистина.
@Sexybaby86 Ако тие кукавички да одбереш царски наместо природно тогаш зашто сакаш со епидурал? Според мене епидурал и царски ми е слично ни со едното ни со другото неја чуствуваш правата болка.
Што е толку лошо Мониче да си со епидурал? Ете и јас сакам природно со епидурал. Нека мине се како треба, па небитно како. Дали по своја желба или не.
Точен пост. Е сега евентуално ако не фати епидуралот. Мислам @danichap има такво искуство. Не е лошо тоа, мила. Јас мислам дека треба сите да имаме достапен епидурал во сите државни клиники. Туку моник кажа дека ти ставаат анестезија и царскиот и природниот со епидурал е слично во тој случај. Зашто нели оние со царски се осудуваат.
Точно, кај мене не фати епидуралот . Вториот пат фати, ама отварањето беше толку бргу, мислам дека не ми ни требаше, дека бев скоро целосно отворена. Кратко потоа се породив.
Епидуралот јас не го бирам, мене ми следува со пораѓајот, бидејќи ќе се пораѓам приватно. Мое право е дали би го искористила или не. Реков дека ми е ок епидурал во случај да се пораѓам 20 саати на пример. Тогаш сигурно нема со болки да седам. Не би го шибнала уште на почеток (не знам ни дали само така го ставаат), и плус на крај се намалува дозата, како се доближуваш до пораѓај, така што осеќаш болки и те како. Докторката ми објаснуваше баш сега на последната контрола. И не сметам дека е исто во никој случај епидурал (што го имаш како опција, а твое е дали ќе го употребиш, можеби ќе ми оди брзо па ќе немам ни потреба, така?) и царски, бидејќи кај царски мора да ти стават анестезија, додека епидуралот имаш избор дали ќе ја примиш. Јас сакам да имам опција за избор, тоа кажав
Еее, значи приватно ќе се пораѓаш? Епа, драга за приватно и јас со песна би одела на природен пораѓај, а не со страв што ќе биде.
Дуфче некажав дека е лошо да си со епидурал. Ме испровоцира тоа кукавички а е скоро исто. Јас сум и за царски и за со епидурал. Имам родено природно ја имам осетено големата билка која исчезнува за секунда кога ќе искочи бебето. Мене ми понудија ако сакам епдурал ама тогаш не ми беше важно туку сакав само ќто побрзо да искочи од мене. Јас после ова последново што ми се случи имам уплав и здравје боже кога ќе раѓам пак со здраво и право дете незнам дали би се одлучила со природно. А со потпис од психијатар секој одма ќе ми се нафати за царски.
Точно така,ако може да се избегне болката со епидурал зошто да не се употреби? Колку поголема болка се истрпи толку поголема мајка се станува?
@monik55 @Black girl па што зборам јас наназад 10 мислења? Дека сите со трауматични искуства се од ГАК, и ги сфаќам потполно, ама ПОТПОЛНО. Не ми ги читате мислењата Те имам и тебе читано @monik55 , знам што ти се има случено, и те разбирам комплетно зошто пројавуваш револт. Кукавички се однесуваше на изборот на царски (во приватна клиника), без никаков проблем за природен пораѓај и без било каква историја на спонтани абортуси или ризични бремености, само заради страв. На сите ни е страв, без разлика каде ќе се пораѓаме. Не ми ги извртувајте зборовите ве молам, не зборувам за царски со индикација и без издржана причина
Немам уплав од ГАК имам уплав што губам деца и сум цело време со болки,мене сега ме боли стомакот и неможам да издржам. Јас во ГАК и првиот и вториов пат поминав многу добро дали имам среќа или незнам што е. Првиот пат со игромни врски вториов нени сакав да барам врски за да неме дознае цело скопје. Еден акушер Маријан мислам дека се вика он ме водеше цело време де ваму де таму и на крај во количка до врата ме однесе. Само мал проблем имав првиот пат ама експресно реагираа и еден куп доктори и сестри се собраа околу мене.
Мајка не се станува со начинот на породување ,туку со гледање и чување на детето. Царскиот како царски поминува,болката поминува,јас ни а ни б не кажав од болка,а раната боли кој сака нека кажува не болело,можеш да седнеш на стол ама не можеш да легнеш настрана,не можеш да кивнеш,да се искашлаш,не можеш бебуш да го држиш.... Да одиш нож психолошки треба да се издржи , особено ако царскиот е непланиран,му доаѓа како шок. Природниот е исто така тежок,но разликата е што опоравувањето е побрзо. Природно се опоравуваш за 7 дена,а ова неколку месеци. Еве пминаа скорп 3 години,па на временска промена сеуште чувствувам болка.
Да се пораѓав во Систина кај докторот што ми ја водеше цела бременост немаше да имам воопшто страв ако ми веруваш зашто толку е човечен. А државно е друга приказна секако. Ама тоа е.
@monik55 знам, сум те читала и пак ќе речам, кај тебе е друг случајот, ти воопшто не спаѓаш во она што јас го зборувам. И немаат сите лошо искуство од ГАК, пишав и прееска, туку повеќето Ете, го дополнив и мислењето, значи зборувам за свесен избор на царски без претходни ризични бремености или спонтани абортуси, чисто заради тоа што ми е страв. Во твојот случај јас не би ни размислила два пати за царски, нема збор за тоа. Тоа сакав да кажам Неисе, секој си има избор и сам си решава што и како
Абе жени и тука ли стигнавте да се докажувате која е појака и помајка? Која како сака нека си раѓа, битен е исходот. Здраво бебе и здрава мајка.
Лајк ,паметен одговор. Ова со докажувањево супер мајка,кој колкава болка истрглел,кој колкаво бебе родил,кој дава најздрава храна, се затепуваат ако некоја мајка дала смоки аман више.Абе нека си прави кој како сака,како милува .....
Јас се породив со царски, зошто така мораше да биде, и можам да речам дека прелесно поминав, уште истиот ден вечерта на мое инсистирање станав на нозе, тешко и болно беше, но веќе утредента беше полесно, а третиот ден нормално седев и одев, не беше песна, но далеку од страшно. Еве за природно не знам, но во салата до мене кога се пораѓав, една девојка се пораѓаше природно, такво врескање ни на филм немам чуено, ми делуваше премногу болно, верувам дека е индивидуално, но се чинеше страшно. Да знам дека со царски ке раѓам 100%, уште 5 деца ќе родам без да му ја мислам Мариз честитки , да сте здрави и живи, ме немаше деновиве ама те мислев, мило ми е што се поминало како што треба ♡
Pozdrav. Ja so prvoto pominav prirodno. Poragaj lesen no bolki nenormalni. So vtorovo neznam. Karlicno e postaveno a kon osmi mesec se blizam. Mnogu mi e strav.