Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.289
    Допаѓања:
    170.462
    Пол:
    Женски
    Ај сега пак друго пишеш.оставаш простор да мислиме дека можда и на царски ќе идеш.
    Е не ти е страв за бебчо?
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.650
    Допаѓања:
    35.384
    Пол:
    Женски
    А вие мислите дека ако се пораѓате царски, сте го одбрале полесниот пат? Можеби вас ќе ви биде полесно, особено сега со спиналната анестезија, опоравувањето е каде, каде полесно, ама... операција е тоа бре луѓе. Јас еве уште не можам да сфатам (не знам, може до мене е) зошто некој свесно би одбрал да оди под нож ако може природно. Знаете кои се ризиците од било која операција, нели? Да не зборам за ризиците кои се можни во следните бремености. Не сфаќам, навистина :shake:
    А за муабетиве, мајки, немајки, што да се каже :^) Ниту начинот на раѓање те прави поголема мајка од другите, ниту дали си го чекал детето 10 години или се фатило плукни-залепи, ниту дали си останал природно или инвитро. Дајте ве молам...
     
    На Kitten, victoria, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И мене не ми е јасно што е себично ако одбереш царски? Кон кого?
     
    На Nausicaa, CameliaMiller, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.473
    Себично е зошто мислиш на себе само де. А не знам во денешно време кој не мисли и на себе
     
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    По дефиниција да. Ама кои се "другите" што се оштетени од мојата себичност?
     
    На Nausicaa, CameliaMiller, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.473
    Е тоа не знам ни јас. Треба да одговорат овие што се строго против царски.
     
    На eli25, RedRevolution и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.680
    Ете и јас сум кукавица и си признавам. Родив природно и од самата помисла пак да поминувам низ тие болки, брцање со рака, скокање на стомак, рана доле, добивам нагон на повраќање. Мислам дека ако пак треба да раѓам така, ќе умрам од страв, од самата помисла.
    За мене целиот процес беше ептен трауматичен и не знам дали по извесен период ќе заборавам...
     
    На CameliaMiller, eli25, RedRevolution и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Јас не верувам да има некоја мајка што мисли само на себе, а не на бебето.
    Како да има некоја штета бебето ако мајката е царски.
    Еве мене ми беше нај битно бебето да ми е живо и здраво, не ми беше битно како ќе се породам, спремна бев да истрпам секаква болка за таа среќа. Милион жени милион различни искуства од пораѓање, некои поминале лесно некои тешко и природно и царски.
    Не треба да не интересира зошто некоја била царски и дали имало причина за царскиот. Најбитно живи и здрави и мајката и бебето.
     
    Последна измена: 5 ноември 2017
    На ana-banana, Nausicaa, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.473
    Јас си признавам дека следен пат такви болки не би можела. Со епидурална да, ама вака НЕ и точка. Да поминам низ истата траума со лошење, дерење,барање помош да добијам обезболување, а плус искривена во кичмата со страшни болки од што плодот притиснал НЕ фала на клиника. Дали сум слабак не знам. Еве нека кажат похрабрите :)
     
    На CameliaMiller, RedRevolution, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.349
    Пол:
    Женски
    ако трет пат се пораѓам(мада не верувам) ке бирам царски.Иако имав два нормални и кратки пораѓаја.Јас една настинка ја доживувам како траума не пак овој процес.
     
    На Luna91, CameliaMiller, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.680
    Леле повраќањето при секоја контракција пред крајот, никогаш нема да го заборавам. :x
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    А на кого треба да му покажуваш храброст, зошто да си слабак? Штом постои можност да не те боли нешто што инаку би те болело, или да те боли помалку, или пократко, или едноставно сметаш дека така би поминала полесно, зошто да не, нормално е да го одбереш начинот што го сметаш за поедноствен и попопволен за тебе, мене па не ми е нормално да одберам да ме боли ако може да не ме боли.
     
    На CameliaMiller, Bubce38, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    @Sexybaby86 Јас те сфаќам зашто исто размислував како тебе. Искрено јас немав трауматичен пораѓај како повеќето, освен тој преглед со рака кој ми беше ужас. Но она што го минав после пораѓај нека каже дали некоја со царски го минала. Гнојна и инфицирана рана со недели, ништо не помагаше, ужасни болки долу, не можев да седам, лежејќи ја доев малата, силни главоболки дури и светлината ми сметаше, болки во кичма. И тоа траеше повеќе од месец. И уште раната ме наболува кога одам во вц и пеглам. Тоа е моето искуство. Да знаев дека вака ќе биде со две раце ќе потпишам за царски.
     
    На CameliaMiller, Sexybaby86, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    А кои се тие големи ризици од царски? Дај кажете ги убаво. Вака само читам и од памет се вадам :o
     
  15. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Па во нашава држава за било каков оперативен зафат или било каква интервенција и да се работи, најголем ризик имаш од нестручни доктори и пијани доктори, за жал.
     
    На Minnie-e и ilyan им се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.459
    Допаѓања:
    34.693
    Пол:
    Женски
    Абе аман од ум ги вадите бремениве жени, искрено, со ова хорориве што ги пишувате.
    Пораѓајот доаѓа спонтано, вака или така бебето мора да излезе и да останат здрави и живи и мајката и бебето.
    Ако било штетно, сите прородно ќе се пораѓале, немало да има царски.
    А нус појави дека има само од царскиот, е па не би рекла.
    Порака до идните мајки: Опуштете се, едуцирајте се и најважно од се, верувајте во себе во тој момент,со цела сила и љубов дајте се од себе, мислете на убаво, мислете дека на свет ќе донесете мала душичка. Само тоа дава сила и снага да се претрпи се што следи.
     
    На mssuniquee, TheSecret, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Не гледам ризик за бебе ако се оди царски. Баш природно може да заглави повеќе мислам. Тоа не значи дека сите царски ќе одат. Од што ризик? Бебето е за 7 мин надвор откако ќе примиш анестезија. Повеќе ризик за мајката има неголи за бебето.
     
    На TheSecret, CameliaMiller, EuHenIa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.698
    Малце глупичко е туѓи одлуки за раѓање на дете да оправдувате или не оправдувате. Тоа можете само за себе сами, и за својата матка.

    Ако мислите дека сте помајки што 20 саати сте се пораѓале, од оние на договорено, царски итн - се лажете.

    Не гледам поента во намерното измачување. Не гледам зошто некој намерно би се измачувал. Ако вас тоа ве прави горди на себе - нека ви биде. Ама да омаловажувате било кого... тоа повеќе зборува за вас, отколку за личноста за која што зборувате.
     
    На m.i.g, Melinda85, TheSecret и 8 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.078
    Пол:
    Женски
    Еве ќе се цитирам од првите страници.
    "Еве на првата страница на линкот постиран за како е подобро за бебето што стои.

    Првите чекори во развој на имунолошкиот систем на новороденото се во самиот процес на раѓањето. Бебињата родени вагинално преку родилниот канал, ја добиваат својата прва доза на бактерии од родилниот канал на нивната мајка.

    Корисните бактерии кои се најзастапени се од родот Lactobacillus тие пред крајот на терминот по инвазивно го колонизираат родилниот канал на мајката. Со поминување на бебето низ родилниот канал настанува брз процес на колонизација на гастроинтестинумот. Раѓањето по пат на царски рез води до формирање на сигнификантно различен микробиом кај овие бебиња. Микробиомот кој ја населува цревната лигавица кај бебињата родени со царски рез, не се оние истите бактерии кои наброиле стотина илјади години човечка еволуција.

    Зошто да не се породите со царски рез иако единствена разлика е поголема сметка при излез од болница?

    Бидејќи царскиот рез има и друга цена – биолошка цена и со себе носи ризици кои се однесуваат на здравјето на новороденото, здравјето на мајката како и ризици кои имаат психосоцијален ефект врз двете единки. Ризиците кои се однесуваат на мајката се компликации кои може да се јават кај било кој тип на абдоминален хируршки зафат:

    • Инфекции;
    • Крварења;
    • Адхезии;
    • Задоцнето започнување на лактација како и недостиг на рано поврзување со бебето, што претставува доста важен психосоцијален момент.


    Ризиците кои ги носи царскиот рез во поглед на бебето и на неговиот здрав почеток во новиот свет вклучуваат:

    • Зголемен ризик од појава на респираторни проблеми, лоша регулација на температурата, спора невролошка адаптација после раѓањето;
    • Разлика во нивоата на хормони за регулирање на метаболизмот;
    • Различна функција на имунолошкиот систем;
    • Зголемен ризик од оксидативен стрес.
    Еден од евидентните ризици кој може да го промени добриот старт е различната микробиота која може да трае најмалку шест недели од раѓањето па сè до шестата година од животот на новороденото. Значително позитивно влијание на нејзиното рано и здраво реструктуирање има доењето, контактот со надворешната средина и начинот на исхрана подоцна во животот.

    Повеќе студии сугерираат дека бебињата родени со царски рез имаат различен микробиом од оние родени вагинално. Микробната популација која го сочинува нивниот микробиом е всушност составена од бактерии кои живеат на кожата: Staphilococus, Corynobacterium, Propionibacterium.

    Во текот на животот цревната микрофлора ќе се дооформи и врз неа ќе влијаат прехрамбените навики, но секогаш останува фактот дека царскиот рез, употреба на антибиотици, хранење со адаптирано млеко имаат значителен придонес во формирање на релјефот на микробиомот во рана возраст на новороденото.

    Царскиот рез може да биде медицинска потреба па дури и вонредна состојба и според Светската здравствена организација (WHO) тоа би изнесувало околу 15 % од сите раѓања.

    „Мајките треба да разговараат за ризикот со својот гинеколог кога размислуваат дали да се породат со царски, а имаат можност за нормално вагинално породување“
    Во последниве години, царскиот рез е дел од одлуката на мајката и таа одлука најчесто не е ни медицинска потреба ни вонредна состојба. Доволно силен е фактот дека мајките треба да разговараат за ризикот со својот гинеколог или бабица кога размислуваат дали да се породат со царски рез, особено кога вагинално породување е можно. Дури и кога станува збор за скромно зголемување на ризикот за нарушен имунитет и ризик за развој на астма, алергии и дијабетес подоцна во животот, тоа треба да е споделено со родилката, со цел обезбедување на добар старт во животот на нивните најмили."2
     
    На victoria, Annath, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.698
    Едно е едуцирање (на сите им е потребно) сосема друго е осудување (што особено е присутно кај тазе мамичките по форуми, не само на овој), и да, за крај, паниката Е индикација, и тоа многу голема, за царски.
    Или можеби јас никогаш не треба да имам деца, затоа што немам намера да трпам никакви болки (и најмала повреда ми предизвикува паника)?
     
    На m.i.g, RedRevolution, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.