Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Како општество осудувањето ни е во крв, дали царски или природно секако си бира мајката, нашето општество те осудува како жена ако сакаш породилно 18 месеци, ако сакаш царски, ако сакаш епидурална, ако не доиш и уште се што. По мене идеално е да се породиш природно со епидурална или спинална анестезија бидејки буквално не осеќаш никаква болка, ако не се може така тогаш царскиот си стои како опција и ич да не се замарате дали околината ќе ве осудува. Се разбира дека ќе се најде некој душебрижник и во вашата околина :D
     
    На kukla21, CameliaMiller, RedRevolution и 2 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.602
    Допаѓања:
    114.651
    Пол:
    Женски
    А зaбoрaвив дa спoмнaм декa ми се пoврaќa кo ќе слушнaм муaбет oд типoт "ние кo рaѓaвме пред 25 гoд. немaше oвa немaше oнa пa рoдивме...." :puke:сериoзнo требa дa спoредувaме нештo oд пред четвртинa век ???(facepalm) немaлo епидурaлнa пa рoдиле. И штo дa ти кaжaм ?!? Брaвo?!? Или бед лaк?!? Еве јaс имaм пoвеќе среќa oд тебе и сегa епидурaлнa имa и кoјa е пoентaтa дa пoминaм кaкo тебе пред четврт век?:tmi:
     
    На LadyC, m.i.g, ana-banana и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.275
    Пол:
    Женски
    Телото на жената е создадено се раѓање. Цезареата е воведена во случаи кога навистина има потреба од неа, а денес така лесно се легнува под нож, дека било подобро, полесно, побрзо. Само ќе речам, побрзо е, ама дали е подобро не знам.
    Две операции, две цезареи имам зад себе и не знам што не би дала да беше поинаку. Операција си е операција, сечење на слоеви ткиво, па органи, па крварења (не дека при природно нема крварење, таман работа), можности за емболија, за нетолеранција на анестезијата... Многу ризици има тука.

    Не дека природното породување не е со ризици, ама некако помали се отколку при операција.

    Битно е само породувањето да помине како треба, без последици по мајката и бебето.
     
    На mariz, An-na, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    13.529
    А што е поразличен пораѓајот од порано по државните клиники? Исто е. Што дека постои епидурал кога не ставаат. Пак сме назадни.
     
    На TheSecret и kukla21 им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    269.134
    Многу е помал стравот кога спиеш.
    Барем кај мене :)

    Лично би се нафатила на епидурал-природно, само ако присуствувам на такво породување лично и со мои очи се убедам дека е безболно.

    Постоперативни рани сум имала, а и секојдневно гледам, некако помалку трагични ми се од искуствата на пријателките и роднините што природно раѓале.

    Кој како си милува, само едно е сигурно - сепак е глупо некого да осудуваш. Или да мислиш дека е инфериорен затоа што помалку се измрцварел.

    @fana најјаки ми се таквите, еее вие како пораснавте, како ве родивме.... денешниве мајки ништо не знаат за мајчинство демек ;) :)

    @Black girl и мене ми е еден од најжални моменти во нашава држава тоа што сѐ уште многу родилки мораат да ги истрпат сите болки, немаат пари за приватно, а на државно епидурал не даваат.... хелоу, 18 век, Македонија се јавува (facepalm)
     
    На LadyC, *Лорена*, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    13.529
    Епа тоа е, пораѓајот трае со саати, па и денови, ама државно треба да се измачиш, а што ме оставија сама на бокс тоа е друга работа. Важно тоа е мајчинство де, да се измачиш ко кучка во нашево бедно здравство. Плус една родилка што беше таму се изнамачи 24 часа со јаки болки, А не мрднала повеќе од седум прсти и на крај царски. Ем болки за природен пораѓај ем операција.
     
    На Beautymom, mal.ecka, fina erika и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Во последниве три страни се изначитав дека природниот без епидурал е само мачење и траума, траума, траума...Друг збор не сретнав. Некоја што не раѓала па стварно ќе ја фати страв! И стварно ги наметнувате тие работи. Малку олабавете. Многу е поважна психичката спремност на тоа што те очекува.

    Ако не добиеш епидурал не значи дека ќе биде трауматично, болно е но од таа болка не се умира. Да, жално е во 21 век да нема ваква анестезија во државните клиники да им се понуди на тазе мајките, но пак и не е крај на светот. Ги спомнувате само тие што се пораѓаат 24 саати, а никој нема спомнато колку има лесно што се породиле за саат-два. Премногу се пумпаат работите на темава, а и општо, затоа се жениве преплашени и директ бараат царски за да не се мачат 534564 часа :^) И понатаму царскиот се оправдува дека е рутинска операција, пожелна, и нешто што е веќе нормално самата родилка да одлучува а не докторот.

    А муабетите со мајки и немајки сами си ги наметнаа дел мајки, кои поминале низ операција-царски. Можеби не се истите членки зашто сум долго на форумот, нови доаѓаат, стари заминуваат, но истава тема се вергла веќе 2-3 години. Често не ни имам желба да дискутирам на темиве зашто нема простор да искажеш став а да не бидеш нападнат поради тоа што не си истомисленик со другиот.

    Едит: Не се доизјаснив горе дека поимот "немајка" не сум го чула од ниту една членка сакајќи да навреди друга затоа што се породила царски и без мачење. Бесмислено е веќе да го користите.
     
    Последна измена: 6 ноември 2017
    На duffi, BirMelek, mariz и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    13.529
    Кој ги пумпа муабетите? Јас зборам од сопствено искуство кое беше трауматично и во предродилна сала и на бокс и на одделение, а не од рекла-казала муабети. И во породилни приказни ја прочитав Кристула од поодaмна го раскажала своето породилно искуство, многу сјајно и било на ГАК и нејзе. И секој болките ги поднесува различно. Не се умира, ама ете мене ми се слоши. Ете и Луна пишала исто дека повраќала.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.730
    Допаѓања:
    35.742
    Пол:
    Женски
    Јасно. Спонтаното породување е трауматично и болно искуство за сите, додека царскиот е опција која е пожелно да се искористи кога веќе ти ја сервираат на тацна. И е безболна, безбедна... итн. Ете толку е просто ако се генерализираат работите.
    Ама.. не е толку едноставно. Плус, јас тука не прочитав никој да каже збор против царски кога има индикации, а гледам тука навелико се вергла дека сме генерално против царски |( На крајот, пораѓајте се како сакате, ваше право (кога веќе ви го нудат “докториве”), ама ве молам кога препорачувате и советувате за царски, гледајте вашите ставови да бидат издржани, а не рекла кажала муабети.
     
    На Melinda85, Kitten, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.862
    Допаѓања:
    325.845
    Пол:
    Женски
    @Kitten а ‘бездетна’ го памтиш ли :D

    порано се споменуваше во темите за бебиња.Тие што немаат искуство со деца сами така се нарекуваа ‘ние бездетните’ синки некој ги нарече јалови или незнам какви.
     
    На Kitten, ilyan и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.139
    Допаѓања:
    67.283
    Пол:
    Женски
    Точно. Мене само не ми е јасно зашто толку се мисли дека е подобро царски, па дури и се одбира по своја волја. Царскиот рез е измислен за да се спаси бебето, не за на мајката да и е полесно. Болки секако има. И така и така ќе истрпиш нешто, ама ни природно ни царски не е гаранција дека лесно ќе се помине. Ни еден пораѓај не е ист.
    Сакав да кажам за спиналната некој имаше пишано 100 посто сигурна била, такво нешто не постои. Анестезиологот е должен да ги објасни ризиците и да, во краен случај може да дојде и до целосен колапс и други работи. Анестезиологот тоа го кажа на предавања во државна. Се зависи од анестезиологот и неговата спретност. Исто така кажа дека такви случаи се многу, многу ретки. Но, ризик има, 100 посто не е ништо сигурно.
     
    На referentka, Sexybaby86 и Annath им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Според анестезиологот во Систина, повеќе ризик носи епидуралот, отколку спиналната анестезија заради различно место на аплицирање.
     
    На LadyC, fana и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.189
    Допаѓања:
    17.791
    Јас кажав низ што поминав од моја перцепција,воопшто не напумпав. За мене беше шок и не би се осмелила второ природно. Ете @Kitten не знам како има раѓано, можеби е поиздржлива и похрабра од мене. Има случаи кои раѓаат за 2 саати не викам не, ама има и некои кои како мене раѓале 17 саати и повеќе со константни болки. Јас мислев дека сум психички ептен спремна, па кога почнаа болките се изгубив. Не пишав со намера да исплашам некоја идна мајка. Сите организми се различни и секој има различен праг на толеранција на болка. Секој знае дека тоа се надчовечки болки, тоа го знаев и пред да се пораѓам. Ама знаев дека после тоа се поминува и дека ќе го видам бебуш и тоа ме храбреше.
     
    На CameliaMiller, LiliBoz, Black girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.405
    Допаѓања:
    126.850
    Малава е свртена карлично,и најверојатно ќе треба царски рез...после читање на темава незнам што да мислам..само Господ да не чува.
     
    На Melinda85 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Ќе бидеш со мисла дека се ќе помине во најдобар ред и нема да се оптеретуваш со лоши мисли.
     
    На Annath, Melinda85 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.741
    Допаѓања:
    323.002
    Да се вмешам и јас..
    Со самото тоа што потпишуваш Изјава пред да примиш епидурал/спинал кажува дека ПРЕВЗЕМАШ одговорност.
    Не е наивна анестезија во рбетот.
    Рбетот е држач на ЦЕЛО тело.
     
    На mal.ecka и ilyan им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.139
    Допаѓања:
    67.283
    Пол:
    Женски
    Тој во државна не кажа такво нешто, објасни кај се боцкаат и кои се ризиците. И за двете има ризик, зашто е нели, рбет. Ама должни се секако да ги кажат ризиците, а не да кажат дека е сто посто сигурно.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    13.529
    А кој е ризикот? Мене една сестра од ГАК ми кажа дека има ризик, ама јас не поверував многу тогаш зашто си мислев дека сакаат да ме откачат колку да не ми стават само.
     
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    нема што лошо да мислиш. бебе ќе го видиш за пет минути, станувањето не е страшно, како пецкање се осеќа не ко да те дерел некој, јас лично и анестезија и рез поднесов одлично.

    п.с. збориме за ризици од царски, фала богу дека ги има. едно апче може да има ризик а не па операција било каква. ако сака да тргне на лошо и природно тоа може да се случи. реално секогаш е битно каков тим на доктори имаме околу нас. породите ко пород ќе помине без разлика каков, има ризици.
     
    На eli25, Bubce38 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Е па и затоа не ти ставиле. Ризикот се јавува кај 1 во 100-150.000 пациенти.
     
    На Black girl му/ѝ се допаѓа ова.