токму така, но толкави се и шансите да се сопне човек на камен нели олабавете се малце вие што треба да раѓате. со добра мисла и стручен тим посебно во приватниве од уво ќе го извадат ако треба
Не се грижи не е тoлку стрaшнo, иaкo бев сo спинaлнa ништo не пaмтaм oд сaлaтa. Не oсеќaш никaквa бoлкa зa време нa чинoт сaмo мaл притисoк, a пoстaвувaњетo нa спинaлoт вooпштo не е бoлнo. Првoтo стaнувaње е мaлку тешкo нo не бoлнo кaкo зaшеметенo се oсеќaв. Сaмo слушaј гo aнестезиoлoгoт штo ти кaжувa и прaви тaкa и се ќе пoмине вo нaјдoбaр ред бебетo ќе гo видиш мнoгу брзo. Oпoрaвувaњетo е мaлку тешкo бидејќи кaкo првo требa и зa тебе и зa бебе дa се грижиш. Личнo мoј сoвет: немoј вo никoј случaј дa јa мрдaш глaвaтa првите 24чaсa и пиј мнoooooгу (ствaрнo мнoгу ) течнoсти и се ќе биде вo ред. Сo леснo мaјкa
Еве ваков муабет треба. Фала ти Само Господ да е со нас и да си донесеме дома живи и здрави бебиња. Другите од страна што ќе кажат/мислат ич не ми е гајле.
Се изначитав многу и богами никој не би осудила, секој си бира за себе. Јас лично да си кажам мене ми е повеќе страв од епидурална/спинална и мислам дека е многу опасно и би ми било страв да прифатам, исто премногу ми е страв и од царски со целосна анестезија, сепак е операција и мене ми е страв многу. Од утре сум во 36 недела, бебуш пред недела дена беше поставена со главчето надоле, се надевам дека така ќе остане па ќе одиме на природен. Мене ме интересира дали некоја е породена со епидурална во ГАК, иако јас не би се нафатила бидејќи си мислам дека може имам крив рбет, а за допир дебела сум мислам не можат да ми допрат до рбетот. Мене што фаќаме врски на ГАК ми вика ќе пробаме природно со провокации, ти дојди кога сум дежурна, ако не бидне за 2-3 саати ќе одиме на царски, а јас пусто страв ми е, си мислам и 5 дена ќе трпам болки да не одам на царски (ама може само си мислам кога ќе осетам ќе знам).
За било каква анестезија се потпишува, не само за овие 2 затоа што одат во рбет. Не е тоа ризикот, туку самата анестезија. На пример јас на бокс се тресев цела од анестезијата, али знаев дека тоа е честа нус појава па не се исплашив
Искрено да ти кажам, мене потешка ми беше бременоста неголи породот. Морав царски, не беше мој избор, ама не се плашев од ниту еден начин на пород. Сакав само да има анестезија без разлика природно или царски. Некако ни на крај памет не бев да трпам болки поред анестезија дали спинална дали епидурал. Ризикот е тој. Самите бројки кажуваат дека е ретко. Ризикот да направам сообраќајка утре или да ме удри кола е многу поголем така да.. Биди спремна на било каков пород само живи и здрави да сте. И на сите што ќе одите царски без разлика ваша желба или дијагноза ви посакувам заздравување како моето.
Јас до сега во животот имам правено 2 операции со спинална (операции на нога). По мое искуство, најбитно е да нема мрдање додека ја ставаат, и во првите 2-3 часа по операција да се испие најмалку 2-3 литра вода/чај/сок, и во текот на целиот ден многу течности за побрзо да се исфрли. Друго, што убави хорор приказни си изначитав за во државниве и за природно и за царски .. паника човек да го фати а тек сум 10 недела. Пари немам за приватно, така што .. јебига хахаха... Дај боже да стасам до фаза породување па тогаш ќе му ја мислам.
Немам родено на гак, но во однос на другиот дел од коментарот да се надоврзам. За епидурал, се склупчуваш, рацете на колена и опипуваат со рака. Ќе најдат што им треба. Природно, со провокации, без епидурал... па дури потоа ако не бива со царски, според мене е потешкиот пат. Јас се сеќавам ги молев да го вадат детето со царски во таков момент. Не се трпи 5 дена
Па цело тело видно ми се тресеше и не можев да го исконтролирам тоа, ниту да престанам ниту да го намалам иако се трудев Како од студ а не ти студи хахах
и јас ќе ти одговорам фаќа како треска, како ладно да ти е, ти пуштаат една цевка под чаршав да те грее. кратко трае и до сега ми немаше текнато дека да, ладно ми беше
https://patient.info/doctor/important-complications-of-anaesthesia Тука е убаво објаснето за сите видови анестезија и ризиците. Ризиците може да се избегнат доколку анестезиологот е стручен и ја аплицира иглата како што треба. И многу се ретки, иако треба да се знаат. На гак не ти ставиле зашто немаат анестезиолози, што е жално, а и тие што се претежно со врски треба да се фатат. Инаку, се согласувам дека позитивно треба да се пристапи кон породувањето зашто не ни се случува често, а најубавото нешто од него произлегува. Јас бев многу возбудена и целиот процес ми беше интересен. Иако пред тоа исто се плашев, ама кога дојде денот целата паника се претвори во позитивна трема. Психичката состојба и те како е важна, затоа гледајте тогаш да го тргнете стравот и да се фокусирате на убавото. А пораѓајот ќе тече како што ќе тече, каков и да е, најчесто е надвор од наша контрола.
Јас примав спинал,но поради друга операција и да од студ и ладен пот се тресев , ни се чини премрзнав тие 4 саати додека траеше операцијата. Исто така многу ме болеше глава и повраќав од неа. Додека со целосната анестезија од царскиот,освени што тешко се будев ама баш никаков несакан ефект немав.
@mal.ecka Јас сум царски со спинална,почнав природно ама не одеше и морав царски.Инаку,првото станување е болно,не велам не ама мене ме болеше како да сум се превежбала стомачни претходно кога ќе ми го донесеа бебето в соба,од радост станував и така многу брзо ми поминаа болките.Според мене,ако можиш со спинална така е подобро,барем ќе си го видиш и слушниш бебето веднаш.Светот ќе ти стани совршен и покрај сите болки кога ќе си го видиш бебчето Не се секирај и со лесно мами,најубавиот период допрва ти почнува А кај ќе се пораѓаш?
Се тресев и јас После сала ми пикнаа под чаршав цевка со топол воздух да ме грее едно саат, саат и пол.
Е тоа е предност во приватна клиника, во државна ако се смилуваат да ти фрлат едно ќебе добро,ако не ќе си се тресеш и никому и ништо.
леле и јас се тресев многу ама не ми беше ладно туку дали од страв или не знам од што ама ненормално многу се тресев, барав да ми дадат нешто за смирување ама ми рекоа не смее ке делувало и на бебето. Во однос на темата се породив спонтано, брзо и прилично лесно ко за прворотка, ако некогаш имам второ не знам дали би се нафатила пак за спонтано. Иако како што кажав брзо се заврши се, опоравувањето исто така беше брзо, одма станав, немав страшни болки освен првите два дена, ама самиот чин, самиот процес уф и сега кога помислувам си викам како издржав, искрено не ми е нешто пак мерак да го поминувам сето тоа.