Јас цела бременост се молев природно да се породам, дури на докторката на секое ја прашував дали е сѐ во ред, бидејќи царски не сакав... И природно се породив, лесно многу, ко по книга што се вели, ама дека на сред лето со раната видов мака малку подолго...Од печење,пот, па седев на перничиња бидејќи ми беше тешко на тврдо да седнам... Ама стојам на ставот дека царски ќе ми беше потешко, ако имам второ пак би сакала природно
Ама цело време се запнало царски,царски само ако имало индикации за него. Дека сепак операција било, па не било добро,па дали сме знаеле какви се последиците, и не знам ти што се не. Кажав и да немам индикации за царски , ќе идам царски ,па ќе си замислам дека морало така и решен проблем. Јас стварно ни на сон не можам да се видам опната на столот за природен пораѓај. Абе нема шанса, за ништо на светот. Колку и да е тежок постоперативниот период мислам ќе се издржи. Ќешки само да стигнам до бременост де, цезареата ќе е најмал проблем. И затоа ми е ОК да можеш да си бираш по приватниве. Јас не ни сакам да пробам спонтано и тоа е тоа.
Сакам да ми кажете зошто мислите дека бебето полесно поминува при царски? Дали имате разговарано со доктор, ви има ли кажано дека е полесно, или...? Навистина ме интересира. Јас цело време мислам дека спонтаниот е најдобар за детето, дека ете природен... што знам. Ме ставивте во недоумица сега.
Па не е баш најдобар да ти кажам искрено. На една моја комшика и почина бебето зашто се напило од плодовата вода, ја чекале долго да се отвори,а докторот не бил расположен за царски.
Да се имам пораѓано и на двата начина би знаела да кажам како е полесно/ подобро . Ама немам ни на едниот,за жал. Едноставно јас тоа јајце не можам да го снесам и толку Вакви "трагедии"може да се десат и во двата вида пораѓај. Јас на вакви лоши ситуации не ни помислувам.Тоа го препуштам на дедо боже. И, јас искрено не верувам дека има такви доктори "нерасположени" Недај боже да искусиме никој такво нешто, де
Цело време тука читам, подобро за бебето, полесно, па затоа прашувам. Дали имате информации од доктор или ваше мислење е? Навистина ме интересира. @Black girl па зошто тогаш не ги породуваат царски сите, ако природниот е ризичен?
Епа не треба сите царски секако. Ама ако некој со саати не се отвора, треба веќе да се направи царски. И таа жена ми рече дека се кае што не отишла приватно и ќе ја направеле царски, ама ќе се вратеше дома со полни раце.
Во мојот случај тоа е избор (се потврди и со моето мислење од почеток). Други причини ти напишала Блек.
Не ме разбираш. Едно е избор (не ви се мешам) ама зборувате дека било полесно и посигурно за бебето, па затоа прашав. Има ли стручно мислење кое ќе го поткрепи ова тврдење или е само ваш став. Навистина ме интересира доколку е поткрепено од стручно лице, зошто? Никогаш не сум разговарала со доктор околу ова прашање, па затоа ме интересира.
Да царскиот е болен (првиот ден) ама 100 пати кажав од мое искуство дека јас мн лесно го минав. Е вид на операција, ама да сум пак бремена пак би царски. Да бил толку страшен ( а јас сум огромен паничар) , сигурно не би бирала пак. Јас во болница шетав уште од втор ден. Да е толку страшно нема да прават на жени. Да се надоврзам од педијатри кажано, за жена царскиот е потежок (наводно, јас не знам за природно) но бебето било неизмачено (наводно) . Дали е вистина ова не знам и не е битно. Битно е да е здраво и живо како и да се роди. А за посигурно сигурно е посигурно во одредени ситуации како умотана папочна, губење на тонови и сл.
Па и ти не ме разбираш. Јас си пишав за мојата историја како е побезбедно, во консултација со доктор, да не се мачи бебето.Природниот пораѓај трае подолго, па искачаат еден куп работи ( несоработка на мајка, влечење со вакум, папочна врвка итн...) Ете Блек пиша други примери кои сум ги имала околу мене и јас. Кога се одлучува дека тогаш е побезбеден царскиот и нема чекање за природно. @Annath имаше споделено. Ете нека пишат и други.
А зошто ви е гајле која како ќе се пораѓа? Нејзин живот, нејзини пари. Царскиот бил операција, па сега што, затоа некој поминал процес на специјализација, па доктори срце пресадуваат, не пак за еден царски, ај ви се молам. Да, треба да има право на избор. Ако некој од бес може да става гради, импланти кај ќе стигне, оти некоја да нема право како ќе се пораѓа да избере? Дека се форсира царски е чиста лага и тој што бил таму тоа го знае, а други нека кажуваат и до утре дека е спротивното. И аман више, се неколку членки паметуваат зошто вака, зошто така.. Па требало природно, требало на државно... Во ред, разбравме, се знаете.
@Black girl место овде, во друга тема напишав. Жал ми е за таквото искуство навистина, те имам читано и претходно за тешкиот пораѓај, се надевам се опорави целосно.
Породена сум царски во државна болница. Кога влегов во 39та недела закажавме операција заради прееклампсија,немав простор за избор ниту пак време. А имав желба природно,ама ете. Да раѓам повторно мислам дека пак би избрала царски,не заради тоа што си поминав лесно,туку многу ме исплаши врескањето на родилките од природно Не би да ја именувам болницата, ама катастрофа персонал,хигиена ужас.Би избрала приватна следно. Дефинитивно.
Природно во приватна клиника. Се уште се сеќавам на тие денови како на најубавите денови од животот. Пораѓајот лесен, само претходно Господ го видов со изместен катетер од епидуралот. За наредно здравје, планот ми е пак природно, пак во истата болница и пак сакам епидурал. Но, страв ми е од боцкањето ненормално. Првиот пат ептен се искомплицира, затоа се плашам. Ама затоа, откако се намести и фати убаво, болки веќе немаше.
Породена сум природно во државна болница и тоа во Куманово како првородкаа добро поминав. Но и ден денес се сеќавам на одвратниот момент со клизмата. Сега неможеш баш да очекуваш во државно дека ќе те чуваат како принцеза но кај мене беше супер секоја ден докторката што ме породи доаѓаше кај мене да ме види .И кога би пак раѓала ќе раѓам без никакви анестезии како и првиот пат.
За бебето е полесно затоа што го вадат без да поминува низ тесен канал, каде е можно и исчашување, нагмечување, да не зборам ако има потреба од вакуум. За мајката природното породување е во моментот поболно, секако, но опоравувањето воглавно поминува побрзо, бидејќи царскиот рез е една од посложените операции на абдоминалната регија и си носи свои ризици. Јас лично убаво поминав со царскиот - да, имав болки неколку дена, потоа некое време ме болеше секое станување, но ништо што посебно би го памтела како многу тешко. Најлошо сеќавање имам на спинаната анестезија - и тоа не изведбата, навистина беше стручно изведена и никакви последици немав, туку психичкиот момент: ме фати паника кога не ги чувствував нозете.