Јас бев 10, па завршив на царски. Не секоја состојба е иста, ниту пак тоа што некој е 8 отворен е индикација дека можела природно. Секоја состојба е уникатна.
Posebno Kosovarite gi lustat od pari zemanje... Sekako ne se site Dr isti daleku od toa no ima I takvi koj te gledaat samo za pari.
Да јасно ми е кукла но овој пример го наведов бидејќи пациентката можела природно но ја виделе косоварка и ајдеее сечии оф бе што ме чека ми се темни од пораѓај.
Баш. Не ми текна да погледнам анкетата, но ете, царски рез е позастапен на приватните клиники отколку природното. @wannaBeMomma сфаќаш лично, ептен жустро ја браниш Систина секој пат. Значи не е зборот само за Систина, туку генерално за сите приватни клиники, а сликата која ја оставаат е таа. Знам дека Систина сеуште држи некој баланс, ама па затоа се и најскапи. Еден царски во другиве приватни е колку природното во Систина. Другиве најчесто сакаат да те ољуштат. Блиска другарка ја чекаа само 2 саата да се отвори (ова во Санте), и одма ја убедија за царски. Не се отварала....Ноу комент! А лесно е да убедиш пациент па посебно кога се работи и за здравјето на бебето. Знам дека и мене можат да ме убедат, сепак не сум доктор, на докторите треба да веруваме. А тие пак злоупотребуваат. Знам дека ако мене ми се случи никогаш нема да бидам 100% сигурна дали морало да биде така. Само докторот ќе знае Веруваш, а кому да веруваш?
Нека сум офффф ама: Ќе стигнеш, престани со црни мисли За темава! Се породив со закажан царски во приватна клиника, но и на државна да бев исто ќе беше, се знаеше точно кога мора да се прекине бременоста поради низа ризици и кон мене и бебушот. Јас тука читајќи некои искуства бав спремна на големи болки и тешко опораввање, ама се ми беше гола вода. И да по мене вистина било дека со царскиот ќе си царица
Јас сум задоволна од Систина навистина и од водење бременост и посветеност и се, но докторот што ме водеше кога се распрашував за пораѓај, се од околу ми вртеше за царски. Има доктори таму што форсираат царски за жал.
И јас имам искуство од Чаир па не застанувам во одбрана на сите доктори. Имало и тука случаеви на некоректност и нечовечки однос па никогаш не сум рипнала да ја бранам болницата. Да ме плаќаат пеки, ама вака, кое фајде? Неможе никаде да е сѐ идеално.
Истото сакав да го пишам. Еве јас од Кузеска од Систина имам одвратно искуство и не значи дека ќе ја бранам Систина дека сите доктори се супер.
Извини,ама незнам зошто секогаш се пронаоѓаш дека некој се обидува да те омаловажи. Девојчето си кажа дека таа поминала лесно и од тој аспект се осетила царски. Не секој што бил со царски се осетил како нејзе, исто како што има и мајки кои се породиле прелесно природно и би кажале исто. Жал ми е што си истерала тежок пораѓај, ама најдобронамерно ќе те посоветувам да не се наоѓаш засегната од сечиј коментар.
Не се осеќам омаловажено не се грижи. Да, имав тежок пораѓај, може зашто раѓав на клиника, што знам. И зошто омаловажување, не разбирам, м?
Нека каже некоја што се породила и така и така. Вака ние не сме меродавни, еве јас бев природно и сега за второ би ми било криво ако мора царски. Факт е дека опоравувањето е полесно. Не е исто после пораѓај да лежиш 24 часа на интензивна и после пораѓај да полежиш 2 саати и после да биде како ништо да не било.
Јас 2 часа бев на интензивна само. Во 12 на пладне се породив, а следното утро ме станаа и веќе се туширав. Еве и @emkaemka сакаше да каже дека ептен лесно минала. Не секогаш природното е полесно.
Се породив природно со дома искркани болки појдов на болница и родив сета збрука цтг преглед на болница не траеше ни 1 час појдов со 9 прсти отворена а всала ко ме внесоа се породив за 15-20 мин сосе водењак течење пошто таму ми го пукнаа добив напон а непукнат водењак. Незнам како изгледаат тој тежок пораѓај како што ми го опишуваа пред да се породам природното било многу тешко.. Јас лесно поминав потешки ми беа болките пред да се породам отколку за време на пораѓајот.. Ко влегов всоба ми рекоа лесно си поминала почнаа да кажуваат дека по 2-3 сати биле на бокс жени.. Да е како овај пораѓај и наредниот ич не му ја мислам не ни помислувам на царски уште 5 можам да родам на истиот начин..
Блазе си ти. Јас ни првиот (иако полесно поминав) ни вториот пат не се осетив како царица. Камо да беше кај сите така лесно и брзо опоравувањето после цезареа.