Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    101 глас(а)
    17,8%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,1%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Го прочитав. Секој со свои приоритети. Некој ќе жртвува одмор, некој не сака. Некој едноставно нема врски на државно и си вика ќе земам кредит, ама бар нормално ќе поминам. Нема потреба од осуди.
    За мене фрлање пари е секој даден денар во ј.здравство. за тебе обратно..
     
    На Dust, emkaemka, didisi и 2 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    35.369
    Пол:
    Женски
    Чекај сега... јас осудувам а членката погоре не?
    Цитирам: “Некои можат да си дозволат пр. патувања за викенди и одмор на море, што кошта и многу повеќе кога ќе се собере сумата, ама за приватна болница им е фрлање пари” Ова не е осуда на туѓи постапки и безобразно мешање во туѓ есап и живот?
    Е, за вакви случаи реагирам. Без осет. Тука не има секакви. Има некој сакаат приватно, ама едноставно немаат пари (ниту кредит не можат да земат) Сте се запрашале како им е на таквите? Срамота е! Вие сте решиле дека приватно е најдобра опција, во ред. Оставете другите да прават како што сметаат, а не да им се мешате во домашниот буџет!
     
    На azelea и Annath им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    За што да се срамиме??
     
    На didisi и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    35.369
    Пол:
    Женски
    Од цел мој пост, ти за ова се фати?
    Бесполезна дискусија. Уживај ;)
     
    Последна измена: 9 март 2018
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    32.295
    Пол:
    Женски
    Не сум повикана, ама во приватните добиваш и поддршка околу бебето во првиот месец дена која барем мене ми беше многу значајна. Добиваш обука за доење, бањање, пресоблекување, чистење на папоче и се што треба за да не мора да се мешаат баби, комшии и слично со совети. Одиш на мерење и прегледи за бебето на почеток за да се види дали и како напредува.
    Е сега да и за детето одам на приватно и на државно. До сега фала богу ништо посериозно сме немале ама ако крене темпратура во Сабота или Петок вечер во Сабота одиме до Ремедика таму земаат крв и правиме преглед и добиваме терапија.
    За редовни прегледи одиме кај матичниот педијатар што го одбравме кога бебе имаше 2 месеци.
    Ако крене температура во Сабота вечер на пример и не спушта ќе размислам дали да одам на ургентно на Педијатрија или во Систина.
     
    На Dust, kukla21, emkaemka и 6 други им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.465
    Пол:
    Женски
    @An-na нема потреба од тензија. Препрочитај уште еднаш. А јас ќе пробам по ред да ти одговорам. Моето мислење е базирано врз лично искуство од две клиники: гак и приватна болница. Првично водев бременост кај матичен гинеколог, кога работите почнаа да се усложнуваат ме пратија кај три различни специјалисти на гак. Да не должам, ме потапшаа по рамо и ме испратија дома. За среќа моја и на бебето, си побаравме чаре во приватна болница. Еве си ја гушкам сега. Сѐ уште ја носиме таму, повеќе од три години, и не само на педијатар, туку и на други специјалисти. И да, презадоволна сум, не дека е чисто, туку дека дијагнозата се поставува одма и точно благодарение на стручност, искуство и современа лабораторија. Сѐ што е за мене и за мм, ако не можеме приватно, одиме на државно. За неа да има. Мене навистина ми е жал што повеќето не можат да си дозволат пристојно здравство, но не е убаво и кога некој те етикетира како сноб или елита, ако приоритетите ти се приватно лекување пред одмор, или мекици во кафана, па и одмор. Едноставно моето размислување е дека ќе жртвувам една-две години одмор ако треба, затоа што не раѓам секоја година. Инаку исто е мешање во туѓ џеб кога некој ти вели дека си ги фрлаш парите за приватно, нели?:)
     
    На Dust, didisi, *Ench@nted* и 7 други им се допаѓа ова.
  7. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Го осетив бенефитот од Државно и Приватно здравство.
    Кога цела сала беше крената на нозе еден од докторите кој ми беше врска во салата одеше нога пред нога.
    Што рече кукла фаќаш врски за здравство кое што ти го одбиваат секој месец а услови 0.
    И да даваат луѓе пари за на одмор а некој и неможе да си приушти,тоа ти е обострано.
    Некој може да си дозволи приватно некој неможе и тоа е сосема така.
     
    На emkaemka, wannaBeMomma, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.473
    А чистотата не е важна? А за стручноста немам коментар.
    Ај издвој ми стручен на ГАК, ама што ќе дојдеш до него? Не викам дека нема стручен таму, ама те прегледуваат специјализанти зашто овие постариве доктори не се замараат де.
     
    На emkaemka, eli25 и Coco31 им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    А да немаше приватни клиники и сите да мораше да раѓаме на ГАК; ваква каква што е сега? Без да има приватни клиники... што тогаш?
    Инаку, за дете, ако одбирам меѓу педијатрија на детска клиника (државно) и Систина на пример, би ја одбрала педијатрија. Без размислување!
     
    На Kitten, azelea, baby 5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    35.369
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сакам да навлегувам во твоите причини, меѓутоа исто така и другите имаат право своите пари да ги трошат како сакаат. Тоа ми беше поентата на целиов муабет. Ај пак ќе те цитирам: “Некои можат да си дозволат пр. патувања за викенди и одмор на море, што кошта и многу повеќе кога ќе се собере сумата, ама за приватна болница им е фрлање пари” Овој дел ми засмета. Ова е директно мешање во туѓиот живот и буџет и ако мене ме прашувате е крајно некултурно.

    Останатите, навистина немам намера да ја ширам дискусијава која претходно е којзнае колку пати водена. Јасно е дека секој си има различни приоритети и искуства.
     
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.473
    Јас би одбрала Козле. На клиника не стапнувам. А во Козле толку приступачни, чисто , три прегледи за пола саат завршивме, а докторката бидејќи на наредна контрола и се фаќаше да е слободна, се јави на друга докторка за да каже за нас дека ќе дојдеме. Презадоволна сум од таму.
     
    На Maja92@, Paka, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.946
    Допаѓања:
    123.534
    А што на некој му е битна храната во болница? Луксуз е чиста соба? Алал да ти е ;) Ако мислиш дека добиваш само толку.
    Па меѓу здравје и шетање, одмор би одбрала?
     
    На Dennings, kukla21, emkaemka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.465
    Пол:
    Женски
    @An-na не е мешање, ова е став. Ако јас лично тебе ти се обратам и ти го кажам ова, е мешање. Мене ми го кажувале тоа лично, што ќе даваш пари, ќе си одиш на одмор, па ќе има за мекици за гостите, па детска соба за детето итн. Тоа ми сметало, тоа е мешање, за мои пари. Инаку јас си останувам на истиот став, и ти на твојот.
    @Annath јас би се прашала зошто има приватни болници? Зошто дојдовме дотука? Едни ваму, други таму, и очи да си вадиме и на форум, и во живо.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Тогаш Митко, Лазаревски,Димчев и сите останати ќе работеа во државна установа и никому ништо а на Педијатрија син ми со гнојна и температура ми викаат што си го донела да се дозарази(facepalm)
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.946
    Допаѓања:
    123.534
    Горе долу би било исто. Кој ќе си плати мито ќе има третман кој не нема ( ко првите).
    Инаку и јас имам позитивно искуство од државните на педијатрија и Козле. Мислам да мн добри педијатри имаме државно а гинеколозиве веќе сите си отидоа .
     
    На kukla21 и didisi им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Не знаеме како би било да нема приватни болници. А за жал ги има, бидејќи се форсираат на сметка на државните. А уште плаќаме здравство, барем тоа да не беше обврска.
     
    На Kitten, An-na, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Privatni kliniki ima segde. Na koj kaj mu odgovara tamu neka si odi i neka ne mari za drugiot. Svojot dvor neka si go mete.
     
    Последна измена: 9 март 2018
    На eli25, kukla21, didisi и 3 други им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.465
    Пол:
    Женски
    Ама приватни клиники има затоа што државното сѐ помалку и помалку може да постигне, а со тоа опаѓа и квалитетот на услугите. Некој го сфатил тоа и искористил прилика, отворил приватни болници. Јас навистина се прашувам како би опслужил клиничкиот центар во Скопје толку многу пациенти, затоа што доаѓаат од цела Македонија, а да нема приватни клиники. И сега е хаос, а во тој случај не можам и не сакам да замислам што би било.
     
    На eli25, Annath и *Ench@nted* им се допаѓа ова.
  19. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    25.563
    Пол:
    Женски
    Мојот став е дека кога треба да потплатам со мито доктор, па и цел персонал во државно за основни права и услуги на пациенти, зошто да не си платам регуларно на приватна клиника (за оние кои го прават тоа)? Плус и нема да се осеќам неморално. Немам еве каде врски да фаќам за на државно, а и не го сакам тој начин на функционирање, едноставно секоја трудница заслужува достоинствен третман без разлика на длабочината на нејзиниот џеб.
    Сонувам за денот кога ќе го разбереме квалитетот на животот пред квантитетот. Кога грижата за здравјето стана снобизам? Секој си има причина зошто избрал приватна или државна клиника. Секој си знае најдобро за себе. Секој си има доктор на кој му верува. Зошто да му судиме на човек што прави со сопствени пари?
    Дај Боже сите да имаме и за одмор и патувања и за здравје пред се'.
     
    На fina erika, Coco31, Delgadina и 3 други им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    35.369
    Пол:
    Женски
    Ако кажеш дека ти лекувањето во приватна болница го ставаш пред одењето на одмор е личен став, меѓутоа ова: “Некои можат да си дозволат пр. патувања за викенди и одмор на море, што кошта и многу повеќе кога ќе се собере сумата, ама за приватна болница им е фрлање пари” е мешање во туѓ џеб.

    @eli25 Сакаш да кажеш дека ние кои се лечиме на државно не се грижиме за сопственото здравје? Не сите сметаат дека приватните болници се постручни од државните, ниту дека ќе добијат подобар третман или дијагноза. Не знам што ви е чудно :^) И да, според мене овие работи кои ги наброја: храна, хигиена, услуга се предност на приватните, за кои јас сметам дека не треба да плаќам безобразни суми. Мене ете, доволно ми е државново здравство, кое не е совршено, далеку е од тоа, ама кога правам компарација, јас сепак одбирам да се лечам во државно здравство.
    Второто твое прашање е безобразно и нема да одговорам на него ;)


    И претходно имам кажувано и пак ќе кажам, државново здравство е систематски и плански доведено до ова дереџе. Приватните клиники не се производ на лошото здравство, туку лошото здравство е производ на приватните клиники. Како инаку Камчев и компанија ќе се богатат :^)
     
    Последна измена: 9 март 2018
    На Kitten и Annath им се допаѓа ова.