Сум била на преглед во државната болница во Битола и од тој ден почнав да штедам за да можам да си дозволам пораѓај во приватна. Цените во меѓувреме пораснаа и искрено ми е криво што додека плаќам здравствено осигурување морам да платам уште минимум 1000 евра за пораѓај. Сите сме оштетени од корупцијата и криминалот и искрено ги жалам тие што немаат избор и мора да се пораѓаат во државна болница. Дури и да имаат врски, во тие толку емотивни и тешки моменти секогаш ќе остане стравот дека нивниот живот и животот на нивното дете е во опасност. Јас барем така се чувстував на прегледите во државната болница во Битола, добив впечаток дека им пречам и дека воопшто немаат емпатија а искрено се соменвам и во нивната стручност.
Проблемот е што НЕ ТРЕБА да плаќаме за нешто што по дифолт ни следува бесплатно. Ова е нешто низ кое што секоја жена барем еднаш ќе помине во животот, нешто поради кое човечкиот род опстојува. Затоа треба за сите, секаде, да биде бесплатно, со соодветна нега и грижа за секоја една жена.
Не се замерувајте за џабе. Кој сака нека плаќа одмор а државно нека раѓа и обратно. Секој за себе одлучува. И фала богу што имаме избор.
@An-na сѐ додека не ти се обраќам тебе лично со истава реченица, не е мешање. Ама ќе се согласиме дека не се согласуваме. Инаку како што кажа @wannaBeMomma приватни болници има секаде, земи било која друга земја во Европа каде што јавното здравство им функционира одлично, и таму има приватно здравство. Затоа што секој треба да има право на избор. А за хигиена, и тоа како е важно. Познавам многу жени кои после породување завршиле со бактерија, дали тие, дали бебињата, херпес итн. Тоа е заслуга на нехигиената. Важно е. Сѐ е важно. И храната, и грижата, и хигиената. И мислам дека сите сме свесни за тоа, ама секој со можностите и приоритетите.
Факт е дека и јас би раѓала државно да не беа условите какви што се и да не ги третираа жените како крави. И ве молам не ми велете дека не е така. Имам отидено на гак. Мене барем така ме третираа.
Точно. Некој со причина а некој и без причина оти има пари и така си сака и се е тоа нормално за мене, исто како сега јас да речам е што ди купил мерцедес кога има и југо нели кола си е кола И јас користам државни услуги , btw
од државно искрено еден сируп не сум успеала да земам приватно плаќам. жими детево што го носам кај матична периодов...
Еее ама за кола или за свадби оправдано е дури и кредити да земеш, а за пораѓај и за лекување ќе те напраат ненормален. Мене еве неколку ми имаат речено што давам ад на дете штом има 8 месеци, сум фрлала пари, сум можела кравјо да дадам.
Во државна, ем ќе си го поткупиш докторот, и пак нема да идеш на сигурно дека ќе ти се појави на пораѓај Кога ќе собереш пари, плус стрес дали ке дојде, дали ке те породи, дали ке те гледаат сестрите или ке ти го дадат детето па снаожај се како знаеш, подобро плати си во приватна болница...
Нит поткупував доктори нит имав некој страв одев прв пат таму кај што се породив и имав среќа супер докторка ми се погоди што за СРЕЌА таа ме породи не акушерка или бабица како и да е. Бидејќи во мојот град не вршат пораѓај туку само следат бременоат. И од сестри и од сите супер се беше. Искрено незнам што очекувате вие после породувањето некој се на тацна да ви дава кога сами сте свесни дека тоа би траело само три дена или недела дена и после сами дома се ќе правите.
Не би се согласила. Соодветна нега од болничар/сестра, едукација за доење, бањање, папоче.. треба да се дел од "услугата". Значи се што е "привилегија" на приватно, всушност треба да е нормално на државно.
Во Куманово за се што ќе прашаш ќе ти објаснат убаво бидејќи малку се по други некако за разлика од Скопје. Што знам мене ми се погодија сите супер сестри се значи нај нај можам да кажам.