И јас би сакала да го знам ова бидејќи со првиот пороѓај бев царски а сега здравје со вториов ако се е во ред би сакала да биде природен.макар што докторите во Охрид бидејќи таму живеам не сакале да преземат ризик и да ме породат природно бидејќи првиот пороѓај ми е царски а веќе се поминати скоро 4 години од пороѓајот.
Во Систина, природно, брзо, лесно, 2 минути се разлика. Опоравувањето исто, брзо, уште кога си заминавме дома, си функционирав нормално, без проблеми, беше како да не сум родила, за разлика од првиот пат со едно бебе.
Ах,која утеха се овие зборови, фала ти најмногу. Почнав малце порелакс да гледам на моментите што ми следат...
Точно е ама малку не е ок од негова страна ова. Некои немаат избор сепак нели.. Ова ко пропаганда против Царскиот..
ме интересира дали има феминка што се породила спонтано со бебе карлично поставено ама и прворотка. Јас сум 35+ и бебево уште си е карлично и денес ми рече др не е мн големо можеме да пробаме и спонтано. Тоа да пробуваме не ми оди некако во глава. Ми рече и дека тешко да се заврти зошто и јас сум малце буцка...па ако има некоја да каже како е спонтано или да си закажам царски
Имаш шанса да се заврти сеуште, но ако не се заврти поубаво да си одиш царски. Ризично е и во денешно време карлично поставени бебиња само со царски, ретко да има природно породени вака. Јас имам пријателка која роди природно со вака поставено бебе, не е на форумот, океј помина, помало бебе. Но сепак полесно е главата кога ке излезе прво... а пред се побезбедно. @fana е породена царски со карлично бебе, па нека каже неа што ја советувале пред да раѓа.
докторкава некако убедена беше дека нема шанси да се сврти, зошто уште од 28ма кога ми рече ова карлично ти е и бебево остана
Се е можно. Мене после 30та ми се заврте карлично скроз (мислам 34 бев), глава доле, нозе горе. А по 2 недели во 36та беше пак океј... Ама си го осетив убаво тоа вртење, болно беше дури. Правев вежби за да се заврти, имаш на јутуб, дали тоа упали кај мене или си правеше самата бебка акробации нз Инаку јас сум карлично бебе родено природно, пред 27г И мајка ми вика дека поболен пораѓај имала со сестра ми, а она со глава надоле.. Ама ваљда треба многу добар доктор за тоа, каде ќе раѓаш, кој доктор?
Рано ми е за пораѓај, 20+1 сум, но би сакала да можам природно да се породам. Ако веќе треба царски нека биде и царски. Знам дека повеќе боли природно, но сепак опоравувањето е побрзо како што ми кажувале блиски. Стрина ми се има породено и природно и царски. Кога беше природно воопшто не испука и помина без шиење, а со царскиот два месеци ја гледав како се мачеше при станување. Кај секој е индивидуално, кај многу трудници знам дека и природниот пораѓај бил комплициран така да оставам како ќе советуваат докторите.
Јас со првото бев царски, не се ни мислам за второто, здравје само да е се ок. И да може природно не сакам. Ова е веќе моја желба, знам што ме чека и тоа е тоа.
@Frosty! како што кажа мариз моето беше карлично свртено. Мене ми рекоа дека да има шанси да се сврти само, но како што одминува бременоста тие се се помали. Така и бидна. Бебе остана карлично и се породив со царски рез. Ми предложија да го вртат преку стомак ама лично јас не сакав. Не за мене, туку имав впечаток дека ќе му рушам раат и желба на бебе. Ако сакало да се заврти ќе се завртело само. Правев вежби од youtube, но немаше ефект. Закажавме царски и се породив. Кажуваа акушерките имало и ретки случаи кога од последен преглед до датумот за царски бебе се завртило па терале природно, ама тоа било ретко. Навистина немаш причина да се грижиш за начинот на породување, а ако мене ме прашуваш јас би ти препорачала да си закажеш царски. Со лесно
И да испукаш и да си шиена, ништо страшно. Боли во моментот да, ама јас кога си одев дента, тогаш од кревет ги стануваа тие со царски што се породија на ист ден со мене.. Ама како е најдобро за тебе и за бебе, така нека биде. И онака сеедно ќе ти биде кога ќе го видиш
Каде се имаш пораѓано, јас сум 35+ недела и докторов ми рече дека е карлично т.е цело време е така свртено. Ми рече да разислам како ќе се пораѓам дека секој доктор не се нафаќа за природно и дека има шанса да се заврти до крај. На 3 Фебруари сум на цтг кај Младен во Чаир он ме има породено со првото и немав баш добро искуство со него....
Ne ti se kontram samo ke kazam mislenje sprotivno na tvoeto. 2 pati sum porodena so carski i na dvata uste vtoriot den bev na noze, normalno deka bolese no ne beshe tolku strashno kako shto mnogu zamisluvaat, na 5 den koga me pustija za doma vejke i nemav nikakvi bolki. Cudno mi e koga ke slusnam pretezno prekazani prikazni od eden na drug i site se lele tesko na taa i taa se porodi so carski i so meseci se machi da stane,da go krene bebeto itn... Imam razgovarano so nekolku prijatelki normalno porodeni shto ispukale ili gi secnale dole i site isto kazaja deka na gaz ne mozele da sednat so nedeli a isto bolki imale i vo vrshenje nuzda. Znaci ako e seceno bilo dolu bilo carski ili ispukano normalno e deka ke boli, rana e... Jas mislam se zavisi i od samata zena, kolku pobrzo ke stanesh i dvizish tolku po brzo i ke zazdravish. Da napomenam deka ne se poragjav vo Makedonija i tuka so carski gi teraat da stanat i da se dvizat uste od drugiot den i toa mnogu pomognuva vo zakrepnuvanjeto.
фала ти премногу. Доколку не се заврти во ниеден случај не би прифатила спонтано..ама има уште малце време Јас и ти ко што приметив и исти датум имаме, а еве и карлично ни се
@Frosty! @VDT2906 ме породи др. Сотир Николовски во клиничката болница во Битола. Скринизи правев кај него, па и пораѓај договорив со него. Нема потреба од грижа и паника, навистина не е ништо страшно. Уживајте во бременоста, со лесно девојки.
Јас после царскиот побрзо се опоравив, уште втор ден сама станував, сама до вц... А веќе 7ми ден сама чував бебе дома, плус синче 2ипол год. Си функционирав супер, не дека немав болка ич, ама не е таква страшна да неможев ништо да правам. После 2нед бев веќе како нова. Пазев не кревав тешко само, а со ништо не се мачев. И јас пред да родам царски, мислев дека е многу болно, страшно, нема да знам кај се наоѓам од болки... А не е така, е болката појака први 2,3 дена, после секој ден се помала е и ја снемува. Можам да речам дека царскиот рез ми беше за нијанса полесен од природниот пораѓај. Со природниот и поради други причини потешко се опоравив. Секој со своја среќа, а и секој и различен праг на толеранција на болка има. Според мене битно е само да не се претерува, да не се оди во крајност... не бива да не знае жената веќе кај се наоѓа од изнемоштеност и мачење со саати, па и денови. Ако мора царски, мора. Што е подобро за мајката и бебето, тоа.