Нормално секој со свое искуство. И јас една недела не можев да седнам на гз како што треба и за нужда тешко беше, ама буквално за 1 ден ме пуштија и си го гледав бебе без проблем. Инаку знам дека има жени полесно што проаѓаат царски. И кога лежев на патолошка со нервози и примав провокации, па болки, па хаос, а тие со закажан царски си беа лежерни малце им љубоморев, ама најбитно е добро да заврши. Сепак, ако не морам зошто да правам операција, колку и да е рутинска.
И јас многу лесно поминав царски. Од прв ден по операцијата станав на нозе. Многу се нервирам кога се етикетира царскиот како да е чин на ѓаволот човече. Не е лесно, ама не го правете и природниот совршен. Се си има маана и предност. Колку клиентки имам што се подмочуваат од природни пораѓаи, имаат хемороиди и болки од истите, сечени лошо,лошо испукани, лошо зашиени што иделе да ги презашијат и сл... Значи ок,на 90% им е боље природно, ама никад нема да поддржам мачење на мајката со денови само и само да го осети мајчинството по природен пат. А да не зборувам колку на крајот пак завршиле царски. Не ги плашете жените кои мораат царски да мислат дека е крај света. Ич не ми беше убаво кога ме внесоа на итен царски од што читав секакви глупости, за на крај да реално поминам прекрасно.
Јас немам искуство со природен пораѓај, двата ми беа царски закажани, во првата бременост поради гестациски дијабетис мораше царски, со втората ради дека првиот царски автоматски се знаеше од почеток дека ќе е царски закажан. Е со второто ме породија 3 недели пред закажаното оти притисокот ми беше многу висок. Убаво што можеш да направиш споредба и да ги споделиш двете искуства тука, и се надевам дека многу идни мајки ќе го прочитаат минатиот твој пост. Јас не можам да споредам но сакам да кажам дека уште 10 да родам со царски ќе ги родам. Е сега не сакам да бидам погрешно сфатена, не велам дека сите треба на царски да одат, едноставно сакам да кажам дека и царскиот не е толку страшен колку што многу си го замислуваат и од кожа ме вади она "абе природно си е природно" јас ако се прашувам "абе царски си е царски" Точно после 1 недела почнав и да возам, немав кој да ме носи на првиот преглед со бебето и немав избор запалив колата и возев без проблем. @Cherry333 ти враќам за делот каде кажа дека за 1 ден те пуштиле и си го гледаше бебчето без проблем. Да со царски се лежи повеќе денови, незнам колку точно дена се лежи во Македонија но овде е само 5 дена, на првиот пораѓај не ми се одеше дома па си побарав доброволно да лежам 1 ден плус и останав 1 ден екстра да лежам ко царица Иако на болница веќе од другиот ден се грижев за двете без проблем
Да ти кажам јас едвај чекав да си отидам дома од државна и се израдував толку брзо што беше. Инаку и мајка ми е породена 2 пати различно со мене и брат ми, она па е позадоволна од природниот пораѓај. Ама пак ќе кажам, индивидуално е. Не е дека кога ќе отидеш таму те прашуваат како сакаш да се породиш. Секако прво те мачат за природно.
Најмногу ме нервира што кога почне да се зборува на оваа тема и кога ќе кажам дека сум царски породена добивам погледи као "неспособна" сум да родам природно. Не очекував царски искрено. Два дена ми ставаа инекции и инфузии и ништо. Болки имав ама детето наместо да сака да излезе тоа како нагоре да одеше. Два дена умирав од болки, на 7-10 мин контракции. Докторката сакаше да пробаме природно прво и со вакум, да пробавме така кој знае што ќе се случеше. Е сега боли нормално, на прво станување плачев мислам повеќе од страв беше. Пред станување ми ставија клизма (со црево и од еден сад сипуваше млака вода и друго не знам што содржи таа клизма), уште тогаш почна да ме боли и затоа мислам повеќе болеше. На почеток на секое станување се осеќа болка ама не е страшно се издржува. Проблеми со рана фала Богу не сум имала, после 7 дена од излегување од болница ми ги извадија конците. Ама и сега се пазам, не кревам тешко некако шубе ми е. Малку проблем имав со главоболка бидејќи бев со спинална па кога почнаа малку се вознемирив и успаничив па и целосна добив. Искрено кај мене и психата имаше улога бидејќи имав киретажа правено па затоа малку потешко го доживеав ова ама сега кога би раѓала друго пак би одела царски.
Се е среќа. Првиот пораѓај ми беше природен. Не дејствуваше епидуралната(да, и такви случаеви има) седнати на бокс со сета сила стискаат на стомакот за да спуштаат бебето, ме виткаа и стегаа со кебиња(сеуште истегната јас на бокс) за да му менуваат положба на бебе, јас пред онесвестување молев за царски...ама нема. Со вакуум го извадија, јас веќе не бев при свест. Со месеци не можев на газот да седнам, со месеци ако клекнев мораа да ме креваат нагоре, со.месеци не можев без јаки болки дете да држам.... Второ дете. Легнав на бокс, за 10-15 минути со два напони испадна бебе. Пешки си се качив од приземје до трети спрат, се истуширав, облеков тренерки, седнав да си ручам. Трето карлично, сакаа природно да ме пораѓаат бидејќи зависело од позиција на пример газе на отвор не било страшно, можело природно. Отидов со намера за природен, се нафатив карлично на природен, во последен момент колено беше на отвор. Рекоа овој вид на карличен не е добро за природен завршив на царски. Ова на полноќ. Утрото ме станаа. Вториот ден сама шетка. Од трети веќе добра. Од 4-5 ден веќе сама дома за уште две други мали деца се грижев. Супер беше се. Без болки, без последици. И секс имав после 2-3 недели.
Царски закажан бев,знаев унапред и другиот ден се туширав и се бричев под мишка. Немав проблем никаков,болки нормално имав но одма тука на болница си добивав аналгетици,дома си заминав како ништо да не било,крварев 6 дена да речам менструално обилно останатите 34 кафено,секс по 50 дена имав,рана цртичка слаба. 6 месеци не го чувстував местото. По 9 месеци почнува да ми избледува. Не може да ме допре коментар дека сум неспособна што родив царски. Како што не ги гледам со поинакви очи тие мајки што родиле природно,затоа што не знам како е да родиш природно.
И со двете нормално породена. Лежев само два саати за да ја проверат постелката. После тоа станав. Болки никакви. Освен благо пецкање првиот пат. Вториот пат како да не сум родила. Дури една од сестрите ми се чудеше. Можев и да кревам одма. Царскиот не треба ни да се спореди со природниот пораѓај. Ама некогаш мора да те сечат.
Ни еден пораѓај не треба да се спореди, не само царски со природен. И природен со природен и царски со царски не треба да се споредуваат, зашто секој различно поминува.
Јас 6:00 се породив сабајле. Кога ме донесоа во соба цимерката ме праша: царски си? Зашто ме донесоа со кревет, легната.. ме преместија со тркалање. Цимерката (сега мн добра пријателка ми е) дојде и со цевка ми даваше да пијам вода, глава едвај кревав.. станав прв пат вечерта на 5мин со помош од две сестри... а тек другиот ден едвај сама, тука пак на креветот едвај седев. Јадење во кревет ми носеа 4 дена зашто не бев способна да отидам до мензата... тогаш не ми беше јасно дека толку заникаде сум била, отпосле сфатив...
После секоја операција не е ни пожелно да се станува веднаш, затоа не мрднале од кревет. Јас на 17г правев операција на слепо црево и бидејки раната е повисока, таа операција ми беше поболна од царскиот. Се сеќавам ни да се насмеев не можев.. со денови наведната шетав со мн болки. По царскиот прв ден не станав, ама не ни пробав, ми рекоа нареден ден сабајле прво станување и така и беше. Ме станаа еднаш за рака. Следно станување реков можам сама (истиот ден), станав и сама отидов до кај малата да ја видам зашто беше на кислород не ми ја носеа. Ми извадија катетар дека видоа дека немам гајле и сама супер функционирам. Е сега дали од желба за бебе да видам добив сила или стварно толку не ме болеше нз. Сама шетав натаму наваму цел ден да ја ѕиркам. 3ти ден веќе ми ја даваа, сама ја кревав и спуштав во креветче. Секој ден е полесно, битно е да не се залежува, што повеќе да се станува, се полесно е.
Дојде време да размислувам за пораѓај. Имам близнаци во моментов главично завртени со по 2100г. На почеток бев со став за царски сега почнав да размислувам и за природно. Зборував со специјалист ми кажа дека имале случаи со убаво отворени мајки со главично наместени бебиња. Првото бебе излегло природно, после тоа второто се качило горе под ребра и не излегувало па завршиле на царски. Ми се мешаат 300 пркказни, што ќе посоветувате? Друго што ме интересира е зошто гестациски дијабет е причина за царски?
Јас имам другарка во Чаир роди близнаци, во 39та недела, накај 3кг беа и двете (2700,2800 некаде). Вика запишале дека се разлика 5мин, а она вика дека излегле одма една по друга... За гестациски дијабет причина за царски е мислам дека бебињата се понапредни. Кога се пораѓав со второто по мене се породи женичка 36та нед со 3800г бебе. Ја породија порано и царски..