@mariz Браво на другаркати, алал да и е како ги износи толку и каде и пораснаа стварно до сега немав чуено некој со близнаци до 39 да стигни Само не те разбрав убаво, природно ги роди така? Чим кај дијабетот е проблем тоа што се поголеми кај мене го нема тој проблем зошто на време се откри и бебињата по раст се точно за неделите 2-3 дена помали. Нема да стигнам до 39 никако, калцификати на постелка, цервикс 12мм каде и да е ќе се породам. @fana до последниот преглед не му ја мислев пошо муабетот беше за царски, сега ме збуни докторот рече убаво се наместени за природно може да пробаме.
И она се чудеше, со скратен цервикс беше и она (мислам дека 1цм) прими зреење за белите дробови 31ва и после веќе си затера Плус она второродка, првото и беше 2г кога се породи. Природно и брзо. Имаше низ темиве и природно првородки со близнаци ама ич не ми текнува кои беа. Види прашај разгледај во темата за близнаци.
@Nairobi88 мислам дека @bela.m природно се породи со близначињата, побарај и’ ги мислењата. Се надевам ќе види па ќе ти сподели и искуство
@Nairobi88 тука сум, на располагање. Јас се породив природно со близначиња во 33 недела на ГАК. Прашај ме слободно се што те интересира, ќе најдам време да ти одговорам. Знам колку прашања имаш во глава Со лесно! @Sexybaby86 те помислив мила, како сте?
Добри сме, во исчекување за некоја недела да стигне бебка. Големата дада само ја бара, да сум одела во болница да го земам бебето вика
Баш пред некое време и други членки прашуваа и им го кажав моето искуство, дека кај мене првото бебе беше со главата надолу, а второто карлично и се породив природно во Систина, иако сé беше спремно и за царски, во случај на потреба. По правило ако и двете или барем првото се свртени со главата надолу, треба да се проба природно и не знам кој лекар си прашувала, ама др.Панчевски кој и ме породи прави царски само ако е навистина потребно.
@bela.m , @Saba08 Ако е се во ред и дочекам болки и се отворам прво ќе пробаат да ме породат природно бидејки двете се со главата надолу. Но ако треба да ме породат пред тоа заради компликации сигурно нема да ме чекаат за природно. Сега ќе ми ги прават испитувањата што се во пакетот за царски бидејки како и да се пораѓам салата пак ќе биди спремна во случај да затреба царски. Јас се исплашив од муабетот што некои од случаите почнале со природно првото бебе излегло а второто во меѓувреме се качува горе под гради и не се спушта па завршиле и со царски. Мајката ќе има трауми и последици од 2 пораѓаи наместо 1. Имам друго прашање, за природно нели се земаат брисеви за да не случајно му се пренеси на бебе при пород некоја бактерија. Кога ги земаат тие брисеви? Ако дојде јајцето на газот и нема време да се направат? Иначе јас сум 33 + 6 примив зреење пред 8 дена, имам цервикс од 12мм и постелката покажува знаци на стареење. Бебињата се 2120, 2070г.
Јас зреење примав во 30+ недела. За неполни две недели се породив. Брисеви ми земаа во 30 недела, порано од вообичаено бидејќи веќе имаше индикации за предвремено. И кај мене беа главично поставени. Не мисли така. Ќе биде се во ред. Во безбедна недела си веќе, плус и тежината на бебињата е одлична. Слободно пиши ми во лп ако имаш потреба. Со среќа мајка!
Ама зошто трауми и последици? Многу жени немаат ни првото ни второто без разлика како се породиле. Мисли позитивно, сепак носиш две бебенца. Ќе биде сѐ во ред
Добро се подразбира што мислам под трауми и последици. Секој зафат има последици односно трауми. Тоа е период на зараснување и опоравување. Баш дека се две јас сакам да се опоравам побрзо. А не да треба да заздравувам и доле и горе од сечење.
Те разбирам. Но затоа подобро да излезат природно за побрзо да се опоравиш. Раната долу е најмал проблем. Само нека сѐ биде во ред. Инаку во случај да имате бактерија и се пренесе на бебето, и бебето прима антибиотик откако ќе се роди.
Ве молам за споделување на искуство дали вие кои сте имале поголеми бебиња (над 4кг), тоа било индикација за пораѓај со царски? И како сте се породиле..
Моето прво дете се роди 4450 . Јас сум ситна и слабичка, не знам како го истуркав се пораѓав со епидурал во приватна болница, добро поминав, немав сила да го истуркам бебето, па докторката ме стегаше на стомак кога напнував за полесно да излезе. Се роди 55 цм
И го прати одма во 1во одд сигурно. Се шалам, нека ти е здраво и живо, ти се дивам што си се нафатила да раѓаш големо бебе природно, моја другарка така у Чаир се породи со двете, едното 4400, другото 4600 и двапати распука и не можеше да седне со недели од што беше шиена.
Јас сум природно со 4400г 56cm, ама ми го мереа под 4кг, грешка. После пораѓајот рекоа дека тоа бебе било за царски. Ме намачија и мене, а и него. Два пати ме шиеја, ем сечена.. ем распукав.. И на клиторис ме шиеја Но има вака доста што успеале над 4кг да родат природно. И @mssuniquee мислам големо бебе роди природно. А за сила.. Не се ни сеќавам баш, една од напред влечеше, еден лево, еден десно стискаше. Буквално ми се качија на стомак... Сега да сум, ке молам, ке бегам, царски да го извадат
@Zastitnicka Да, и јас родив бебе 4.400 природно без никаква анестезија И баш брзо се породив. За чудо нит распукав ништо. Знам дека 1 цм ме шиеја. Баш и моја познаничка ми пиша и она имала бебе над 4кг но и кажале мора царски. Незнам зошто, јас бев баш слаба трудница само стомак имав, но имав широка карлица. Можда до тоа е Со среќа како и да е само да е живо и здраво ќе изгураш