Моето се роди царски 4430 и 56цм. Причина термин ми беше поминат, бебето ми беше високо, матна плодова вода, инфузии инекции не делуваа и контракции ми беа на 10/7/6мин и не се отварав повеќе од 7 прста или како и да мерат. А и кога го донесоа во соба и кога го видов прво што помислив беше дека е баш големо и никогаш не би можела да го родам природно.
Две мои роднини во Чаир природно родија големи бебиња, на едната и беше 4660г , а на другата 4200г. И двете викаат дека прелесно поминле.
Голем плод само по себе не е индикација за царски. Освен ако ти сакаш и докторот прифати да те породи царски, што е можно со врски или приватно. Јас сум крупна, синко веднаш видоа дека е крупен ама од сосема друга причина бев царски.
Кај мене го мереа 3 и нешто, не знаеја дека е над 4 кг. Докторката ми рече да знаевме дека е олково одма на царски ќе одевме. Инску мн малце бев шиена, ич не распукав само малце ме сецнаа. Немав никаков проблем со раната после тоа
Јас од 3 кила бебе бев сечена и распукав, а ич не сум ситна.. Нема правило тоа, докторите одлучуваат на крај.
и двете деца ги родив над 4 килограми( генот од татко им е таков ) природно со малку шиење и нормално закрепнување но килажата на бебулите не е индикација дека ке бидеш веднаш царски туку самиот доктор треба да процени.Со првото отидов на преглед 6 прсти отворена и наредниот ден се отворив 10 прст и правец бокс. Високо беше бебето па ми се качи докторот на стомак да ме натиснува за побрзо да излезе. Второто исто 6 прсти отворена на преглед и се породив за 7 часа од преглед. Во двата случаи ми беше омекнато грлото на матката а и имам широка карлица но и докторите пред да ме качат на бокс ме проверија вагинално и потврдија дека природно ке си се породам.
Мамички имам едно прашање за сите вас кои што се породивте со царски Имено бремена сум 36+4и сега за сега планирам природно да се пораѓам ама според вашиве приказни гледам дека не секогаш излегува според планот Вчера во муабет со пријателка која е породена царски пред повеќе од 10г ми рече ако раѓаш царски никако да не прифаќаш спинална анестезија имала многу последици и ризици Според вашите искуства кај повеќето прочитав спинална анестезија дури и мислам немам прочитано некоја да родила со царски со целосна анестезија Ме интересираат вашите искуства
Јас бев со целосна анестезија. Ама не сум примила спинална па не можам да ти споредам. Ама ако не мораш царски, подобро ти е природно. Ги поминав двете и можам да кажам само-подобро и лош природен пороѓај отколку добар царски.
Мхм да @tari не се грижи воопшто за спиналната, јас бев со спинална куп познанички се породија со царски спинална и немаат никаков проблем со кичмата. Јас како исклучок од сите имав главоболки 10 дена после царскиот. Немав проблем со раната ни со кичмата ни ден денес ништо не ми е поминати се 3 години. Не мора да значи дека ќе бидеш царски, ама и да бидеш ништо страшно. Само биди смирена и со позитивна мисла. Со лесно
И јас пред 2 години се породив царски со спинална и до сега не сум имала никаков проблем. Првите месеци секако боли грбот, според мене тоа е од оптеретеноста на грбот од тежината на стомакот во бременост плус незгодната положба што ја заземаме со бебето на почеток. Се приметив и сама дека кога ќе го земев бебето се туткав неприродно, згрчена целата па затоа ме болеше грбот. Тоа беше само месец дена, после 2 месеци од царски секој ден по 8 саати на работа нон стоп во движење во чевли на штикла од 8 цм без никаков проблем.
Jas pominav dva carski prviot so celosna anestezija,vtoriot so spinalna. Definitivno so spinalna e mnogu podobro,a I opstata anestezija ima pogooem rizik od spinalnata. Od opstata dva dena nemozev pri sebe da si dojdam,so spinalnata nemav rakva Kaka,nitu povrakav nitu imav glavobolki. Kako sekoj organizam e razlicen, spored Mene spinalnata anestezija e so pomalku rizici od opstata
Да, да. Многу е подобро. Другарка со царски после 1-2 недели нормално си функционираше, а на мене ми требаа скоро 2 месеци за тоа. Со природниот има повеќе ризици за бебето, и тоа не можеш да го оспореш. Не дај Боже само да присуствуваш на тежок пораѓај кај што бебето го вадат полумртво со вакум, па анестезиолози го реанимират. Ќе видеш тогаш колку е подобро. За џабе не се оде на царски ако природниот не тргне како што треба.
Сум била под целосна анестезија и ми е едно од најтрауматичните искуства. Царски бев со епидурална анестезија која е иста како спиналната само можеш да мрдаш. Нема буквално ништо страшно, кога ми ја изгасија анестезијата како да не сум ја имала. Се надевам ќе имаш лесен и брз природен пораѓај, но и да дојде до царски само опушти се, не боли спиналната и за пола саат ќе гушкаш бебе. Со лесно.
So celosna Se odi samo dokolku ima seriozna povredna na nervite na polovinata ili na vratnite nervi,povredna na rbetot ili karlicata. Vo site drugi slucai Se odi so spinalna,osven vo mojot slucaj koga nemaa na odelenie spinalna pa mi stavija opera,ova vo Stop na ginekologija kade Sto e vistinski horor
Природен пороѓај-зборам за ситуации кои не се опасни по живот за мајката и за бебето. Природно се породив малку потешко и помачно, со карлично бебе, правена епизиотомија. 24 саати со болки. Царскиот беше поедноставен. За пола саат се беше готово. Е она што прави голема разлика е - опоравувањето после. Мене тие болки од природниот не ми се споредуваат со болките после царскиот. А на 90% жени околу мене породени со царски, во најголем дел причината е- не сакам да се мачам со болки, страв ми е и сл. Пошто ниедна жена на светов досега се нема породено
Кај секоја жена е различно. Баш опоравувањето кај мене одеше мнооогу тешко, скоро 2 месеци. Природниот пораѓај ми беше лесен, со 2 напони излезе, нормално имав болки пред тоа. А отпосле ми се инфицира епизиотомијата. Секоја вечер сум плакала од болки, страшна беше работата, се исплашив ептен и секакви црни мисли ми поминуваа низ глава.
И? Која е поентата на реченицата? Познавам две жени кои се породија царски по нивна желба во Чаир зашто се плашеа од болки. Скроз разбирам, нивно тело е, самите си знаат на што се спремни. Ова сум го слушнала од многу и стварно не ми е јасно зашто толку ви смета.
Меме ми е смешно кога баш тие што им ги полнат џебовите на докторите после трубат како царскиот бил многу тежок и како они се многу измачиле. Имам ваква блиска. Мене сега да ми кажат да бидам царски, со двете раце ќе потпишам. Подобро 5 дена во болки отколку 2 месеци
Ја сум спинал со двете. Траума од анестезиолог имам вториот пат која се испофали 30 год дека има искуство а уствари мене не можеше да ме погоди и не ме погоди. Дојде друга и од прва ме боцна. Ова у Систина со анестезиолог дојден од клиника тазе. Се изнафали у пм и за 2 сек се погази. Другарка моја примаше адреналин ради истата. Инаку немам фала богу последици. Слушам дека од целосна ептен боли глава, ама немам искуство. Со спинална топ минав не лажам мајке ми. Само да е нормален анестезиологот.